- Jul 6
- 3 min read
Зошто искуствата од Србија, Хрватска, Словенија, Албанија, Унгарија и другите земји во регионот не се секогаш доволни за подготовка за македонската е-Фактура.
Скопје, јули 2026
Во изминатиот период значителен број компании во Македонија активно ги следат новостите поврзани со е‑Фактура и ги разгледуваат различните начини за усогласување со идните барања.
Истовремено, на пазарот се појавуваат решенија, презентации и искуства од други земји во регионот како Србија, Хрватска, Словенија, Албанија и Унгарија. Иако овие искуства можат да бидат корисни, тие не секогаш можат директно да се применат во Македонија бидејќи секоја држава има свој пристап, свои процеси и своја техничка архитектура за електронско фактурирање.
Во многу земји од регионот се користат XML-базирани стандарди како UBL, e‑SLOG или национални XML шеми, додека системот за е‑Фактура во Македонија е изграден околу JSON API комуникација и сопствен модел на интеграција.
Токму поради ова, компаниите денес не се соочуваат само со прашањето „како да имплементираме е‑Фактура“, туку и со многу поважно прашање:
„Кој пристап е најсоодветен за нашата организација?“ ❓
Зошто го создадовме Readiness Program?
Потребата за ваков програм станува очигледна по бројните еФактура Masterclass обуки, презентации и КПУ обуки организирани заедно со Економско-правниот консалтинг ФВ, кои се официјализирани од Комората на овластени сметководители ИСОС.
„Во изминатиот период имавме можност да едуцираме и разговараме со речиси 1.000 сметководители, финансиски професионалци, менаџери, ИТ експерти и сопственици на компании. Забележавме дека по завршувањето на обуките многу организации се’ уште имаат исти прашања: Кој пристап е најсоодветен? Кој ќе биде одговорен? Дали е доволен порталот? Дали е потребна ERP интеграција? Како ќе се обработуваат влезните еФактури? Тогаш сфативме дека обуката сама по себе не е доволна, а и самото софтверско решение не е доволно. На компаниите им е потребен структуриран чекор што ќе го поврзе знаењето со имплементацијата. Токму тоа е улогата на е-Фактура Readiness Program-от.“ - Венко Глигоров, Логин Системи
Предизвикот не е секогаш само технологијата
Нашето искуство покажува дека најголем дел од ризиците не произлегуваат само од технологијата.
Многу почесто предизвиците се поврзани со:
нејасни улоги и одговорности
недоволно дефинирани процеси
несоодветен избор помеѓу веб, ERP или Gateway пристап
неподготвеност за обработка на влезни е‑Фактури
недоволно тестирање пред продуктивна работа
потпирање на претпоставки наместо на реална анализа
Како резултат на тоа, организациите често инвестираат во решение пред да имаат јасна претстава како е‑Фактура ќе функционира во нивното секојдневно работење.
Го создадовме е‑Фактура Readiness Program
Логин Системи го разви е‑Фактура Readiness Program како структуриран програм за подготовка на компании пред имплементација.
Целта на програмот не е да конфигурира систем или да изврши интеграција.

Целта е организацијата да добие:
појасна слика за своите процеси
јасно дефинирани улоги и одговорности
разбирање на различните модели на работа
идентификација на ризици и потенцијални проблеми
препорачан пристап за имплементација
структуриран план за следните чекори
Обуката создава знаење. Имплементацијата создава решение. Readiness Program го поврзува едното со другото.
За кого е наменет програмот?
е‑Фактура Readiness Program е наменет за:
компании што се подготвуваат за е‑Фактура
корисници на Business Central
корисници на Pantheon
компании со локални ERP решенија
SAP и Oracle корисници
финансиски и сметководствени тимови
сопственици и менаџмент кои треба да донесат одлука за идниот пристап
Без разлика дали организацијата планира ERP интеграција, Gateway решение или користење на веб-пристап, програмот помага одлуката да се базира на реалните потреби на компанијата.
Дел од поширок е‑Фактура екосистем
Readiness Program е дел од поширокиот пристап на Логин Системи кон е‑Фактура, кој опфаќа:
е-Фактура Masterclass, разбирање на концептите и барањата
е-Фактура Readiness Program, подготовка и донесување одлуки
е-Фактура имплементација, Business Central API и Gateway решенија базирани на LSM e-Invoice Macedonian API
Поддршка и понатамошен развој, стабилна продуктивна работа и континуирана оптимизација
На овој начин компаниите можат организирано да преминат од информирање, преку подготовка, до успешна имплементација.
Јасен план наместо претпоставки
Во период кога пазарот е преплавен со различни информации, понуди и регионални искуства, компаниите имаат потреба од структуриран пристап што ќе им помогне да донесат правилни одлуки.
е‑Фактура Readiness Program е создаден токму за таа цел: да им помогне на организациите да ја намалат неизвесноста, да ги идентификуваат ризиците и да започнат со имплементација врз основа на јасен план наместо претпоставки.
Дознајте повеќе:














Comments