top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

MSD365BC.png

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

MSD365BC.png

е-Фактура во пракса: Што научивме на мастерклас обуката и како компаниите можат да бидат подготвени

MSD365BC.png

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

press release

МК локализација

е-Фактура

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

📌 Третата фаза на е-Фактура од УЈП го отвора системот за поширока практична употреба. Во овој текст објаснуваме што се менува, како да започнете со тестирање и кои се опциите за имплементација. 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

Мастерклас обука за е-Фактура: втората тест фаза на УЈП во пракса

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

Успешно одржан мастерклас за е Фактура УЈП - најавена нова обука на 21 мај

Нова верзија на Business Central 28, подготовката на македонската локализација е во тек

е-Фактура во пракса: Што научивме на мастерклас обуката и како компаниите можат да бидат подготвени

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

Како изгледа е-Фактура од УЈП преку API. Како компаниите ќе ги користат повратните податоци од УЈП

УЈП објави резултати од пилот фазата на е‑Фактура: Што значи ова за компаниите?

Masterclass обука: е-Фактура за УЈП - од обврска до стабилен процес што функционира

MakasIT.gif
  • 19 hours ago
  • 4 min read

На 4 јуни 2026 година, Управата за јавни приходи (УЈП) објави дека започнува третата фаза од проектот е-Фактура, со што системот влегува во нова, попрактична етапа на тестирање и подготовка.


Според официјалното соопштение, во оваа фаза се овозможува користење на веб апликација за тестирање на процесите за електронска размена на фактури, со цел компаниите полесно да пристапат до тест околина.


📄 Извори:


Трета тест фаза

Развојот на системот е-Фактура не е еднократна промена, туку постепен процес.

Во првата фаза фокусот на УЈП го става на интеграција на ERP системите. Во втората фаза се воведени API сервиси, како и значајни промени во структурата на повиците и JSON форматот, што бараше дополнително прилагодување на системите.


Според достапните информации на e-Faktura wiki, во текот на овие фази континуирано се воведуваат нови сервиси, се прошируваат полиња, се додаваат даночни индикатори и се менува начинот на безбедна размена на податоци (вклучувајќи потпишан JSON – JWS).


Ова покажува дека системот активно се развива и се приближува кон финална оперативна форма.


Клучни елементи во третата фаза

Со третата фаза, системот станува достапен и за компании кои немаат техничка интеграција.


Преку веб апликацијата, овозможено е тестирање на креирање и испраќање, прифаќање и одбивање, сторнирање на документи, како и работа со 12 даночни индикатори.


Дополнително, според УЈП, паралелно се спроведува структурирано тестирање со околу 200 компании, со цел да се опфатат реални сценарија и да се приберат повратни информации за унапредување на системот.


Воедно, се нагласува дека и компаниите без назначен даночен агент се охрабруваат да тестираат и да доставуваат забелешки, стои во соопштението на УЈП за јавноста.


Корисни линкови на УЈП за тестирање

За компаниите кои сакаат веднаш да започнат, достапни се следните ресурси:



Овие алатки се доволни за основно тестирање, но не ја покриваат целосната слика на реална интеграција.


Што значи ова во пракса?

Иако формално станува збор за тест фаза, ова е прв момент кога системот станува достапен за поширока деловна употреба.


Тоа значи дека компаниите веќе можат реално да ги проценат своите процеси и да одговорат на неколку клучни прашања:


  • дали тековниот ERP систем поддржува е-Фактура

  • како ќе изгледа процесот на фактурирање

  • кои интерни процедури треба да се менуваат


Важно е да се разбере дека е-Фактура не е само техничка интеграција, туку промена на начинот на работа во финансиските процеси.


Активности на Логин Системи поврзани со е-Фактура

Во Логин Системи, оваа фаза ја гледаме како момент кога компаниите треба да преминат од „следење на информации“ кон реална подготовка.


Нашиот пристап е да понудиме структурирана архитектура, каде што технологијата и бизнис процесите се усогласени уште од сам почеток.


e‑Фактура апликација како основа

Во јадрото на сите наши решенија е LSM e‑Фактура Macedonian API App, сертифицирана апликација за Business Central, објавена на Microsoft AppSource.


Апликацијата обезбедува целосна комуникација со системот на УЈП: трансформација на документите во соодветен формат, поднесување на JSON payload, прием на EUID и статуси, како и детално логирање на сите операции. Сите овие процеси се извршуваат директно во Business Central, без користење на надворешни алатки или портали.


Ваквиот пристап овозможува сигурност, ревизибилност и подготвеност за идни измени, бидејќи апликацијата е дизајнирана да се прилагодува на новите API спецификации и функционалности кога тие ќе бидат објавени.


Со други зборови, оваа апликација претставува технолошка основа врз која се градат сите други модели на имплементација. Ова значи дека без ваков централен engine, имплементацијата на е‑Фактура би била неструктурирана и тешко одржлива на подолг рок.

 

Решенија за е‑Фактура

Врз основа на истата e‑Фактура апликација (engine), развивме повеќе модели на имплементација, за да одговориме на различните сценарија кај компаниите.


За компании кои користат Business Central, достапно е вградено решение, при што целиот процес на е‑Фактура, од креирање до следење на статус, се одвива директно во ERP системот.


За компании со постоечки ERP системи, развиени се три gateway модели (Shared, Dedicated и Self‑Hosted), кои овозможуваат поврзување со УЈП без потреба од итна миграција. Заедничко за сите нив е што се базираат на истиот LSM e‑Фактура engine, обезбедувајќи конзистентна логика, контрола и усогласеност.


Ова значи дека изборот на решение не е избор на различна технологија, туку избор на архитектура која најдобро одговара на постојниот систем, инфраструктура и стратегија на компанијата.


Едукација и заедница

Сметаме дека најголем предизвик не е технологијата, туку разбирањето на процесот.

Во тој контекст, досега имаме реализирано:


  • обуки за сметководители во рамки на КУП програмата на ИСОС

  • 5 masterclass сесии за е-Фактура


Следниот masterclass е закажан на:



Дополнително, на располагање се е-Фактура ресурсниот центар и приватната група за е-Фактура, со цел компаниите да имаат континуирана поддршка и пристап до реални искуства.


Заклучок и следни чекори


Третата фаза на е-Фактура претставува премин од техничка подготовка кон практична примена, стои во соопштението на УЈП за јавноста.


За компаниите тоа значи дека периодот за планирање и тестирање веќе е започнат.

Ако сакате да пристапите систематски:


  • започнете со тестирање преку официјалната платформа

  • следете ги промените на wiki документацијата

  • проценете го вашиот ERP систем и процеси


Ако ви е потребен поширок пристап, во Логин Системи можете да добиете:

  • насоки за избор на решение (ERP или gateway)

  • пристап до едукативни ресурси

  • практична поддршка при тестирање и имплементација


Овој период претставува најдобра можност за мирно тестирање и донесување информирани одлуки, пред системот да стане дел од редовното работење.



е‑Фактура УЈП Masterclass 3.0: Од тест фази до реална имплементација
23 јуни 2026, 13:00 – 16:30 CESTМастерклас обука на Логин Системи
Прегледај и запиши се на мастерклас

Квалификациски повик е‑Фактура (15 мин)
15min
Прочитај и закажи

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page