top of page
LSLogoTransparentWOSlogan
e-Invoice Bulit-In with Logo.png

е‑Фактура за Business Central - вградено решение

Вградено, сигурно и целосно усогласено решение за автоматско испраќање и прием на е‑Фактура документи преку УЈП - директно во вашиот Business Central.

Накусо

е‑Фактура Built‑In е имплементациски пакет дизајниран за компании кои веќе користат Microsoft Dynamics 365 Business Central.


Решението овозможува директна двонасочна комуникација со УЈП, автоматско поднесување на продажни документи, прием и обработка на набавни документи, следење на статуси и EUID информации, како и детална ревизорска следливост - без користење на портали, без Excel датотеки и без надворешни алатки.
 

Тоа работи врз LSM e‑Invoice Macedonian API, официјално extension‑решение за Business Central, развиено од Логин Системи, и е целосно усогласено со тековниот модел на е‑Фактура.

Ова е најбрзиот, најстабилниот и најчистиот начин за BC компании да постигнат усогласеност со е‑Фактура на УЈП.

Имплементациски пакет e‑Фактура Built‑In за Microsoft Dynamics 365 Business Central, кој овозможува директна двонасочна комуникација со УЈП, автоматско поднесување на е‑фактури, следење на статуси и целосна ревизиска следливост преку LSM e‑Invoice Macedonian API.

За кого е наменето?

✔ Компании што веќе работат на Business Central (SaaS или On‑Prem)

- најбрзо пуштање во продукција, без интеграции и пренос на податоци.

✔ Компании што мигрираат од Pantheon или локални ERP системи кон Business Central

- без потреба од посебни Gateway решенија; процесот продолжува целосно во Business Central.

✔ NAV / постар Business Central што се надградува на современа верзија

- веднаш по надградбата може да се активира е‑Фактура.

✔ Организации што сакаат единствен систем за фактурирање, контрола и усогласеност

- сметководство, продажба и е‑Фактура во еден ERP.

Што претставува Built‑In решението

Built‑In решението е професионална имплементација на LSM e‑Invoice Macedonian API со сите неопходни конфигурации, мапирања и подготовка на Business Central.

Ова вклучува:

  • Активирање и конфигурација на LSM e‑Invoice Macedonian API во BC

  • Поврзување со УЈП (тест и продукција)

  • Подесување на е‑Фактура профили, сертификати и канали

  • Синхронизација и мапирање на шифрарници

  • Подготовка на документен изглед со QR и EUID

  • Тест циклуси со реални документи

  • Обуки и пуштање во продукција

 

е-Фактура Built-In решението не е посебен систем надвор од Business Central, не е middleware и не е Gateway.

Решението е Business Central кој станува целосно е‑Фактура‑способен.

Клучни функционалности

✔ Автоматско поднесување на продажни фактури и кредитни одобренија до УЈП

✔ Автоматско примање и обработка на влезни е‑фактури (набавни фактури)

✔ Следење и синхронизација на статуси од платформата е‑Фактура

✔ Прифаќање и одбивање на примени документи

✔ EUID информации, QR линкови и временски печати директно во Business Central

✔ Поддршка за токен сертификати, софтверски сертификати и Azure Key Vault

✔ Контрола на пристап, безбедносни улоги и ревизорска следливост

✔ Детални логови, историја на активности и audit trail

✔ Работа целосно во рамки на Business Central без надворешни портали

✔ Поддршка за идни API проширувања на УЈП преку редовни надградби

Безбедност и сертификати

е‑Фактура процесот е директно вграден во Business Central и ги користи постојните корисници, улоги и контроли на организацијата.

Решението поддржува:

 

✔ Токен сертификати

✔ Софтверски сертификати

✔ Azure Key Vault

✔ Контрола на пристап и безбедносни улоги

✔ Ревизорска следливост и историја на активности

 

Ова овозможува организациите да го усогласат процесот на е‑Фактура со сопствените безбедносни политики и барања за контрола.

Придобивки од вграденото решение

  • Нема ексел датотеки, нема портали - сè е во Business Central

  • Најниска целосна цена за компании што веќе користат Business Central

  • Брза имплементација и најмал ризик

  • Единствен систем за податоци, сметководство и е‑Фактура

  • Стандарден процес подготвен за ревизија

  • Усогласување со идни измени од УЈП преку update, без дополнителна имплементација (ако измените од УЈП не се драматично големи)

  • Намалени грешки и побрза обработка на фактури

  • Скалабилност за повеќе компании/брендови внатре во Business Central

Опфат на услуги што се изведуваат

Инсталација и конфигурација на LSM компонентите

  • LSM e‑Invoice Macedonian API

  • LSM API Connector

  • LSM Reusables

Конфигурација на комуникацијата со УЈП

  • тест и продукција

  • сертификати

  • е‑Фактура профили и параметри

Синхронизација и мапирање на шифрарници

  • автоматско преземање шифрарници од УЈП

  • мапирање со BC вредности

Подготовка на документен изглед за ваши купувачи (QR + EUID)

