top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

MSD365BC.png

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

MSD365BC.png

е-Фактура во пракса: Што научивме на мастерклас обуката и како компаниите можат да бидат подготвени

MSD365BC.png

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

информација

функционалности

Разлика меѓу ERP и софтвер за сметководство што се вика ЕРП

📌 Има разлика меѓу Microsoft Dynamics NAV како вистински ERP и останатите, претежно-локални, софтвери што се нудат во Македонија.... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

Мастерклас обука за е-Фактура: втората тест фаза на УЈП во пракса

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

Успешно одржан мастерклас за е Фактура УЈП - најавена нова обука на 21 мај

Нова верзија на Business Central 28, подготовката на македонската локализација е во тек

е-Фактура во пракса: Што научивме на мастерклас обуката и како компаниите можат да бидат подготвени

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

Како изгледа е-Фактура од УЈП преку API. Како компаниите ќе ги користат повратните податоци од УЈП

УЈП објави резултати од пилот фазата на е‑Фактура: Што значи ова за компаниите?

Masterclass обука: е-Фактура за УЈП - од обврска до стабилен процес што функционира

MakasIT.gif
  • Feb 21, 2018
  • 2 min read

Има разлика меѓу Microsoft Dynamics NAV како вистински ERP и останатите, претежно-локални, софтвери што се нудат во Македонија. Останатите софтвери (само) евидентираат податоци во сметководството и најчесто е потребно одделно да се запишуваат податоците во другите „островца“ од програми.


Со Dynamics NAV се евидентираат трансакции во интегрираните области како комерција, магацини, материјално работење и ПОС, и сето тоа автоматски се книжи во сметководството според книжни шеми што претходно ги одредил сметководителот, а ги верификувал генералниот менаџер или сопственикот. Со други зборови, со Dynamics NAV се евидентира и се ВОДИ бизнисот интегрирано и целосно.


... со Dynamics NAV се евидентира и се ВОДИ бизнисот интегрирано и целосно

Ќе дадам и пример за придобивките од вистински ERP. Пред 15на години користевме локален софтвер за сметководство и бевме не повеќе од 20 вработени. Правевме околу 500 до 600 фактури годишно. Но почна бизнисот да расте драматично, вработените беа со право истоштени и бараа засилување - според проценките требаше да примиме од 5 до 8 нови вработени, претежно во администрација и продажба. Но дури и со приемот на новите вработени не се гарантираше дека фирмата успешно ќе ги сработува нараснатите деловните задачи - обично нови вработени генерираат потреба од дополнителни вработени ако процесите не се оптимизирани и автоматизирани.


Наместо вработување, одлучивме да ги поедноставиме и автоматизираме процесите што неминовно доведе до заменување на локалниот софтвер со меѓународно признат ЕРР софтвер Navision (подоцна превземен во портфолиот на Microsoft и преименуван во Microsoft Dynamics NAV). Обемот на работа се зголеми за десетина пати во наредните година две - годишно почнавме да правиме од 5.000 до 6.000 фактури, а бројот на вработени остана речиси ист!!!!??? За волја на вистината, се засиливме со еден до двајца вработени на места кои претходно не ни беа ни планирани бидејќи ги ангажиравме во делот за грижа на корисници наместо во администрацијата или продажбата. Подоцна, со Dynamics NAV ни се олесни работата во отворање на фирми во Битола (2006), но и во Косово (2006) и Албанија (2007).


Dynamics NAV ги намалува потребите од ресурси во други области (пари, вработени, островца од програми)

Изграден од самиот почеток како ERP, Dynamics NAV е вистински ERP и продуцира резултати за фирмата како ERP. Останатите софтвери се пред се' програми за сметководство кои отпосле се адаптирани и надоградени со нецелосни функционалности за да се викаат ЕРП. Не е до називот. До способностите на софтверот е за да се нарекува ERP.


Накусо кажано, останатите софтвери евидентираат нешто што се случило во минатото, некогаш со внесување на истите работи и по повеќе пати на различни места. Microsoft Dynamics NAV запишува еднаш, ти дава моќ да работиш денес и ти нуди поглед во иднината ...


Разликата е евидентна ... Повеќе за Dynamics NAV има на www.ERP.mk/DynamicsNAV.


Иницијално објавено како статија на LinkedIn ...



Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page