top of page
Имплементација на Business Central - стабилно, прецизно и усогласено
Имплементацијата на Business Central е централната активност во секој ERP проект и претставува основа врз која се надградуваат сите други решенија - миграција на податоци, интеграции и поддршка.
Затоа имплементацијата ја третираме како структуриран, методолошки процес со јасен обем, одговорности и контроли, а не како техничка инсталација или конфигурација „по потреба“.
Зошто имплементација со Логин Системи?
Македонска локализација
Сметководство, ДДВ, банки, извештаи и УЈП процеси - изградени врз реални сценарија.
Проверена методологија
Чекор‑по‑чекор процес со јасен обем, без непланирани изненадувања.
Повеќе од 20 години искуство
ERP имплементации, интеграции и поддршка за компании од различни индустрии.