Скопје, 16.12.2019. За да го намали ризикот при одлучување за нов деловен софтвер во 2020та година, Логин Системи оформи услуга за демо користење на Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.
Оваа услуга е наменета за фирми кои имат потреба да го „пробаат“ стандардното решение Dynamics NAV / 365 Business Central со нивни или пробни податоци. Наместо да се користи светската верзија на сметководственото решение и деловниот систем, Логин Системи отвора специјално работно подрачје на фирмата со подесувања за македонските прописи (македонска локализација).
Целите на оваа услуга се да се проба интерфејсот на решението од сметководителот и едно клучно лице во организацијата и ќе може да се искнижат влезни фактури и да се фактурира кон купувачите. Во текот на еден месец ќе може да се прегледаат извештаите што доаѓаат со Dynamics NAV / 365 Business Central заедно со бараните македонски извештаи. Во зависност од потребите, фирмите ќе може да ги проверат и специфичните области како на пример, магацинското работење, човечките ресурси и платите, или производството.
Демо користењето ќе ја чини фирмата 350 евра во денарска противвредност плус ДДВ. После завршувањето на периодот на користење на демо инсталацијата, фирмата нема обврска да го купи решението од Логин Системи. Во случај на одлука за продолжување со процесот за набавка и набавка на ЕРП решение преку Логин Системи, Логин Системи ќе ги рефундира средствата од оваа услуга до 50%.
Повеќе информации за Демо користењето, нарачка како и преглед на другите услугите што ги нуди Логин Системи има на https://www.loginsystems.biz/product-page/dynamics-nav-365-business-central-Demo-1m.
Comentarios