top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

388 results found with an empty search

  • Споредба на Вработени меѓу конкуренцијата за деловни софтвери

    Секој купувач има свои потреби, вкусови и буџет. Издвоивме три програми на пазарот според кои можете да прегледате како изгледаат екраните за внесување и преглед на податоци за вработен(ите). Во продолжение ги претставуваме главните екрани за вработени кај програмите Dynamics NAV, Pantheon и Helix. На крајот ќе Ве прашаме: Кој екран највеќе Ви се допаѓа? Која картичка е најфункционална? Microsoft Dynamics NAV со Логин Системи Извор: https://www.loginsystems.biz/DynamicsNAV/hrm/OsnoviHRM/Vraboteni ( превземено на 03.03.2018 ) Веб сајт на фирмата/производот: www.ERP.mk/DynamicsNAV Pantheon од Даталаб Извор: https://usersite.datalab.eu/images/wiki/EU/44974.gif ( превземено на 03.03.2018 ) Веб сајт на фирмата/производот: www.datalab.com.mk Helix од Зонел Извор: https://www.youtube.com/watch?v=7dp850iVRJI&t=20s ( превземено на 03.03.2018 ) Веб сајт на фирмата/производот: www.zonel.com.mk Кој екран највеќе Ви се допаѓа? Која картичка на вработен е најфункционална? Напомена: Ги повикуваме горенаведените фирми да достават евентуално други слики од нивните екрани. Останатите фирми што нудат деловен софтвер може да стават слики од своите производи во коментар на овој пост. #DynamicsNAV #Сметководство #ДеловенСофтвер #ERP #СпоредбаКонкуренција

  • Споредба на Артикли меѓу конкуренцијата за деловни софтвери

    Секој корисник има свои потреби, вкусови и буџет. Издвоивме три програми на пазарот според кои можеш да прегледаш како изгледаат екраните за внесување и преглед на податоци за артикл(ите). Во продолжение ги претставуваме главните екрани за артикли кај програмите Dynamics NAV, Pantheon и Helix. На крајот ќе Ве прашаме: Кој екран највеќе Ви се допаѓа? Која картичка е најфункционална? Microsoft Dynamics NAV со Логин Системи Извор: https://www.loginsystems.biz/DynamicsNAV/scm/Zaliha ( превземено на 08.03.2018 ) Веб сајт на фирмата/производот: www.ERP.mk/DynamicsNAV Pantheon од Даталаб Извор: https://usersite.datalab.eu/Wiki/tabid/178/language/mk-MK/Default.aspx?ctxid=6454 ( превземено на 08.03.2018 ) Веб сајт на фирмата/производот: www.datalab.com.mk Helix од Зонел Извор: http://www.zonel.com.mk/%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0-helix/ ( превземено на 08.03.2018 ) Веб сајт на фирмата/производот: www.zonel.com.mk Кој екран највеќе Ви се допаѓа? Која картичка на артикл е најфункционална? Напомена: Ги повикуваме горенаведените фирми да достават евентуално други слики од нивните екрани. Останатите фирми што нудат деловен софтвер може да стават слики од своите производи во коментар на овој пост. #DynamicsNAV #Сметководство #ДеловенСофтвер #ERP #СпоредбаКонкуренција

  • После 25 г. работа во Логин Системи се пензионира Лусија Бошку

    Скопје, 21.04.2018. Логин Системи го доби првиот пензионер од своето постоење до денес. Изминатата седмица Лусија Бошку се пензионираше после 25 години работа во Логин Системи. „Кога на интервју за работа во октомври 1992 Лусија ми кажа дека сака да се вработи и да се пензионира во Логин Системи - се вртев и мислев дека е скриена камера. Не можев ни да замислам кога тоа ќе биде ...“ се присетува Венко Глигоров, управител на Логин Системи. „Ете тоа време стигна. Пред некој ден ја испративме Лусија Бошку во пензија. После 25+ години работа заедно. Благодарен сум за професионалноста и беспоштедната работа сите овие години.“ Лусија Бошку работеше на местото технички секретар во 90тите години кога фирмата работеше со едукација и со софтверски програми. Во 2000тите Лусија беше деловен асистент на менаџментот со фокус на дистрибуцијата, а дополнително помагаше во почетните години на етаблирањето на Сојузот на стопански комори со коучинг на новите вработени. Последните години Лусија помагаше во активностите за документацијата на Microsoft Dynamics NAV. „Ти благодариме за убавите денови поминати заедно и за се' што направи за сите нас.“ напиша Татјана Бошевска, долгугодишен менаџер во Логин Системи, а сега менаџер во Сивус, на ѕидот на фејсбук страницата Login Systems Legacy . Од името на сите сегашни и бивши вработени на Логин Системи, нека ти се среќни и долгувечни пензионерските денови, Лусија Бошку! ### Проследете ја галеријата со слики ... Повеќе слики за Логин Системи и Лусија Бошку има на линкот https://www.loginsystems.biz/25-godini. Оставете подолу коментар или ваше искуство во соработката со Лусија Бошку!

