Апликација LSM e‑Фактура API: интерфејс, функционалности и објаснувања
Оваа страница ви овозможува целосен увид во интерфејсот и можностите на LSM e‑Фактура апликацијата. Прегледајте екрани, објаснувања и кратки работни сценарија кои покажуваат како апликацијата ви помага да ги подготвите, валидирате и испраќате e‑фактурите до УЈП.
Целта е да добиете јасна слика како решението функционира пред да го имплементирате.

Контролен панел за е‑Фактура во Business Central
Ова е главната, почетна страница во Business Central специјално прилагодена за работа со е‑Фактура кон УЈП. Преку неа, корисниците добиваат целосен оперативен увид во статусите на фактурите, процесите на синхронизација и сите клучни активности поврзани со електронското фактурирање. Контроланта табла нуди: 📊 Преглед на сите статуси на е‑Фактури: нови, подготвени, потпишани, испратени, прифатени, одбиени или неуспешни 📅 Дневни активности: фактури испратени, прифатени или одбиени во текот на денот 🔄 Увид во API синхронизацијата со УЈП: влезни/излезни редици, тековни процеси, грешки и обработени записи 🗂️ Брз пристап до сите важни шифрарници: купувачи, подружници, земји, валути, типови документи, типови плаќања, даночни групи и индикатори ⚙️ Пристап до административни поставки: конфигурација на е‑Фактура, избор на провајдер (тест/живо), API крајни точки, CRUD операции и закажани задачи Овој контролен панел им овозможува на компаниите да реагираат навремено, да следат сè во реално време и да обезбедат дека секоја електронска фактура е успешно испратена и обработена од УЈП.


Шифрарници - интеграција со шифрите на УЈП и нивно мапирање во Business Central
Business Central автоматски ги превзема и одржува шифрарниците објавени од УЈП преку API, како што се типови документи, даночни групи, валути, земји, видови на плаќање и други потребни кодови за е Фактура. Со ова, корисниците работат со конзистентни, валидни и секогаш ажурирани податоци - без рачно одржување или ризик од неусогласеност. Шифрарниците во Business Central: 🔁 Се синхронизираат автоматски со најновите податоци од УЈП 🗂️ Имаат унифициран кориснички интерфејс, сите листи изгледаат и функционираат исто 📘 Содржат опис, шифра, валидност и статус за секој запис 🔄 Го прикажуваат API статусот и дали записот е ажурен ⚙️ Дозволуваат преглед на логови, редици на чекање и детали за интеграцијата (корисно за администратори и ИТ тимови) Благодарение на ова стандардизирано искуство, корисниците лесно се снаоѓаат без разлика дали работат со документ типови, даночни индикатори или други шифрарници - процесот секогаш е ист. 👉 Пример: API типови на плаќања 👇 Страницата за API типови на плаќање е само еден пример за тоа како изгледа работата со шифрарниците превземени од УЈП. Таа прикажува: 📝 Шифра и опис на секој тип на плаќање 🕒 Информација за валидност (Valid From / Valid To) 🟢 Статус на синхронизација и визуелен индикатор 🔍 Последна порака од провајдерот УЈП 🔁 Опции за автоматско преземање и ажурирање преку API 🔗 Линк кон оригиналните шифрарници во Business Central: методи на плаќање и услови Овој пример ја илустрира истата унифицирана логика што важи за сите останати шифрарници што Business Central ги одржува преку интеграцијата со УЈП.

