top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

388 results found with an empty search

  • Рокот за доставување на завршните пресметки е продолжен до 24.03.2020, информираат УЈП, ЦРМ

    СКОПЈЕ - Управата за јавни приходи (УЈП) и Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) го продолжија рокот за поднесување на годишните пресметки од 15.03.2020 до 24.03.2020 . „Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар меѓу кое и од Комората на сметководители, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка Ве известуваме дека, согласно новонастанатата ситуација и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, но и во согласност со член 477 од ЗТД, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за поднесување до 24.03.2020 година.“ пишува во известувањето на Централниот регистер на Македонија. До сега во Централен регистар се поднесени вкупно 79.903 пресметки, додека минатата година бројката во истиот период, изнесуваше 77.496 пресметки. Вкупната бројка на поднесени годишни пресметки, заклучно со рокот 15.03.2019 година  изнесуваше 88.000. Во соопштенито на УЈП се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ”), Даночен биланс  на вкупен приход (образец “ДБ-ВП”),  Даночен биланс на непрофитни организации (образец “ДБ-НП/ВП”), Годишeн даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ”) и Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) за 2019 година. Извор: УЈП , ЦРМ #сметководство

  • Користење програми за сметководство и деловно работење. Кој е најпопуларен?

    Анализирав четири софтверски решенија од производители што се присутни на македонскиот пазар и тоа од Datalab, Зонел, Инфо-биро и Microsoft со имплементација и одржување од Логин Системи. Селекцијата е направена според јавните податоци достпани на интернет. Во оваа објава ќе прикажам за индикаторот на популарност. Индикатор на популарноста Популарноста во користењето ја покажува општата прифатеност на решението во Македонија и во светски рамки. Бројот на корисници уверува во вграденото знаење во самото решение и во стабилноста на производот и услугите. Со преку 160.000 фирми и организации, Dynamics NAV / 365 Business Central е убедливо најпопуларниот сметководствен софтвер во однос на другите фирми. Dynamics NAV / 365 Business Central има преку 2.7 милиони корисници во светот и оваа бројка е убедливо подобра од другите. Бидејќи не се гледа добро на графикот погоре, програмот Хеликс има 5100 лиценци, а CFMA на Инфо-биро има 2500 лиценци. Бројот на лиценци за Хеликс и ЦФМА се претпоставени бројки бидејќи на нивните сајтови не пишува кој е нивниот точен број. Ако поседуваш повеќе информации за производителите или сакаш да се излиста друга фирма, најдолу има можност за коментирање. Видео: Experience Microsfot Dynamics 365 Business Central Повеќе видеа има на линкот www.erp.mk/video. #dynamicsnav #dyn365bc #businesscentral

  • Централен регистер: Поднесување на годишни пресметки до 29.02.2020 и 16.03.2020

    СКОПЈЕ - Централниот регистер на Република Северна Македонија ги информира сите обврзници за поднесување на годишни сметки дека ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година, во деновите 27.02.2020 (четврток), 28.02.2020(петок) и 29.02.2020 (сабота), како и на 16.03.2020 (понеделник) година од 08:00 до 20:00 часот. Микро и мали субјекти  кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16.03.2020 година. Централниот регистар овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2019 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии: Кратово - во објектот на Општина Кратово Демир Хисар - во објектот на Општина Демир Хисар Крушево - во објектот на Уни банка Приемот во овие градови наместо во 20.00 часот ќе биде до 16 часот. Воедно, Централниот регистер ги известува самостојните вршители на дејност, билансот на приходи и расходи да се достави согласно новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејност (Сл.весник на РСМ бр.21/20) . Извор: Централен регистар на Република Северна Македонија Повеќе за сметководство и финансии има на форумот за сметководство. #сметководство #централенрегистер #ујп

  • Форумот збогатен со прашања - Постави прашање за Пејпал, Dynamics 365 Business Central

