top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

блог

Microsoft Dynamics NAV или Dynamics 365 for Financials (Business Edition)

Дилема за менаџерите и сопствениците: со која верзија да се почне градењето на ERP системот во организацијата Со новите развојни...

пишува:

Angel Face

Автор

27.12.2021

Notebook and Fountain Pen

категории

Microsoft Dynamics NAV или Dynamics 365 for Financials (Business Edition)

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

Новини во управувањето со складишта (Business Central 2023 release wave 2)

MakasIT.gif

Дилема за менаџерите и сопствениците: со која верзија да се почне градењето на ERP системот во организацијата


Со новите развојни платформи на Microsoft од едицијата Dynamics NAV 365, потенцијалните корисници на ERP системите на Мајкрософт се наоѓаат во одредена дилема - дали да разгледуваат Dynamics NAV 2017 или Dynamics 365 Business Edition.

Историјат и програмски код

За да добиеме појасна претстава, добро е да се запознаеме со историјатот на двата софтверски пакети за ERP работење.

Dynamics NAV започна како NAVISION направен од данска фирма во 1987 година. Од 2002 година NAVISION преминува во Мајкрософт за да во 2005та година го добива денешното име - Microsoft Dynamics NAV.

Dynamics 365 for Financials Business Edition се појавува неодамна и во суштина, тоа е поедноставена верзија на Dynamics NAV наменета само за користење во "облак".


Развојна патека на Dynamics NAV и Dynamics 365 - Business Edition

Од развојната патека на Мајкрософт може да се види дека Мајкрософт продолжува да ги развива Dynamics NAV и Dynamics 365. Сепак, определбата е програмскиот код да биде ист помеѓу овие два пакети.


Програмскиот код е ист

Двата пакети делат ист програмски код, сместувањето на податоците е различно

Ако корисникот сака да работи во "облак" може да избере Dynamics 365. Од друга страна Dynamics NAV може да се инсталира на сопствен сервер или на хостиран (виртуелен) сервер надвор од просториите на корисникот.

Место на сместување на програмскиот код и податоците

Поради местото на сместување на програмските код и податоците, доаѓа до првата поголема разлика меѓу Dynamics NAV и D365.

Dynamics 365 е поставен во "облакот" таков како што е без можности за директно прилагодување. На располагање на корисниците им останува да набавуваат проширувања преку Microsoft AppSource - онлајн дуќанот за апликации на Dynamics 365 на Мајкрософт.

Dynamics NAV има бројни опции за прилагодувања на софтверот на потребите на корисникот поради тоа што Dynamics NAV е сместен на сервери. Самата софтверска архитектура овозможува директно да се прилагодува софтверот на потребите на корисниците.

Лиценцирање

Во поглед на лиценцирањето, лиценцата на Microsoft Dynamics NAV се набавува или како трајна (анг. perpetual) или по пат на рентање (анг. subscription).

Самото решение Dynamics NAV доаѓа во две пакувања: стандардно и напредно (или Starter Pack и Extended Pack следователно). Некои корисници имаат потреба само од Starter Pack, а некои корисници имаат потреба од стандардните функционалности плус производство, сервис и други напредни опции и затоа покрај Starter Pack се одлучуваат и на Extended Pack.

Лиценцирањето кај Dynamics 365 се сведува само на месечна претплата, а методот е секој потенцијален корисник на Dynamics 365 во организацијата треба да има лиценца.

Македонска локализација

Стручниот тим на Логин Системи го прилагоди Dynamics NAV за да ги задоволува македонските прописи и стандарди во сметководството и деловното работење (се нарекува македонска локализација).

Dynamics 365 Business Edition нема поддршка за македонските прописи и со тоа практично неговата употреба во Македонија е неприменлива. Инаку Microsoft не ги објавил плановите за македонска локализација на D365 и според моите сознанија нема да има МК локализација во наредните 3 години. Моментално, Dynamics 365 Business Edition има локализациска и јазична поддршка за САД и Канада, од скоро има и за некои земји во Европската унија.


Споредбена табела Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Edition

Споредбена табела Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Edition

Споредбената табела покажува кои се разликите помеѓу овие два слични ERP пакети.

Развојна патека и одлука за Македонските корисници

Ако организацијата не сака да ги остава своите деловни податоци во "облак" или на надворешен хостиран сервер, единствена опција е Dynamics NAV 2017 со трајна лиценца или со месечно рентање.

Оние организации што сакаат да имаат Dynamics NAV 365 Business Edition може да почнат веднаш со Dynamics NAV 2017 на хостиран сервер со Логин Системи, некој од локалните провајдери на виртуелни сервери или со Microsoft Azure. Кога D365 ќе биде расположив за Македонија, може да направи префрлување на решението и податоците од NAV на Д365.

За најголемиот број од македонски корисници најверојатно флексибилноста на Dynamics NAV и неговото интегрирање со други апликации и податоци ќе биде пресудна да го користат Dynamics NAV во наредните години што следуваат.

За крај, дилемата е разрешена: може да се почне веднаш со Dynamics NAV 2017 како целосно ERP и CRM решение со македонска локализација. "Утре", кога D365 ќе има македонска локализација, а организацијата реши да ги префли податоците во "облак" - може да се премине многу побезболно на Dynamics 365 Business Edition.

 

Enterprise Resource Planning, скратено ERP, е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се продажбата и маркетингот, магацинското работење, набавките и испораките, кадровата евиденција, планирањето и анализата на производството како и сервисот.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

0 comments

Comments


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page