  • Модерно ERP решение за модерни бизниси - Microsoft Dynamics NAV

    Со преку 160.000 компании/организации , повеќе од 2,7 милиони корисници , Dynamics NAV е во употреба во 195 земји во светот - благодарение на Логин Системи во листата на земји е вклучена и Македонија. Всушност, Логин Системи е заслужна и за вклучувањето на Косово и Албанија во листата на земји кадешто е присутен Dynamics NAV. Инаку Dynamics NAV постојано се развива и надградува за да може да одговори на модерните барања на корисниците ширум светот. Моментално, најнова верзија наменета за пазарите во регионот е Microsoft Dynamics NAV 2018 . Од почетокот на април 2018та година, излезе новата верзија за клауд - Dynamics NAV 2018 R2 со ново бренд име Microsoft Dynamics 365 Business Central . Оваа верзија е наменета за 14 земји, а од јули оваа година ќе биде достапна и интернационалната верзија која може да се користи и во Македонија. Подолу на кусото видео може да се прегледаат најважните моменти од користењето на Micosoft Dynamics 365 Business Central. Во текот на оваа година, Логин Системи ќе го прилагоди на овој пакет за сметководство и ERP за македонските корисници. Видео: Introduction to Microsoft Dynamics 365 Business Central Повеќе информации за Dynamics NAV има на линкот www.ERP.mk/DynamicsNAV. Одговори на често поставуваните прашања има на линкот тука . Објавата за Microsoft Dynamics 365 Business Central е тука ... Бонус: видео сесии Како изгледа Microsoft Dynamics NAV ... Материјално работење ... Работа со мобилен телефон ...

  • Видео: Продажба и книжење фактури и испратници во Microsoft Dynamics NAV

    Во оваа видео сесија, Евгенија Ѓорѓиева презентира за постапката на продажба во Microsoft Dynamics NAV. Како дел од материјалното работење, во видеото е опфатен процесот од креирање на продажна порачка, и книжење на испратница и продажна фактура. Исто така во видеото се презентира и налог за книжење. Повеќе за материјалното работење во Dynamics NAV има на https://www.erp.mk/DynamicsNAV/scm. Повеќе за модулот за набавки има на линкот https://www.erp.mk/DynamicsNAV/scm/Prodazbi.

  • Видео: Работа со документи за набавки во Dynamics NAV

    Во оваа видео сесија, Евгенија Ѓорѓиева презентира за постапката на набавки во Microsoft Dynamics NAV. Како дел од материјалното работење, во видеото е опфатен процесот од креирање на набавна порачка, книжење на приемница и набавна фактура како и сторнирање на сторнирање на набавна фактура преку автоматско креирање на кредитно одобрение. Исто така во видеото се презентира и креирање на добавувач и артикл. Повеќе за материјалното работење во Dynamics NAV има на https://www.erp.mk/DynamicsNAV/scm. Повеќе за модулот за набавки има на линкот https://www.erp.mk/DynamicsNAV/scm/Nabavki.

  • Отворен современ тикет систем за техничка и корисника поддршка на Логин Системи

