Политика на приватност | Логин Системи
top of page

Скопје, 10.06.2018

Политика за приватност на www.LoginSystems.biz  

 

 

Сајтот www.LoginSystems.biz го одржува фирмата Логин Системи ДОО Скопје (“Логин Системи”). За нас, подеднакво е важно вашето задоволство од нашите производи и услуги како и заштитата на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓаме во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и ги собираме при користење на веб-сајтот на Логин Системи, како и некои од чекорите што ги преземаме за нивна заштита.

Ве молиме, внимателно прочитајте ја оваа Политика на приватност. До Политиката на приватност  можете да пристапите во секое време на веб-адресата www.LoginSystems.biz/PrivacyPolicy. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи прифаќање на оваа Политика на приватност. Доколку не се сложувате со условите во оваа Политика на приватност, Ве молиме да не го користите веб-сајтот. Оваа Политика на приватност не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, не ограничувајќи се на информации собрани офлајн и на веб-сајтови до кои се поставени линкови на веб-сајтот.

 

Применетата политика за приватност на Логин Системи се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија. Во електронска форма, пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб-сајтот на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (dzlp.mk).

Основни одредби

Сите лични податоци под контрола на Логин Системи се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.

Личните податоци под контрола на Логин Системи се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици.

Во случај на криминална истрага, Логин Системи се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или вебсајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Управување со личните податоци

Собирање и употреба

 

Ние не ги продаваме, изнајмуваме или ги споделуваме информациите собрани на оваа веб-страница на трети страни доколку, тоа не е потребно за извршување на некоја услуга која Вие ќе ја побарате.

При набавка на производ или услуга, ги користиме следните основни податоци:

  • Е-маил адреса

  • Име и презиме (опционално)

  • Лозинка (се чува во енкриптирана форма)

Покрај основните податоци, за членовите на форумот може да ги користиме и следните податоци:

  • Компанија

  • Адреса

  • Место

Дополнително, ги собираме историски податоците за сите ваши трансакции во работењето со нашиот веб сајт.

На е-маил адресата што сте ја оставиле како Ваша контакт-информација за newsletter или при нарачка периодично ќе Ви испраќаме информации и новости за нашите производи и услуги, како и промотивни информации за производите и услугите на нашите партнери, кои, исто така, може да бидат предмет на Ваш интерес. Вие може да побарате престанок на испраќањето  на овие пораки во кое било време.

Промена на личните податоци

 

Корисникот на сајтот на Логин Системи може да побара измена на основните податоци за корисникот преку праќање на барање за промена на емаил адресата support [на] LoginSystems.biz.

Измена на лозинка се прави со праќање на барање на горенаведената адреса при што операторот на LoginSystems.biz ја ресетира лозинката и праќа емаил со линк за да може корисникот да ја измени лозинката.  

Заштита на личните податоци

 

Ние се стремиме да ги заштитиме вашите лични податоци и да се спречи злоупотреба или измена на информациите што ги собираме од нашите корисници. Политиката за приватност објавена на оваа веб-страница се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија. Во електронска форма, пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од вебстраницата на Дирекцијата за заштита на лични податоци на Република Македонија (dzlp.mk).

 

Оваа веб-страница гарантира дека од наша страна е овозможена целосна безбедност на Вашите лични податоци, но не можеме да гарантираме дека безбедносните мерки ќе спречат трети страни од нелегално прибирање на личните податоци.

Откривање на податоците

 

Ние го задржуваме правото на откривање на Вашите лични податоци во случаи кога тоа се бара по закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита на нашите бизнис интереси и интересите на нашите корисници.

Користење колачиња (кукија)

Cookies (кукија или колачиња) се мали фајлови со текстуални податоци, коишто може да бидат снимени на вашиот хард диск (или друг тип на трајна меморија во вашиот уред кој користи веб прелистувач) од страна на некои од веб-страниците кои ги посетувате. Нашиот веб-сајт користи ’cookies‘ со цел следење на трансферот и начинот на испорака на услугите до нашите корисници и анализа на податоците на корисниците за статистички цели. ’Cookies‘ што ние ги користиме не овозможуваат пристап до личните податоци од трета страна.

На нашиот сајт се користат два типа на колачиња: „аналитички“ (есенцијални) и „одржување-на-сесијата“ колачиња. Тие ни овозможуваат да ги препознаеме и да го броиме бројот на посетители и да гледаме како посетитителите се движат низ сајтот. Овие колачиња ни помагаат да го подобриме начинот на кој работи нашиот сајт, на пример, со овозможување на лесно пронаоѓање на потребните информации или услуги.

 

Нашиот веб сајт ќе креира колачиња во моментот кога ќе го посетите нашиот веб сајт (во ваков случај, колачето е фајл без текст) или кога ќе го активирате нашиот модул за преглед на видео содржина (во ваков случај колачето содржи текст). Освен основните колачиња, рокот на сите други колачиња истекува после 30 денови.

 

Во случај да не сакате да ви се креираат колачиња, можете да изберете два начина:

  • Вие можете да ги блокирате колачињата со активирање на подесувањето во вашиот веб прелистувач за одбивање на сите колачиња или само некои колачиња.

