top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

MSD365BC.png

е-Фактура во пракса: Што научивме на мастерклас обуката и како компаниите можат да бидат подготвени

MSD365BC.png

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

MSD365BC.png

Како изгледа е-Фактура од УЈП преку API. Како компаниите ќе ги користат повратните податоци од УЈП

press release

Форум за стратегија и менаџмент

📌 | Во недостиг на доволно свежи локални содржини и примери за стратегија и нејзина изведба ... | Скопје, 07.03.2017. Денес, Логин... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Мастерклас обука за е-Фактура: втората тест фаза на УЈП во пракса

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

Успешно одржан мастерклас за е Фактура УЈП - најавена нова обука на 21 мај

Нова верзија на Business Central 28, подготовката на македонската локализација е во тек

е-Фактура во пракса: Што научивме на мастерклас обуката и како компаниите можат да бидат подготвени

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

Како изгледа е-Фактура од УЈП преку API. Како компаниите ќе ги користат повратните податоци од УЈП

УЈП објави резултати од пилот фазата на е‑Фактура: Што значи ова за компаниите?

Masterclass обука: е-Фактура за УЈП - од обврска до стабилен процес што функционира

Започнува серија одобрени обуки за е‑Фактура (УЈП) за сметководители - континуирана професионална усовршеност со 3 КПУ поени

MakasIT.gif
  • Mar 7, 2017
  • 4 min read

| Во недостиг на доволно свежи локални содржини и примери за стратегија и нејзина изведба ... |

Скопје, 07.03.2017. Денес, Логин Системи објавува дека е отворена нова категорија на форумот како дел од веб сајтот на Логин Системи посветена на стратегијата и светски познатата методологија за изведба на стратегијата – Balanced Scorecard.


Стратегија, Balanced Scorecard

Во недостиг на доволно локални свежи содржини и примери, се наметнува потребата од формирање на централно информативно место кадешто ќе се дискутира за елементите од современиот менаџмент, стратегијата и изведбата на стратегиите. Достапноста на содржините на Интернет за овие теми како и преводот на разни книги од областа на менаџментот не се доволни за вака значајна област од менаџментот и претприемништвото. Можноста за споделување на примери или искуства речиси и не постои.

Последните години премногу се мешаа(т) поими на стратегија, проекти, стратешки цели и визии. Ова придонесува за збунетост и конфузија кај луѓето за теми поврзани со проекти на владата, платформи на партиите, стратешки цели и слично. Дополнително, учениците од средните училишта имаат предмети за претприемништво и бизнис, но немаат доволно информации и материјали за учење и продлабочување на знаењето.


„Дали членувањето во ЕУ и НАТО е стратешка цел или е визија или е стратешка иницијатива? Или можеби стратешка дестинација или стратешки приоритет? Целта со форумот е преку случаи за учење од развиениот свет и од Македонија да извршиме дополнително информирање и едукација на менаџерите, претприемачите, студентите и секако на политичарите за битни теми од стратегиите. На луѓето им треба насочување или иницијална каписла од каде да почнат.“ вели Венко Глигоров, главен модератор на форумот. „Сум држел предавања на студенти од економски факултети во земјата и странство, сум бил консултант на организации и политички партии, сум имал работилници и стратешки сесии со стопанственици и менаџери – едноставно постои потребата од дискусии на овие теми надвор од постоечката литература.“

Форумот обработува теми кои се клучни за работењето на организациите независно дали се од приватниот или јавниот сектор. Овој дел од форумот на Логин Системи е наменет за топ или средно-ниво на менаџери од фирмите и организациите во Македонија кои сакаат да научат за бизнис модели, стратегија и balanced scorecard. Форумот може да биде корисен и за студенти и после-дипломци од бизнис администрација, претприемачи или консултанти за подобрување на работењето на организациите.

Содржините ќе бидат модерирани од Логин Системи и модераторите ќе постираат теми со почетни информации кои потоа ќе се дискутираат со сите заинтересирани. Логин Системи очекува повеќе стотини поединци да го користат и надополнуваат форумот за стратегија, претприемништво и изведба на стратегијата со Balanced Scorecard.

Првите постови на форумот се планира да бидат со кусо објаснување на основните поими околу стратегијата, бизнис моделот, стратегијата и работната рамка balanced scorecard, вклучувајќи ги и термините за мисија, визија, стратегија, стратешки план, стратешка мапа, balanced scorecard, стратешки цели, стратешки иницијативи, стратешки теми, компензирање според перформансите, …

Форумот е бесплатен и ќе може да се користи со претходна најава преку емаил адреса, или сметка од социјалните мрежи Facebook и Google+. Тој се наоѓа на адресата http://www.loginsystems.biz/forum/strategija-i-menadzhment.

За Balanced Scorecard

Balanced Scorecard е многу атрактивна методологија и многу познати светски фирми и организации (вклучително и министерства и влади на држави) користат Kaplan-Norton Balanced Scorecard во своето работење.

На највисоко концептуално ниво, Balanced Scorecard е методологија која помага на организациите да ја преведат стратегијата во оперативни цели што ги насочуваат однесувањата и ги подобруваат перформансите во организациите. Повеќе има на линкот тука.

За Логин Системи

Логин Системи е компанија за планирање, развој, имплементирање и поддршка на софтверски системи за сметководство и ЕРП базирани на Microsoft Dynamics NAV. Фирмата има искуство во работењето со Dynamics NAV повеќе од десет години во Македонија, Косово и Албанија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz или на Facebook страната www.Facebook.com/LSMacedonia.

За Венко Глигоров

Венко Глигоров е дипломиран инженер по информатика-автоматика со искуство во предавање и тренинг на повеќе стотици студенти од различни професии. Покрај предавања на мали групи до 10 студенти, тој презентирал во сали со повеќе стотина гости, па дури и настани со повеќе од илјада посетители. Во 2010та година Глигоров се здоби со сертификатот, Kaplan - Norton Balanced Scorecard Certified Graduate, на полето на „Palladium Execution Premium Process™ (XPP)“, „Balanced Scorecard and Strategy Map“ и „Strategy-Focused Organization (SFO) Principles“. Во 1991ва година Глигоров ја основа фирмата Логин Системи, а е со-основач на Кардена Кеар во 2011та година.

Покрај работењето во Логин Системи како генерален менаџер, Глигоров е иницијатор и со-основач на МАСИТ во 2000та година, еден од основачите и де-факто прв претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија во периодот од 2004 до 2008, како и поранешен член на комитетот „еМакедонија за сите“ на покојниот Претседател на Македонија, Борис Трајковски. Заедно со Мајк Зафировски, Џон Битоф и неколку други бизнисмени од дијаспората, тој е основач на меѓународната невладина организација „Македонија 2025“ во 2006та година.

Глигоров во последно време е чест гостин- предавач на значајни домашни и регионални конференции и настани за претприемништво, стратегијата, и менаџментот во организација на Академијата за менаџери (партнерска организација со Универзитетот Шефилд), топ-клас програмата на CEED, како и тренинг настани во организација на Владата на РМ.


Balanced Scorecard Certified Graduate

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page