Тест сценарија и корекции

  • еден целосен UAT циклус

  • потврда на чисто поднесување

Обуки + поддршка при старт (60 денови)

  • обука за оперативци

  • обука за администратори

  • поддршка при пуштање во продукција

Дневен тек на работа

  • Креирање и книжење на фактура или кредитно одобрение во Business Central

  • Автоматска структурна валидација

  • Поднесување кон УЈП

  • Прием на EUID, статус, порака, временски жиг и QR линк

  • Печатење и испраќање документ кон купувач со QR

  • Преглед на логови и корекции ако е потребно

Daily_e-InvoiceProcess.png

Предуслови

  • Активен Business Central

  • УЈП‑валиден електронски сертификат

  • Пристап до ТЕСТ и ПРОД околина од УЈП

  • SLA Core или повисок

Што не е вклучено

  • BC развој што не е поврзан со е‑Фактура

  • Firewall и инфраструктурни интервенции кај клиентот

  • Напредни BI сценарија (достапни како дополнителни услуги)

  • Интеграции со други системи (Gateway сценаријата се различен пакет)

Што е следно? Изберете го најсоодветниот чекор за вашата компанија.

1) Ако веќе користите Business Central

​Краток разговор со експерт за да добиете точни насоки за рокови, подготовки, сертификати и очекуван процес.

Најсоодветно за компании кои веќе користат Business Central, но Логин Системи не бил иницијален имплементер или тековен поддржувач - со Discovery добивате јасен увид во вашата BC конфигурација, процеси и подготвеност за е‑Фактура.

Ако вашата BC околина е веќе подготвена, можете веднаш да побарате формална понуда за вградено е‑Фактура решение.

2) Ако сакате прво подобро да го разберете процесот

Видеа, блог‑објави, најчести прашања и стручни водичи — комплетна база за е‑Фактура во Business Central.

Практична обука за финансиски тимови и сметководители со јасен приказ на целиот процес и најдобри практики.

3) Ако користите Pantheon или локално ERP решение

Вашето ERP може да продолжи да работи; не мора да мигрирате веднаш на Business Central. Погледнете ги нашите е‑Фактура Gateway решенија, кои овозможуваат усогласеност со УЈП и автоматизација без промена на ERP‑то.

Shared On‑Prem, Dedicated Cloud или Self‑Hosted - комплетни решенија за е‑Фактура за компании што не користат Business Central.

4) Сакате да продолжиме? Кажете ни дека сте заинтересирани.

Пополнете кратка форма и ќе добиете препорака за најсоодветниот следен чекор - консултација, Discovery анализа, понуда за имплементација или насока кон Gateway решенија.

Често поставувани прашања

Што е е‑Фактура Built‑In за Business Central?

е‑Фактура Built‑In е имплементациски пакет за организации што веќе користат Microsoft Dynamics 365 Business Central. Тој ги вклучува апликацијата, конфигурацијата, сертификатите, тестирањето, обуките и пуштањето во продукција.

Која е разликата помеѓу LSM e‑Фактура API App и е‑Фактура Built‑In?

LSM e‑Фактура Macedonian API App е софтверската апликација што ја овозможува комуникацијата со платформата е‑Фактура на УЈП. Built‑In е имплементациски пакет кој вклучува инсталација, конфигурација, тестирање, обука и пуштање во продукција на апликацијата во вашата Business Central околина.

Дали решението поддржува продажни и набавни документи?

Да. Решението поддржува продажни фактури, кредитни одобренија, набавни фактури, статуси, EUID информации и други функционалности достапни преку платформата е‑Фактура на УЈП.

Кои сертификати се поддржани?

Решението поддржува токен сертификати, софтверски сертификати и Azure Key Vault модели за управување со сертификати. Организациите можат да го изберат моделот што најдобро одговара на нивните безбедносни политики и оперативни барања.

Дали е потребен дополнителен middleware?

Не. Built‑In решението работи директно во Microsoft Dynamics 365 Business Central и не бара дополнителни портали, Excel датотеки или middleware решенија.

Дали целиот процес се извршува во Business Central?

Да. Подготовката, поднесувањето, приемот, следењето на статуси, EUID информациите и ревизорската следливост се извршуваат во рамки на Business Central.

Што ако не користам Business Central?

Во тој случај можете да ги користите e‑Фактура Gateway решенијата на Логин Системи за SAP, Pantheon, Oracle, Dynamics 365 Finance & Operations и други ERP системи.

bottom of page