Општо за работни текови - Business Central
top of page

Работен тек (workflow)

Постави работни текови што ги поврзуваат бизнис-процесните задачи изведувани од различни корисници

Општо за работни текови

#СтандарденПакет

Општо за работни текови

Одобрување, известување и автоматизација за поголема контрола на бизнисот

Моделирај ги деловните процеси во живо според најдобрите пракси во бизнисот или спрема стандардите специфични за твојата дејност. На пример, осигурај кредитниот лимит на купувачот да биде одобрен или потврден самостојно. Или барањето за плаќање на забележителен износ кон одреден добавувач да биде одобрено од две лица.

​​

Работниот процес во Microsoft Dynamics NAV се фокусира на три главни елементи. Така, работните процеси, кратки или долги, многу е веројатно да се состојат од чекори поврзани со трите елеметни, и тоа:

​​

  • Одобрување: остави работна задача, артикл или документ со блокиран или неодобрен статус, додека не бидат одобрени од соодветното лице во организацијата
     

  • Известување: кажи им на корисниците дека нешто се случило и/или дека треба да преземат некаква акција
     

  • Автоматизација на процесот: да се изврши рутински процес и Microsoft Dynamics NAV ќе пресмета нешто или изведе одредена акција.

​​

Заедно со трите главни елементи какви што се одобрувањето, известувањето и автоматизацијата на процесот, работните текови се подесуваат на реагирање при одредени настани предизвикани од вистински параметри во работењето. На пример, тие можат да бидат активирани од одреден кредитен лимит, некакви географски параметри, вкупни износи, корисници на системот или било кој од илјадниците возможни комбинации на услови (параметри).

Повеќе инфо:
Link

Сподели информација
Работен тек (workflow)
Функционалности за работни текови и одобрувања
Општо за работни текови
Општо за работни текови
Продажби и маркетинг
Продажби и маркетинг
Набавки и интеграција
Набавки и интеграција
Групи на работни текови и карактеристики
Групи на работни текови и карактеристики

Напомена: Можни се мали отстапувања на описите од самата верзија на Dynamics NAV / 365 Business Central. 

Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со Business Central. 

Избери некоја од категориите ...

bottom of page