top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

MSD365BC.png

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

MSD365BC.png

е-Фактура во пракса: Што научивме на мастерклас обуката и како компаниите можат да бидат подготвени

MSD365BC.png

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

функционалности

Светска пракса на одржување на сметководствен и ERP систем

📌 Годишни надградби и месечни подобрувања на Microsoft Dynamics NAV ЕРП системите се „жива“ материја и постојано има потреба од поддршка,... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

Мастерклас обука за е-Фактура: втората тест фаза на УЈП во пракса

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

Успешно одржан мастерклас за е Фактура УЈП - најавена нова обука на 21 мај

Нова верзија на Business Central 28, подготовката на македонската локализација е во тек

е-Фактура во пракса: Што научивме на мастерклас обуката и како компаниите можат да бидат подготвени

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

Како изгледа е-Фактура од УЈП преку API. Како компаниите ќе ги користат повратните податоци од УЈП

УЈП објави резултати од пилот фазата на е‑Фактура: Што значи ова за компаниите?

Masterclass обука: е-Фактура за УЈП - од обврска до стабилен процес што функционира

MakasIT.gif
  • Mar 20, 2018
  • 2 min read

Годишни надградби и месечни подобрувања на Microsoft Dynamics NAV

ЕРП системите се „жива“ материја и постојано има потреба од поддршка, консултации и одредени мали надополнувања. Под одржување се подразбираат активностите на производителот Microsoft за континуирани надградби, подобрувања и отстранување на евентуални грешки во Microsoft Dynamics NAV.


Како креатор на македонската локализација за Dynamics NAV, Логин Системи се грижи софтверот на Microsoft да биде компатибилен со македонските закони и прописи и со своите надополнувања го прави Dynamics NAV попривлечен за македонските компании и организации.



Одржување на Microsoft Dynamics NAV

Последните 5 години, Microsoft Dynamics NAV се надградува и одржува со нови верзии на годишни временски интервали. Така, секоја година во Ноември или Декември излегува верзијата на Dynamics NAV за наредната година. На пример, во Декември 2016та година излезе Dynamics NAV 2017. Во декември 2017та година излезе Dynamics NAV 2018.


Дополнително, секој месец Microsoft пушта подобрена суб-верзија која содржи исправки на грешки, подобрување на перформанси и слично. Овие субверзии се нарекуваат Cumulative Update.


Новите верзии и суб-верзии на Microsoft Dynamics NAV се бесплатни ако корисникот има набавено годишен Enhancement Plan (скр. BREP) или има месечна претплата (анг. Monthly Subscription).


Македонска локализација и надополнувања од Логин Системи

Македонската локализација и надополнувања од Логин Системи се одржуваат на редовна основа. Тоа значи дека програмскиот код се менува и подобрува врз основа на барањата на македонските закони, на барањата на корисниците или според видувањата на Логин Системи. Некои надградби се прават бесплатно, а некои со одреден фиксен или месечен надомест и зависи од комплексноста на надградбата или од функционалноста на решението.



Напомена:

Моменталната пракса на Microsoft објаснета погоре не е фиксна и може да се менува од страна на Microsoft без претходна најава. Иако надградбите и подобрувањата може да бидат бесплатни, самото ставање во нивна функција може да биде предмет на посебен договор ако самата надградба изискува забележителни активности кои надминуваат 2 работни часа.



Какво е твоето искуство со одржување на сметководствениот програм или ERP системот што го користиш? Те молиме за коментар подолу! Благодариме.

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page