top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Вештачката интелигенција веќе ја менува сметководствената работа - Логин Системи дел од КПУ обуките за сметководители во ноември

MSD365BC.png

Логин Системи: Кампањата за ERP модернизација предизвикува дискусија - и тоа е добар знак за македонскиот пазар

MSD365BC.png

🧠 Вештачка интелигенција во ERP: Зошто Business Central е паметна алтернатива на Пантеон и други локални решенија

MSD365BC.png

Мобилен и веб пристап до ERP во Македонија: зошто е важен денес

информација

Отворен современ тикет систем за техничка и корисника поддршка на Логин Системи

📌 Скопје, 28.03.2018. Денес, Логин Системи објавува дека отвори современ тикет систем за техничка и корисничка поддршка на своите корисници... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

ree


Скопје, 28.03.2018. Денес, Логин Системи објавува дека отвори современ тикет систем за техничка и корисничка поддршка на своите корисници и сите заинтересирани за сметководство, ERP системи и деловно работење. Овој тикет систем е надополнување на Центарот за помош на Логин Системи за оние проблеми, потреби и барања за кои нема одговор во Центарот за помош или ресурсниот центар.

Тикет-системот на Логин Системи е централизирано место за доставување на барања за помош и поддршка и ефикасно средство за водење на постапката за решавање на проблемот или одговор на прашањето.


Барање за помош и поддршка се прави преку Центарот за помош (https://help.loginsystems.biz/en/contact), преку електронска пошта (само за корисниците што имаат договор за поддршка со Логин Системи) или преку страницата на Логин Системи на Facebook (www.facebook.com/LSMacedonia).



ree

Слика: Изглед на формуларот за поднесување на тикет


При пополнување на барањето, корисникот одредува кој е типот на барањето и тоа:

  • Инцидент. Ова се барања во рамките на техничката продажба која се наплатува. Кога корисникот наишол на одреден проблем поради објективна или субјективна грешка во Dynamics NAV, тој пополнува барање и го објаснува проблемот, става евентуално слика од екранот кога се јавила грешката или пораката.

  • Прашање. Тука спаѓаат барања за добивање на одговор на одредена тема поврзана со функционалност на ERP системот, лиценцирањето, веб сајтот или теми што не се поврзани со првите три.

  • Поплака. Тоа се барања поврзани со грижата на корисници и сме благодарни ако лицата доставуваат информации и сугестии како би можеле да се подобриме.

  • Барање за измена. Ова се однесува на барања за извршување на измени во одредени модули и/или функционалности на сметководствениот софтвер и ЕРП систем базиран на Microsoft Dynamics NAV.


Исто така, корисникот дава информација за областа на барањето и тоа:

  • Функционалност. Оваа област опфаќа функционалности на сметководствениот софтвер и ЕРП системот, како и локализацијата и надополнувањата на Логин Системи.

  • Лиценцирање. Се однесува на лиценцирањето за Microsoft Dynamics NAV, но и придружните програми и техологии какви што се Microsoft Office, Windows Server, SQL Server и останато.

  • Веб сајт. Се однесува на веб сајтот на Логин Системи.

  • Останато. Сите други области кои не спаѓаат во првите три области.


При приемот на барањето, системот испраќа порака до барателот со број на тикет. Овој број на тикет е референца која се користи во текот на целата постапка до решавање и/или затворање на барањето.

Поднесување на барање од страна на корисникот е бесплатно, а одговорните лица од Логин Системи одредуваат дали одговорот на барањето ќе биде бесплатно или за одговорот (или реакцијата) треба да се плаќа. За корисниците што имаат договор со Логин Системи за поддршка, одзивот на барањето и доставувањето на одговорот е дефинирано во самиот договор.


Повеќе за тоа како се организирани оддржувањето и поддршката за Dynamics NAV има на линкот тука ...

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Најнови објави

Вештачката интелигенција веќе ја менува сметководствената работа - Логин Системи дел од КПУ обуките за сметководители во ноември

Македонскиот превод достапен во исто време со новата верзија на Business Central

Логин Системи: Кампањата за ERP модернизација предизвикува дискусија - и тоа е добар знак за македонскиот пазар

Логин Системи овозможува суштинска интеграција со банки за корисниците на Business Central во Македонија

Автоматизација на КИПО извештајност во Business Central со LSM Macedonian Localization Base App

🧠 Вештачка интелигенција во ERP: Зошто Business Central е паметна алтернатива на Пантеон и други локални решенија

Резиме на вебинар: Миграција кон Business Central

Мобилен и веб пристап до ERP во Македонија: зошто е важен денес

Дали вашиот ERP ве кочи? 5 знаци дека е време за промена

Летна кампања за поддршка на македонски компании во нивната ERP трансформација

MakasIT.gif

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page