Алатки за миграција на податоци | Логин Системи
top of page

Алатки за миграција на податоци за Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central

Понеси си ги податоците од твојот стар систем во новото модерно ЕРП решение

Го олеснуваме преминот кон нов систем за сметководство и деловно работење 

Надградбата од Dynamics NAV 2009 на најновите верзии Dynamics NAV 2018 или Microsoft Dynamics 365 Business Central може да биде многу сложен и долготраен процес. Ако решението во Dynamics NAV 2009 содржи многу кастомизации и дополнителни полиња, тоа може да биде многу отежнувачка мисија.

Типичен приод кон надградба на ERP систем

Типичен приод кон надградба на ERP систем

Типичен начин на надградба на решенија базирани на NAV 2009 е да се користат чекорите што се препорачани од Microsoft преку надградба на апликацискиот код и податоците верзија по верзија. Тоа се прави со неколку чекори и многу пот-чекори. 

Приод преку мигрирање само-на податоците

Логин Системи разви начин на надградба на претходните верзии од Dynamics NAV преку пренос само на податоците кон најновите верзии на Microsoft Dynamics NAV или Microsoft Dynamics 365 Business Central.

 

Со овој приод компанијата ќе има чиста верзија на Dynamics NAV / 365 и ќе може да ги надгради само неколкуте хоризонтални кастомизации или надополнувања. Бидејќи се инсталира чиста нова верзија од ЕРП решенито, компанијата ќе може едноставно да постави нови вертикални модули од различни производители на софтвер.

Приод преку мигрирање само-на податоците (Логин Системи)

Придобивки од начинот на миграција со Логин Системи

Со користењето на алатката за миграција на податоците од Логин Системи некои корисници на домашен софтвер или други ЕРП решенија (Sage, Oracle, и др.) може да мигрираат на најновите технологии за ЕРП од Microsoft. Сега главната пречка за премин кон Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central може да се изведе со овие алатки и да се зачуваат битните информации од претходниот систем. 

Алатките на Логин Системи се веќе испробан концепт!

Процес на миграција на подтоците

Процес на миграција

Прво ја анализираме податочната структура на постоечкото решение што треба да се надгради. Со компанијата зборуваме која информација е задолжителна, што е пожелно, а што не треба да се префрлува.

 

Потоа го дизајнираме решението со алатките за миграција. 

Следен чекор е изведба на трансферот на податоци чекор по чекор (ставки во главна книга, листи и регистри/налози за книжење). Овој чекор се изведува во неколку часови или денови и зависи од големината на базата и бризната на компјутерската мрежа од едниот сервер до другиот. 

Обрати ни се за консултации и повеќе информации.

bottom of page