    Скопје, 28.03.2018. Денес, Логин Системи објавува дека отвори современ тикет систем за техничка и корисничка поддршка на своите корисници и сите заинтересирани за сметководство, ERP системи и деловно работење. Овој тикет систем е надополнување на Центарот за помош на Логин Системи за оние проблеми, потреби и барања за кои нема одговор во Центарот за помош или ресурсниот центар. Тикет-системот на Логин Системи е централизирано место за доставување на барања за помош и поддршка и ефикасно средство за водење на постапката за решавање на проблемот или одговор на прашањето. Барање за помош и поддршка се прави преку Центарот за помош ( https://help.loginsystems.biz/en/contact ), преку електронска пошта (само за корисниците што имаат договор за поддршка со Логин Системи) или преку страницата на Логин Системи на Facebook ( www.facebook.com/LSMacedonia ). Слика: Изглед на формуларот за поднесување на тикет При пополнување на барањето, корисникот одредува кој е типот на барањето и тоа: Инцидент. Ова се барања во рамките на техничката продажба која се наплатува. Кога корисникот наишол на одреден проблем поради објективна или субјективна грешка во Dynamics NAV, тој пополнува барање и го објаснува проблемот, става евентуално слика од екранот кога се јавила грешката или пораката. Прашање. Тука спаѓаат барања за добивање на одговор на одредена тема поврзана со функционалност на ERP системот, лиценцирањето, веб сајтот или теми што не се поврзани со првите три. Поплака. Тоа се барања поврзани со грижата на корисници и сме благодарни ако лицата доставуваат информации и сугестии како би можеле да се подобриме. Барање за измена. Ова се однесува на барања за извршување на измени во одредени модули и/или функционалности на сметководствениот софтвер и ЕРП систем базиран на Microsoft Dynamics NAV. Исто така, корисникот дава информација за областа на барањето и тоа: Функционалност. Оваа област опфаќа функционалности на сметководствениот софтвер и ЕРП системот, како и локализацијата и надополнувањата на Логин Системи. Лиценцирање. Се однесува на лиценцирањето за Microsoft Dynamics NAV, но и придружните програми и техологии какви што се Microsoft Office, Windows Server, SQL Server и останато. Веб сајт. Се однесува на веб сајтот на Логин Системи. Останато. Сите други области кои не спаѓаат во првите три области. При приемот на барањето, системот испраќа порака до барателот со број на тикет. Овој број на тикет е референца која се користи во текот на целата постапка до решавање и/или затворање на барањето. Поднесување на барање од страна на корисникот е бесплатно, а одговорните лица од Логин Системи одредуваат дали одговорот на барањето ќе биде бесплатно или за одговорот (или реакцијата) треба да се плаќа. За корисниците што имаат договор со Логин Системи за поддршка, одзивот на барањето и доставувањето на одговорот е дефинирано во самиот договор. Повеќе за тоа како се организирани оддржувањето и поддршката за Dynamics NAV има на линкот тука ...

  • Светска пракса на одржување на сметководствен и ERP систем

    Годишни надградби и месечни подобрувања на Microsoft Dynamics NAV ЕРП системите се „жива“ материја и постојано има потреба од поддршка, консултации и одредени мали надополнувања. Под одржување се подразбираат активностите на производителот Microsoft за континуирани надградби, подобрувања и отстранување на евентуални грешки во Microsoft Dynamics NAV. Како креатор на македонската локализација за Dynamics NAV, Логин Системи се грижи софтверот на Microsoft да биде компатибилен со македонските закони и прописи и со своите надополнувања го прави Dynamics NAV попривлечен за македонските компании и организации. Одржување на Microsoft Dynamics NAV Последните 5 години, Microsoft Dynamics NAV се надградува и одржува со нови верзии на годишни временски интервали. Така, секоја година во Ноември или Декември излегува верзијата на Dynamics NAV за наредната година. На пример, во Декември 2016та година излезе Dynamics NAV 2017. Во декември 2017та година излезе Dynamics NAV 2018. Дополнително, секој месец Microsoft пушта подобрена суб-верзија која содржи исправки на грешки, подобрување на перформанси и слично. Овие субверзии се нарекуваат Cumulative Update. Новите верзии и суб-верзии на Microsoft Dynamics NAV се бесплатни ако корисникот има набавено годишен Enhancement Plan (скр. BREP) или има месечна претплата (анг. Monthly Subscription). Македонска локализација и надополнувања од Логин Системи Македонската локализација и надополнувања од Логин Системи се одржуваат на редовна основа. Тоа значи дека програмскиот код се менува и подобрува врз основа на барањата на македонските закони, на барањата на корисниците или според видувањата на Логин Системи. Некои надградби се прават бесплатно, а некои со одреден фиксен или месечен надомест и зависи од комплексноста на надградбата или од функционалноста на решението. Напомена: Моменталната пракса на Microsoft објаснета погоре не е фиксна и може да се менува од страна на Microsoft без претходна најава. Иако надградбите и подобрувањата може да бидат бесплатни, самото ставање во нивна функција може да биде предмет на посебен договор ако самата надградба изискува забележителни активности кои надминуваат 2 работни часа. Какво е твоето искуство со одржување на сметководствениот програм или ERP системот што го користиш? Те молиме за коментар подолу! Благодариме.

  • ПОС апликација за ресторани, кафулиња и малопродажба

    Dynamics NAV поддржува малопродажни продавници и ПОС решенија за работа со малопродажни цени како што се бара во Македонија. Поддршката ја овозможува македонската локализација и надополнувањат на Логин Системи. На Dynamics NAV може да се прикачат ПОС апликации кои се поврзуваат со фискалните принтери и формираат ПОС каси. Надополнувањата и подесувањата што ги прави Логин Системи се однесуваат на книгата за трансакции на артиклите, пописот во продавница, производството, трансферите на артиклите од магацин во продавница, формирање на цени  и обратно како и за потребните извештаи што ги бара законодавачот. ПОС апликацијата на Логин Системи е со едноставен изглед но има моќни опции за брза и конформна работа на корисниците. Тие може да користат тачскин монитори или глувче со тастатура. Исто така, ако производите имаат бар-кодови, може да се користат бар-код читачи. Подолу се прикажани неколку екрани од апликацијата што е во функција во ланецот на ресторани: Мекиците од Стража .  Повеќе екрани од апликацијата и опис на функционалности има на линкот тука ...