  • При посетата на нашиот сајт, ќе ви се отвори прозорец во кој ќе наведете дали сакате да ви се креира колаче. Ако не сакате, можете да одговорите соодветно при што рокот на така креираното колаче истекува веднаш. Ако одговорите потврдно, тогаш ви се креира колаче.

 

Ви напоменуваме дека ако ги блокирате сите колачиња (вклучително и основните) вие нема да може да пристапите на дел или на целиот наш сајт.

 

Нашите партнери и огласувачи може да користат свои ’cookies‘ кои ние не ги контролираме и се оградуваме од можните злоупотреби на личните податоци собрани преку ’cookies‘ на други веб страници.

Во случај персоналот на Логин Системи да има сознанија дека неговите екстерни компоненти (модули) поставуваат и дополнителни колачиња, нивното однесување ќе биде дополнително наведено во овој оддел на политиката за приватност.

Линкови до други веб страници

 

Нашиот веб сајт содржи и врски (линкови) до други страни. Ние не сме одговорни за содржините на страните до кои има врски, ниту, пак, за врските на страните до кои има линкови. Ние не сме одговорни за каков било пренос на податоци кој настанал со страницата до која има врска. Ставањето на линкот на интернет-страницата во никој случај не значи дека ние ги поддржуваме или ги прифаќаме ставовите и гледиштата објавени на тие страници.

Серверски логови

 

Нашиот веб-хостинг провајдер води логови на неговиот сервер за веб-сајтот на Логин Системи во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и евентуално преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.

Според важечките прописи во РМ, правните лица кои обезбедуваат интернет-услуги се должни да ги чуваат податоците за сообраќајот (содржани во серверските логови) минимум 12 месеци по нивното создавање, со цел да бидат на располагање на соодветните истражни органи, во постапка регулирана со закон.

 

Хостинг сервисот за веб-сајтот Логин Системи (www.LoginSystems.biz) го обезбедува американска компанија Wix, со седиште во Тел Авив, Израел и канцеларии во САД и другите земји, котира на берзата NASDAQ во Њујорк под ознаката WIX, веб адреса: www.wix.com; е-пошта pr [на] wix.com.

Екстерни бројачи на посети

 

Заради зголемена транспарентност и споредбени анализи, веб-сајтот на Логин Системи користи екстерен бројач на посети, Гугл аналитикс, обезбеден од компанијата Google од САД кој е под јурисдикција на законите во САД. Комуникација со екстерните бројачи се остварува со вметнување код обезбеден од нивна страна во страниците на веб-сајтот на Логин Системи. При вчитување таква страница кодот се активира, со што на екстерниот бројач му обезбедува пристап до следните податоци за посетителите: IP адреса, прегледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од бројачите.

 

Резултатите од бројачот Гугл аналитикс не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи. Политиката за приватност на Гугл е достапна на веб-адресата http://www.google.com/privacy.html.  

Е-пошта и мејлинг-листи

 

Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон, фотографии итн.

 

Преписката со персоналот на Логин Системи во која било форма станува дел од документарниот материјал кој Логин Системи како организација е обврзана, во зависност од карактерот на преписката, да го чува од 1 до 5 години, врз основа на Законот за архивски материјал (Сл. Весник на РМ бр. 95/2012) и Уредбата за канцелариско и архивско работење од 03.01.2014 објавена во Сл. Весник на РМ бр. 01/2014.

Запишувањето на мејлинг-листите на Логин Системи е исклучиво на доброволна основа. Согласноста на членовите се обезбедува преку автоматско барање потврда за запишување во мејлинг-листата по внесувањето на нивната адреса за е-пошта во списокот преку веб-сајтот.

 

Членовите на мејлинг-листите имаат можност во секое време да се откажат од членството преку соодветен автоматски механизам, преку кликнување линк, кој е наведен во секоја порака за е-пошта од листите, или преку контактирање на персоналот на Логин Системи во која било форма.

Ослободување од одговорност

 

Логин Системи не прифаќа каква било одговорност за штетите што настанале при склучување договор, водење судска постапка или друго, доколку штетата настанала поради користење или неможност за користење на страницата или поради одлука која била донесена како резултат на посета на страницата. Со исклучок на материјалите кои се од правен карактер (како закони, правилници, упатства, решенија, конвенции, препораки, пресуди и сл. – доколку има такви), останатите материјали претставуваат наши гледишта и ставови – тие не се правен или стручен совет.

Промени во Политиката за приватност

 

Го задржуваме правото да вршиме какво било изменување или дополнување на Политиката за приватност и/или условите за користење во кое било време, а таквото изменување или дополнување стапува во сила со самото објавување на веб страна на Логин Системи.

Контакт

 

За сите прашања поврзани со Вашите лични податоци складирани од страна на Логин Системи обратете се директно до канцеларијата преку која било од стандардните можности за контакт.

 

Логин Системи ДОО Скопје
ул. „Никола Русински“ бр. 15 локал 14, 1000 Скопје, Македонија
е-пошта: info [на] LoginSystems.biz

bottom of page