Chart of Accounts
top of page

Сметковен план

Листа на класи, групи и синтетски сметки од сметковниот план

0

КЛАСА 0 НЕТЕКОВНИ СРЕДСТВА

00

НЕМАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА

На сметките од групата 00 - Нематеријални средства, се евидентираат вложувањата во одредено нематеријално средство без физичка содржина кое служи за производство или испорака на стока или услуги, за изнајмување на други лица или се користи за административни цели. Нематеријалните средства се признаваат и се вреднуваат во согласност со МСС 38, МСС 36, МСФИ 3 и други релевантни МСФИ и во согласност со одделите 18, 19 и 27 и други релевантни оддели на меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

000

Издатоци за развој

На сметката 000 - Издатоци за развој се евидентираат издатоците за развој на технологија, производи и материјали чии ефекти се очекуваат во период подолг од една година, како што се: издатоците за дизајн, конструкција тестирање на прототип и модели, издатоци за дизајн на алати, калапи, направи, модули и нова технологија на производни процеси; издатоци за развој на производи, примероци, рецептури; издатоци за развој на пазар, издатоци за развој на услуги и издатоци за истражување на минерални ресурси.

001

Гудвил (Goodwil)

На сметката 001 - Гудвил (Goodwill), се евидентира вишокот на набавната вредност во однос на интересот на стекнувачот во објективната (фер) вредност на стекнатите идентификувани средства и обврски на датумот на стекнување и врз основа на деловни комбинации.

002

Концесии, патенти, лиценци, трговски и услужни марки

На сметката 002 - Концесии, патенти, лиценци, трговски и услужни марки се евидентираат вложувања во концесии за ресурси, патишта, риболов, лов, сообраќајни линии, и друго; вложувања во патенти и технологија, иновации, техничка и технолошка документација за производство на производи или за давање услуги; вложувања во лиценци и франшизи; трговски марки, индустриски права, маркетиншки права, услужни марки и слични права.

003

Софтвер и останати права

На сметката 003 - Софтвер и останати права, се евидентираат вложувањата во компјутерски софтвер; вложувањата во интернет страници и останатите долгорочни нематеријални права, како: вложувањата во авторски и други права за користење, вложување во знаења (кnow-how) и дизајн; вложување во права за репродуцирање на филмови и слично, за објавување во издаваштвото и слично; вложување во долгогодишно право на користење согласно договор; заложни права и хипотеки (реализирани) и останати долгогодишни права.

005

Аванси за набавка на нематеријални средства

На сметката 005 - Аванси за набавка на нематеријални средства, се евидентираат дадените аванси за стекнување на сите облици на нематеријални средства.

006

Нематеријални средства во подготовка

На сметката 006 - Нематеријални средства во подготовка, се евидентираат сите облици на нематеријални средства од денот на вложувањето до денот на нивното активирање на некоја од сметките на групата 00.

007

Останати нематеријални средства

На сметката 007 - Останати нематеријални средства се евидентираат филмовите, музичките записи, долгорочниот надомест за право на градење, премин и слично и останати неспоменати нематеријални средства.

008

Вредносно усогласување на нематеријални средства

На сметката 008 - Вредносно усогласување на нематеријалните средства се евидентира пресметаното вредносно усогласување на сите облици на нематеријални средства. Друштвото обезбедува аналитичка евиденција по основните сметки од оваа група на сметки.

bottom of page