  • Новиот Dynamics 365 Tenerife е зад аголот

    Новиот Dynamics 365 'Tenerife' како наследник на Microsoft Dynamics NAV дефинитивно излегува во април 2018. "Само што видов неколку демо примери со финални корекции за Dynamics 365 Tenerife, следната генерација на Microsoft Dynamics NAV. Едвај чекам да покажеме на светот", напиша Марко Перишиќ, генералниот менаџер на Microsoft Dynamics 365 објави на својот LinkedIn профил. Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на сметководствени и бизнис решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #PR #MK

  • Разлика меѓу ERP и софтвер за сметководство што се вика ЕРП

    Има разлика меѓу Microsoft Dynamics NAV како вистински ERP и останатите, претежно-локални, софтвери што се нудат во Македонија. Останатите софтвери (само) евидентираат податоци во сметководството и најчесто е потребно одделно да се запишуваат податоците во другите „островца“ од програми. Со Dynamics NAV се евидентираат трансакции во интегрираните области како комерција, магацини, материјално работење и ПОС, и сето тоа автоматски се книжи во сметководството според книжни шеми што претходно ги одредил сметководителот, а ги верификувал генералниот менаџер или сопственикот. Со други зборови, со Dynamics NAV се евидентира и се ВОДИ бизнисот интегрирано и целосно. ... со Dynamics NAV се евидентира и се ВОДИ бизнисот интегрирано и целосно Ќе дадам и пример за придобивките од вистински ERP. Пред 15на години користевме локален софтвер за сметководство и бевме не повеќе од 20 вработени. Правевме околу 500 до 600 фактури годишно. Но почна бизнисот да расте драматично, вработените беа со право истоштени и бараа засилување - според проценките требаше да примиме од 5 до 8 нови вработени, претежно во администрација и продажба. Но дури и со приемот на новите вработени не се гарантираше дека фирмата успешно ќе ги сработува нараснатите деловните задачи - обично нови вработени генерираат потреба од дополнителни вработени ако процесите не се оптимизирани и автоматизирани. Наместо вработување, одлучивме да ги поедноставиме и автоматизираме процесите што неминовно доведе до заменување на локалниот софтвер со меѓународно признат ЕРР софтвер Navision (подоцна превземен во портфолиот на Microsoft и преименуван во Microsoft Dynamics NAV). Обемот на работа се зголеми за десетина пати во наредните година две - годишно почнавме да правиме од 5.000 до 6.000 фактури, а бројот на вработени остана речиси ист!!!!??? За волја на вистината, се засиливме со еден до двајца вработени на места кои претходно не ни беа ни планирани бидејќи ги ангажиравме во делот за грижа на корисници наместо во администрацијата или продажбата. Подоцна, со Dynamics NAV ни се олесни работата во отворање на фирми во Битола (2006), но и во Косово (2006) и Албанија (2007). Dynamics NAV ги намалува потребите од ресурси во други области (пари, вработени, островца од програми) Изграден од самиот почеток како ERP, Dynamics NAV е вистински ERP и продуцира резултати за фирмата како ERP. Останатите софтвери се пред се' програми за сметководство кои отпосле се адаптирани и надоградени со нецелосни функционалности за да се викаат ЕРП. Не е до називот. До способностите на софтверот е за да се нарекува ERP. Накусо кажано, останатите софтвери евидентираат нешто што се случило во минатото, некогаш со внесување на истите работи и по повеќе пати на различни места. Microsoft Dynamics NAV запишува еднаш, ти дава моќ да работиш денес и ти нуди поглед во иднината ... Разликата е евидентна ... Повеќе за Dynamics NAV има на www.ERP.mk/DynamicsNAV . Иницијално објавено како статија на LinkedIn ... #DynamicsNAV #Сметководство

  • Споделување на сите релевантни социјални мрежи

    Логин Системи постави широк избор за споделување кај страниците со функционалности за сметководство и деловно работење (www.ERP.mk/DynamicsNAV). Така, посетителите на сајтот може лесно да споделуваат на социјалните мрежи (Facebook, Twitter, LinkedIn, Google+, Pinterest), да праќаат линкови со електронска пошта преку емаил провајдерите (Outlook, GMail, Yahoo), да споделуваат преку телеком операторите (WhatsApp, Viber) или да креираат и печатат како документ (OneNote, Print, e-mail клиент). #Сподели #Share #НекаДознаатДругите

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page