Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на светски распространетиот Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.
Година на основање: 1991
Матичен број: 4267117
Даночен број: 4030991190695
ДДВ бр: MK4030991190695
За нас
Како фирма сме горди на нашите досегашни деловни активности и постигнувања. Започнавме како компјутерска училница за обучување на Windows, Word и Excel. Паралелно со тоа направиме софтвер за сметководствено работење кој го користеа неколку десетици фирми во 90тите.
Во втората половина на 90тите години ги поврзавме сите банки и Народната банка во еден систем за аукција на депозити. Исто така во 90тите години пред појавувањето на Интернет, направивме Инфо-изводи, систем и апликација за организациите за компјутерско преземање на изводи од Заводот за платен промет. Ова решение беше претставено на сајтот на Microsoft како иновативно решение рамо до рамо со неколку други меѓународни финансиски институции.
Првата декада од 21виот век Логин Системи прерасна во водечки регионален дистрибутер на брендови како што се Microsoft, HP, EMC, Nortel, Cisco Systems, Canon и редица други светски лидери во својата област. Како дополнување на дистрибуцијата во Македонија, Косово и Албанија, Логин Системи обезбедуваше услуги на сервис за HP, поставување на серверски системи базирани на Windows Server, SQL Server како и имплементирање на ERP системи базирани на Dynamics NAV.
Благодарение на напорната работа и успешните резултати, Логин Системи беше во ТОП200 најголеми компании во Македонија неколку години по ред.
КЛИЕНТИ
Визија, мисија и вредности
Денес Логин Системи се посветува на планирањето, изведбата и одржувањето на ERP деловни системи базирани на Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central. Во своето работење фирмата ги изгради темелните вредности какви што се интегритет и искреност, пасија и иновација, win-win решенија и социјална одговорност.
Од своето постоење до денес, Логин Системи се стреми секогаш да биде лидер во областа што ја работи.
Грижа за општеството
Покрај деловните активности, Логин Системи е активен учесник во општествените активности и како таква беше иницијатор за укинување на царините и намалување на данокот за софтвер и подоцна за компјутери. Менаџментот на Логин Системи е иницијатор и основач на асоцијацијата МАСИТ во 2000 година, со-основач и де-факто прво претседателско место во Сојузот на Стопански комори (2004) и иницијатор и основач на меѓународната невладина организација Македонија 2025.