Скопје, 05.12.2019. Логин Системи отвори нов оддел на сајтот наменет само за премиум корисниците на Логин Системи кои работат со Microsoft Dynamics NAV и Microsoft Dynamics 365 Business Central. Одделот е направен на база на форум така што покрај информациите и документите поставени од Логин Системи, корисниците ќе може да објавуваат информации, ќе може да поставуваат прашања, но и да одговараат на прашањата не другите корисници.
„Посветуваме големо внимание на превентивата и ова е еден дел од нашата грижа кон корисниците“, изјави Венко Глигоров, управител и главен консултант за Dynamics NAV / 365 Business Central, во Логин Системи. „Иако програмите што ги правиме со добро обмислени со минимални можности за грешки, мислиме дека е важно да постои место за учење, размена на мислења и инструкции како и безбедно четување меѓу себе“.
Одделот се наоѓа на линкот www.erp.mk/premium. Постапката за пријавување е едноставна, прво корисникот се зачленува на сајтот и откако ќе се утврди дека е еден од премиум корисниците му се доделува привилегија да ги користи ресурсите.
Comments