top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

|

|

|

Емаил-пример што се испраќа до УЈП за тестирање на е-Фактура

📌 Секоја компанија може да побара пристап до тестната околина на е-Фактура. Во овој водич ќе најдете емаил-пример за УЈП и чекорите за започнување со тестирање преку официјалната веб апликација. 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif
  • Jul 9
  • 2 min read

Секоја заинтересирана компанија може да побара вклучување во тестната околина и да започне со подготовка, учење и тестирање на процесите за издавање и прием на е-Фактури.


За првичните тестирања не е потребна ERP интеграција бидејќи Управата за јавни приходи овозможи веб апликација преку која компаниите можат да ги тестираат процесите директно во официјалната тестна околина.


Пред да добиете пристап до тест платформата, потребно е да поминете неколку чекори кои ги опишуваме подолу.

 

Чекор 1: Запознајте се со документацијата


Целосната документација за проектот е-Фактура е достапна на:



Ако сте ERP партнер, ИТ компанија или корисник кој планира интеграција, таму ќе ги најдете и техничките спецификации.

 

Чекор 2: Побарајте вклучување во тестирањето


За да може да ја подготви вашата компанија во тестната околина, УЈП бара основни информации за даночниот обврзник и лицето кое ќе биде одговорно за тестирањето. 


За таа цел испратете емаил на:



Можете да го искористите следниот пример:



Предмет: Барање за вклучување во тестирање на системот е-Фактура


Почитувани,

 

Заинтересирани сме да се вклучиме во тестирањето на системот е-Фактура за нашата компанија.

 

Назив на компанија: ___________________________

Даночен број (ЕДБ): ___________________________

Адреса: ___________________________

Одговорно лице за тестирање: ___________________________

Работно место: ___________________________

Емаил адреса: _______________________

 

Ве молиме да не' вклучите во тестната околина и да не' информирате за следните чекори потребни за започнување на тестирањето.

 

Ви благодариме.

 

Со почит,

 



Чекор 3: Почекајте УЈП да го подготви вашето работно подрачје


По добивањето на барањето, УЈП го подготвува работното подрачје за вашата компанија во тестната околина.


Во оваа фаза не е потребно да правите дополнителни активности освен да ги следите инструкциите добиени од УЈП.

 

Чекор 4: Конфигурирајте ги корисниците за тестирање


Откако ќе биде подготвено работното подрачје, компанијата може да:


  • додаде корисници;

  • додели привилегии;

  • дефинира улоги;

  • регистрира сертификати за тестирање.


Тоа се прави на адресата: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg


 

Чекор 5: Започнете со тестирање


Тест платформата е достапна на:



Преку веб апликацијата можете да тестирате:


  • креирање на е-Фактура;

  • испраќање;

  • прием;

  • прифаќање;

  • одбивање;

  • сторнирање.

 

Не чекајте совршен момент


Ако се’ уште немате ERP интеграција или конкретен проект за поврзување со е-Фактура, тоа не значи дека треба да чекате.


Тестната веб апликација е создадена токму за компаниите да можат постепено да се запознаат со процесите и навреме да ги идентификуваат потребните организациски и технички промени.


Првиот чекор е едноставен: испратете барање до УЈП, почекајте да биде подготвено вашето работно подрачје и започнете со тестирање на процесите кои во иднина ќе бидат дел од секојдневното работење со е-Фактура.

 

Важно известување


Оваа статија има информативен карактер и е базирана на јавно достапни информации и практични искуства од компании кои веќе започнале со активности за тестирање.


За официјални насоки, документација, техничка поддршка и известувања секогаш користете ги официјалните канали на Управата за јавни приходи и проектот е-Фактура.


Што понатаму?


Откако ќе добиете пристап до тестната околина, препорачуваме да започнете со тестирање на основните процеси и навреме да ги идентификувате евентуалните организациски или технички промени што ќе бидат потребни во вашата компанија.


За новости, практични упатства и технички информации поврзани со е-Фактура, посетете го нашиот e-Invoice Resource Center.


Ако сакате структурирана проценка на вашата подготвеност за е-Фактура, можете да се пријавите во нашата e-Invoice Readiness Program.


Користите Microsoft Dynamics 365 Business Central?


Ако веќе работите во Business Central или планирате интеграција со системот е-Фактура, погледнете ја нашата e-Invoice Macedonian API App, развиена за интеграција со системот на УЈП.

 

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Product LS

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page