top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

press release

е-Фактура

Успешно одржан мастерклас за е Фактура УЈП - најавена нова обука на 21 мај

📌 Резиме од мастерклас обука за е‑Фактура УЈП со фокус на законска усогласеност, ERP имплементација во Business Central, реални примери од пракса и интерактивна сесија прашања и одговори. 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif
  • 1 day ago
  • 2 min read

Скопје, 17.04.2026. Вчера успешно се одржа онлајн мастерклас обука на тема е‑Фактура УЈП: од обврска до успех во пракса, наменета за компании, сметководители и ИТ професионалци кои се соочуваат со практичните аспекти на законската усогласеност и имплементацијата на е‑Фактурата во секојдневното работење.


Резиме од мастерклас обуката


Обуката беше фокусирана на реалната примена на барањата за е‑Фактура според УЈП, со конкретни примери и практични насоки за нивна имплементација во ERP системи.


Учесниците имаа можност да се запознаат со:


  • Законските обврски и регулаторните барања за е‑Фактура, вклучувајќи клучни појаснувања и најчести нејаснотии што се појавуваат во пракса

  • Практична ERP имплементација, со примери на интеграцијата на е‑Фактурата во Microsoft Dynamics 365 Business Central

  • Реални примери од секојдневното работење, како и типични грешки и препораки за нивно навремено избегнување. Се користеше Postman како алатка.

  • Интерактивна сесија Прашања и одговори, каде што беа обработени конкретни ситуации и случаи поставени од учесниците


Мастеркласот уште еднаш потврди дека е‑Фактурата не треба да се гледа исклучиво како формална обврска, туку како можност за подобрување на процесите, зголемена транспарентност и подобра контрола во финансиското работење.


Нова мастерклас обука: ажурирања и практични појаснувања - 21 мај


Следната мастерклас обука на 21 мај се организира со цел да ги опфати најновите развои, промени и појаснувања поврзани со е‑Фактурата од страна на УЈП, како и да одговори на потребите на компаниите кои неодамна се информирале за обврските поврзани со е‑Фактурата.


Овој термин е наменет за:


  • организации кои допрва започнуваат со подготовка за е‑Фактура

  • компании кои сакаат да ги усогласат своите ERP процеси со актуелните барања

  • сметководители и финансиски тимови кои бараат јасни, практични насоки

  • сите што имаат конкретни прашања поврзани со сопственото работење


Како и досега, обуката ќе биде практична и насочена кон реални сценарија, со доволно време предвидено за прашања и одговори и размена на искуства.


👉 Регистрацијата за мастеркласот на 21 мај е отворена. Бројот на учесници е ограничен со цел да се задржи интерактивниот и практичен карактер на обуката.

 

е‑Фактура за УЈП: Од обврска до успех во пракса
21 мај 2026, 13:30 – 16:30 CESTМастерклас обука на Логин Системи
Дознај повеќе и пријавување

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page