Картичка на производ

Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central и услугите на Логин Системи - победничка комбинација за твојата организација
Dynamics NAV / 365 Business Central - Демо инсталација (1 месец)

Dynamics NAV / 365 Business Central - Демо инсталација (1 месец)

€350,00 Regular Price
€195,00Sale Price

Наменето за фирми кои имат потреба да го „пробаат“ стандардното решение Dynamics NAV / 365 Business Central со нивни или пробни податоци. Логин Системи ќе отвори работно подрачје со подесувања за македонските прописи (македонска локализација).

  • ЦЕЛИ

    • Да се проба интерфејсот на решението од сметководителот и едно клучно лице во организацијата
    • Да се искнижат влезни фактури и да се фактурира кон купувачи
    • Да се прегледаат извештаите што доаѓаат со Dynamics NAV / 365 Business Central заедно со бараните македонски извештаи
    • Да се провери како работи магацинското работење

     

  • ИСПОРАКИ

    • Инсталација на серверско решение и креирање на една компанија
    • Инсталација на една Windows апликација и подесување за пристап
    • Подесување на два корисници (Еден целосен клиент и еден лимитиран клиент)
    • Можност за пристап и користење преку веб
    • Можност за користење преку мобилен телефон Android или iPhone
    • Максимално 2 часови техничка поддршка во текот на периодот
    • Пристап до заштитениот сајт на Логин Системи за корисници

     

    Забелешка

    Нема потреба од набавка на лиценца за демо инсталацијата.

     

  • ПРЕТПОСТАВКИ И ОГРАНИЧУВАЊА

    Услугата се однесува во моментот само за Microsoft Dynamics NAV 2018. Наскоро ќе поставиме и за Microsoft Dynamics 365 Business Central.

  • УСЛОВИ

    После завршувањето на периодот на користење на демо инсталацијата, фирмата нема обврска да купи решение од Логин Системи.

     

    Во случај на одлука за продолжување со процесот за набавка и набавка на ЕРП решение преку Логин Системи, Логин Системи ќе ги рефундира средствата од оваа услуга до 50%.

     

    Плаќањето на услугата е 100% однапред.

     

Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот.
 
Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија).
Потсетување: Порано Dynamics NAV се викаше Navision, а најновиот назив е Microsoft Dynamics 365 Business Central.

Ако поинаку не е наведено, цените се без влучен ДДВ кој изнесува 5% за софтверот, а 18% за услугите. Го задржуваме правото на промена на цените или производите без претходна најава. 

Сакаш помош? Избери од нашите консултантски услуги и воспостави брзо ERP систем во твојата организација.

color_logo_transparent_2x.png

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

Од своето постоење до денес, Логин Системи е секогаш лидер во областа што ја работи. 

Сподели:
LSLogoTransparentWOSlogan