    Скопје, 10.01.2020 . Форумот на Логин Системи, www.loginsystems.biz/forum е збогатен со функционалност за поставување на прашања. Членовите на сајтот се во можност да постават прашања во врска со Пејпал, ЕРП системот Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central или општо за сметковоството, менаџментот и платите. Поставување на прашање со прави со кликнување на копчето Create New Post и избор на командата Ask a Question. Потоа се внесува заглавието на прашањето и се објаснува самото прашање. На прашањата може да одговараат стручни лица назначени од Логин Системи или членовите на сајтот на Логин Системи. Форумот на Логин Системи има теми за 🔸 сметководството , 🔸 софтверските решенија за деловно работење , 🔸 менаџментот и стратегијата , а има и оддели за 🔸 премиум корисници . #paypal #форум #msdynnav #msdyn365bc

  • Бесплатна пресметка на бруто и нето плата со новите придонеси за 2020 година

    Скопје, 03.01.2020. Логин Системи го оспособи својот бесплатен веб калкулатор за плата со новите придонеси кои важат од јануарските плати во 2020 година. Новите стапки за придонеси и износот на даночното намалување што се пропишани од Управата за јавни приходи се наоѓаат на страната „ УЈП: Нови стапки при пресметката за плата за јануари 2020 година “. Откако ќе се посети страната на бесплатниот веб калкулатор , се избира година и месец и се става износот на нето платата или бруто платата (слика долу). Алтернативно, може да се внесе ангажманот во проценти во текот на месецот. Ако не се стави ништо се подразбира дека ангажманот е 100% во месецот. Исто така може да се стави и стаж изразен во години за да се пресмета колку се добива од минатиот труд. Со кликнување на копчето Пресметај се добива целосна пресметка за платата за месецот Јануари 2020. Бесплатниот калкулатор е наменет за сите членови на сајтот на Логин Системи. Постапката за зачленување е едноставна. Со него може да се пресметаат и платите за 2019та година со придонесите од 2019та година. Споредба на придонесите и давачките по месеци и листа на гранични вредности има на страницата Плата за месец . #сметководство #плати

  • Најголемиот Косовски извозник премина на најновата верзија на Microsoft Dynamics NAV

    Скопје, 18.12.2019. Логин Системи објавува дека успешно ја заврши надградбата на сметководството и деловниот софтвер во најголемиот Косовски извозник Фероникели. Преминот на најновата верзија од Microsoft Dynamics NAV 2018 се изведе минатиот викенд, а со финансиското затворање на месецот се утврди употребливоста на надградбата. „Ги користевме нашите интерни миграциски алатки за пренос на податоци од постара верзија на најнова верзија.“ изјави Венко Глигоров , менаџер на проектот и управител на Логин Системи. „Со овие алатки е можно да се направи премин на Dynamics NAV / 365 Business Central во секое време без да се прават почетни состојби затоа што сите податоци од претходниот систем се префрлија во најновата верзија Microsoft Dynamics NAV.“ Фероникели од Косово е најголемиот Косовски извозник и е членка на групацијата Балфин, Balkan Finance Group. На сликите долу (од лево на десно): Со одделот за информатика и комуникации , Муса Кчику, Венко Глигоров и Рустем Харадинај. Со одделот за магацинско работење , Лиридон Морина и Авдул Морина. Со одделот за продажба и логистика , проектен менаџер Имране Авдиу, Фатбард Османи, Албана Красниќи. Со одделот за сметководство, финансии и работа со добавувачи . „Вака изгледа човек кога ќе го префрли најголемиот Косовски извозник да користи најнова верзија на деловен софтвер и сметководство - Microsoft Dynamics NAV.“ напиша Венко Глигоров на својата фан страница. Повеќе за начинот на изведба на миграцијата има на страната „ Алатки за миграција на податоци за Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central “. Повеќе за опциите за миграција има во блог постот „ Опција за миграција од постоечки во нов светски сметководствен систем “. #DynamicsNAV #msdyn365BC

