top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Мобилен и веб пристап до ERP во Македонија: зошто е важен денес

MSD365BC.png

Pantheon наспроти Business Central: Кој ERP ќе го води вашиот бизнис во 2025?

MSD365BC.png

Дали вашиот ERP ве кочи? 5 знаци дека е време за промена

MSD365BC.png

Летна кампања за поддршка на македонски компании во нивната ERP трансформација

информација

press release

МК локализација

Онлајн конвертор: Шест комбинации на конверзија на текст од MK фонт/латиница во кирилица и обратно

Логин Системи изработи и постави за користење Онлајн конвертор за текст од МК фонт или латиница во кириличен текст.

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif

СКОПЈЕ, 11.10.2020 --- Логин Системи, софтверски провајдер на сметководствени и деловни решенија со Microsoft Dynamics 365 Business Central, објавува дека изработи и постави за користење Онлајн конвертор за текст од МК фонт или латиница во кириличен текст. Со конверторот се можни и обратните операции - од кирилица во латиница.


Со онлајн конверторот се можни 6 различни комбинации и тоа три за конвертирање во кириличен текст со системска поддршка и три од кириличен текст во латиничен текст.


Конверзија од латиница во кирилица


Ф -> К. Од македонски фонт во кирилица

Л -> К. Од одомаќена латиница во кирилица

Л2 -> К. Од официјална латиница во кирилица


Конверзија од кирилица во латиница


К -> Ф. Од кирилица во македонски фонт

К -> Л. Од кирилица во одомаќена латиница

К -> Л2. Од кирилица во официјална латиница.


Овие опции на конверторот може да се користат на страницата со адреса www.loginsystems.biz/konvertor.


Страната на која се користи онлајн конверторот
Страната на која се користи онлајн конверторот

Мотивацијата за создавање на онлајн конверторот е во фактот што постои потреба од конверзија на текстови од латиница во кирилица и обратно.


„... Мислев дека оваа алатка (н.з. ЛС КонвертМак изработена во 1998 година) ќе се користи пар години. Не повеќе. Ни на сон не сум помислил дека и денес, после 20 години, има корисници што го преземаат овој ‘програм’ од нашиот сајт и дури бараат верзија или упатство за Office 365.“ напиша на фејсбук страната на Венко Глигоров за време на пробната фаза од онлајн конверторот.


„Тоа некако ме иницираше и се мотивирав да направам онлајн (веб) конвертор за текст од латиница или кириличен фонт во текст со кирилична, македонска, поддршка. Како бонус, ставив и обратна опција, од кирилица во латиница.“


Фејсбук статус на страната на Венко Глигоров



Онлајн конверторот е бесплатен и е претежно наменет за оние кои не користат Microsoft Word или конвертираат текст на мобилен уред. За документи и подолги текстови пропратени со графика и табели, на корисниците им е овозможен ЛС КонвертМак за Microsoft Word. Со воведувањето на онлајн конверторот се покриваат сите области - Microsoft Word и nonWord.



Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page