
Поддршка за Business Central
Професионална, сигурна и брза поддршка за вашата Business Central околина
Без разлика дали вашата Business Central имплементација е направена од Логин Системи или од друг партнер – вашиот ERP систем заслужува стабилна, сигурна и навремена поддршка.
Нашиот тим обезбедува структуирана, SLA‑гарантирана поддршка која ги следи најдобрите практики и потребите на современите македонски компании.
Зошто да не' изберете за поддршка?
✔ Повеќе од 20 години искуство со Microsoft ERP
Нашиот тим има длабоко познавање на Business Central, локалниот пазар, законската регулатива и интеграциите што ги користат македонските компании.
✔ Најголем сет на сертифицирани македонски апликации
Овозможуваме комплетна локализација, напредни процеси, банкарски формати, ДДВ логика, извештаи и интеграции - сите редовно одржувани и усогласени со локалните правила.
✔ Поддршка и за компании кои не сме ги имплементирале ние
Голем број организации ни се приклучуваат по имплементација од друг партнер.
Нудиме почетна анализа, предавање на документација, техничко преземање и стабилизација на системот.
✔ Транспарентни SLA пакети
Јасни услови, дефинирани часови, дефинирани инциденти, гарантирани рокови за реакција и дополнителни услуги - сето тоа опфатено во нашите месечни планови.
SLA пакети за поддршка
Секој бизнис има различни потреби, затоа создадовме повеќе јасно дефинирани SLA пакети кои овозможуваат вистинска рамнотежа помеѓу цена, обем и брзина на реакција. Со нив добивате сигурен партнер кој се грижи за стабилноста и развојот на вашиот ERP систем.
Комплетната SLA спогодба (со полните услови, опфат, ограничувања и обврски на двете страни) ја доставуваме по ваша писмена или електронска најава. Ве покануваме да ги оставите вашите контакт податоци за да ја добиете официјалната документација.

Поддршка по повик
85
За фирми кои сакаат поддршка од случај до случај
Valid for one week
Еднократна услуга
Време на одзив во зависност од расположивоста
Времетраење: 60 мин

Почетник / Starter
150
Every month
За мали тимови со 1 - 2 корисници.
Valid for 12 months
+ 30 day free trial
Време на одзив: 48 работни часови
Вкупно часови: 2
Број на инциденти: 2
Поддршка преку е‑пошта

Најпопуларно
Јадро / Core
300
Every month
За компании кои секојдневно работат во BC, до 5 корисници.
Valid for 12 months
Време на реакција: 48 работни часови
Вклучени часови: 5
Број на инциденти: 5
Е‑пошта + пристап до дедициран форум/група
Поддршка за SaaS и хостиран-од-Логин-Системи BC

Плус / Plus
600
Every month
За растечки компании со потреба од понапредна грижа.
Valid for 12 months
Време на одзив: еден работен ден
Вкупно часови: 10
Број на инциденти: 10
Е‑пошта + пристап до сигурен форум/група
Поддршка за SaaS, LS‑Hosted и Client‑Hosted
Опционален тест‑систем
Што поддржуваме?
✔ Business Central SaaS и On‑Prem
Вклучително и системи хостирани кај клиент, кај нас или на Microsoft.
✔ Македонска локализација (LSM)
Сметководство, ДДВ, банкарски формати, извештаи, УЈП процеси.
✔ Наши екстензии и развој
Официјални апликации, вертикални решенија и сите LSM додатоци.
✔ УЈП е‑Фактура (API и Gateway)
Полн обем на поддршка за нашите решенија за е‑Фактура.
Поддршка за компании кои доаѓаат од друг провајдер
Вашиот Business Central може да го преземеме без оглед кој го имплементирал.
Процесот вклучува:
-
Почетна техничка анализа
-
Преглед на прилагодувања
-
Преглед на интеграции
-
Документација и пренос на знаење
-
Стабилизација на околината
-
Опционални оптимизации
Се применува еднократна такса за онбординг согласно комплексноста.
Како функционира поддршката?
1. Пријава на тикет (24/7)
Тикети може да се поднесат во секое време по е‑пошта или преку портал.
2. Гарантиран рок за реакција
Во зависност од пакетот (1 или 2 работни дена).
3. Анализа и решавање
Го дијагностицираме проблемот, обезбедуваме решение или препорака.
4. Одржување и ажурирања
Вклучува CU ажурирања, upgrade‑и, здравствени проверки и тест‑средини според пакетот.
Пoбарајте SLA спогодба
За да ги добиете целосните услови, точниот опфат, роковите за реакција и деталите за избраниот SLA пакет, ве покануваме да ја пополните формата десно/подолу.
Нашиот тим ќе ви ја испрати комплетната SLA документација заедно со персонализирана понуда.