  • Намалување на ризикот: Демо користење на Dynamics NAV / 365 Business Central

    Скопје, 16.12.2019. За да го намали ризикот при одлучување за нов деловен софтвер во 2020та година, Логин Системи оформи услуга за демо користење на Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central. Оваа услуга е наменета за фирми кои имат потреба да го „пробаат“ стандардното решение Dynamics NAV / 365 Business Central со нивни или пробни податоци. Наместо да се користи светската верзија на сметководственото решение и деловниот систем, Логин Системи отвора специјално работно подрачје на фирмата со подесувања за македонските прописи (македонска локализација). Целите на оваа услуга се да се проба интерфејсот на решението од сметководителот и едно клучно лице во организацијата и ќе може да се искнижат влезни фактури и да се фактурира кон купувачите. Во текот на еден месец ќе може да се прегледаат извештаите што доаѓаат со Dynamics NAV / 365 Business Central заедно со бараните македонски извештаи. Во зависност од потребите, фирмите ќе може да ги проверат и специфичните области како на пример, магацинското работење, човечките ресурси и платите, или производството. Демо користењето ќе ја чини фирмата 350 евра во денарска противвредност плус ДДВ. После завршувањето на периодот на користење на демо инсталацијата, фирмата нема обврска да го купи решението од Логин Системи. Во случај на одлука за продолжување со процесот за набавка и набавка на ЕРП решение преку Логин Системи, Логин Системи ќе ги рефундира средствата од оваа услуга до 50%. Повеќе информации за Демо користењето, нарачка како и преглед на другите услугите што ги нуди Логин Системи има на https://www.loginsystems.biz/product-page/dynamics-nav-365-business-central-Demo-1m . #DynamicsNAV #Dynamics365BC #Сметководство Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот. Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија). ​

  • Усогласување на цените на Dynamics NAV Subscription со Dynamics 365 Business Central

    Скопје, 08.12.2019. Како резултат објавената информација од 11ти декември 2018, почнувајќи од 01.10.2019 цените за месечна претплата на Dynamics NAV (2018 и претходните верзии) се прилагодуваат и се исти со корисничките цени за Microsoft Dynamics 365 Business Central. Постоечките корисници може да продолжат да користат Dynamics NAV 2018 но цените ќе бидат базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central. Повеќе: Месечно изнајмување на Dynamics 365 Business Central Лиценцирање на ERP #msdyn365bc #msdynnav

  • Отворен оддел на сајтот за премиум корисници на Microsoft Dynamics NAV и Business Central

    Скопје, 05.12.2019. Логин Системи отвори нов оддел на сајтот наменет само за премиум корисниците на Логин Системи кои работат со Microsoft Dynamics NAV и Microsoft Dynamics 365 Business Central. Одделот е направен на база на форум така што покрај информациите и документите поставени од Логин Системи, корисниците ќе може да објавуваат информации, ќе може да поставуваат прашања, но и да одговараат на прашањата не другите корисници. „Посветуваме големо внимание на превентивата и ова е еден дел од нашата грижа кон корисниците“, изјави Венко Глигоров, управител и главен консултант за Dynamics NAV / 365 Business Central, во Логин Системи. „Иако програмите што ги правиме со добро обмислени со минимални можности за грешки, мислиме дека е важно да постои место за учење, размена на мислења и инструкции како и безбедно четување меѓу себе“. Одделот се наоѓа на линкот www.erp.mk/premium . Постапката за пријавување е едноставна, прво корисникот се зачленува на сајтот и откако ќе се утврди дека е еден од премиум корисниците му се доделува привилегија да ги користи ресурсите. #msdynnav #msdyn365bc #businesscentral

  • Преминавме на Microsoft Office 365 и Exchange Online

    По тригодишна пауза, Логин Системи повторно го користи емаил системот на Microsoft - Exchange Server. Овој пат со верзијата во клауд - Exchange Online. Скопје, 05.10.2019. Оваа седмица Логин Системи го унапреди своето работење со поставување на Microsoft Office 365 како платформа на десктоп и мобилни алатки за продуктивност и Exchange Online, сервис за електронски мејлови и тимска соработка на Microsoft. „Логин Системи беше првата фирма што започна да го користи Microsoft Exchange Server (во 1993 година како Microsoft Mail Server). Во 2016та година го деинсталиравме Exchange Server од серверите, и инсталиравме трето решение за емаил.“ кажува Венко Глигоров , управител на Логин Системи. „Неодамна се одлучивме за емаил системот во клауд Exchange Online затоа што одговара на сегашните наши потреби. Тој е сервис кој е безбеден, полн со опции за модерното време и се интегрира со тоа што го работиме - Microsoft Dynamics 365 Business Central.“. Office 365 е претплатничка услуга за користење на премиум апликациите на Microsoft - Word, Excel PowerPoint, OneNote, Outlook, Publisher и Access. Апликациите може да се инсталираат на повеќе уреди вклучувајќи компјутери со Windows, Apple Mac, мобилни телефони и таблети iPhone, iPad, и Android. Publisher и Access може да се користат само на дектоп комјутери и лаптопи. #продуктивност #office365 #exchangeonline

  • Деловниот софтвер ве изложува на ризик - кои се шесте знаци на препознавање

    Како што се развива бизнисот и станува се' посложен, а купувачите очекуваат побрза и подобра услуга, алатките кои дотогаш ви помагале во бизнисот, може да станат пречка. Кај растечките бизниси, да се одлучат за ремонт на сметководствениот софтвер или деловните системи, може да биде застрашувачка задача. Но кој е вистинскиот трошок за одржување на систем кој не ги задоволува повеќе потребите на бизнисот? Неменувањето на технологијата може да биде скапа работа и се одразува на помала продажба, незадоволство кај купувачите или ризици од казни заради непочитување на регулативата. Ако препознавате било кој од овие предупредувачки знаци, време ви е за промена: Премногу се губи време во ракување со повеќе системи кои не можат да „зборат“ еден со друг. Рачните процеси се подложни на грешки и не може да се носите со зголемените потреби иако сте го зголемиле бројот на вработени. Создавањето и конфигурирањето на извештаите е премноги комплицирано и често не ги дава информациите кои се потребни Нецелосната и неточна информација создава незадоволство кај купувачите и изгубена продажба Зголемената потреба од усогласеност на законите како и грижите за безбедноста ве будат навечер Продуктивноста се намалува со трошење драгоцено време во преоѓање од една во друга апликација и во неповрзаноста на повеќето системи во употреба. Ако знаците се јасни, што да се прави? Не постои подобро време од постоечкото за да се замени софтверскиот систем со нов. Работењето во „облак“ отвара нови булевари за компаниите од било која големина за да ги прошират своите способности, да создадат подобра ефикасност и мобилност и да се подговат за постојаните промени во деловните услови. И сето тоа по прифатливи цени за секаков буџет. Имајќи многу понудувачи на софтверски решенија, како да се избере вистинското решение што ќе одговара на потребите од бизнисот. Карактеристиките на модерна технолошка платформа каква што е Microsoft Dynamics 365 Business Central вклучува: Сеопфатна интеграција Го поврзува целиот бизнис Ги автоматизира и обезбедува деловнит процеси Обезбедува поглед на бизнисот од почеток до крај Доверлив технолошки провајдер како Microsoft Овозможува мобилност Брзо уште од почетокот Адаптирано од изворни документи на Microsoft #msd365bc #msdynnav #сметководство #софтвер

  • Известување: Форумот се сервисира - користете мобилната Wix апп

    Поради сервисирање на форумот на Логин Системи, истиот ќе биде недостапен некое време. Оние што сакаат да ги следат содржините на форумот, истото може да го прават со мобилната Wix апп. Преземање на апликацијата се прави од линкот http://wix.to/F0BBAGI. Конзумирањето на содржините од форумот преку мобилната апп е побрзо и поудобно. Се извинуваме се евентуалните непријатности. Ќе ве информираме кога форумот преку веб ќе биде достапен. Ви благодариме. #мобилнапп

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page