top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

е-Фактура не е статична: што значат промените на УЈП за вашето решение?

MSD365BC.png

🚨 Предлог-законот за е-Фактура е објавен: Доброволна примена од 1 октомври 2026, задолжителна од 1 април 2027

MSD365BC.png

е-Фактура (УЈП): Дали знаете каде е дигиталниот идентитет на вашата компанија?

MSD365BC.png

Емаил-пример што се испраќа до УЈП за тестирање на е-Фактура

МК локализација

MSDyn365

е-Фактура

е-Фактура не е статична: што значат промените на УЈП за вашето решение?

📌 е-Фактура не е статичен систем. Промените во спецификациите и алтернативниот режим отвораат важно прашање: колку е флексибилно решението што треба да го поддржи вашето фактурирање? 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

е-Фактура не е статична: што значат промените на УЈП за вашето решение?

🚨 Предлог-законот за е-Фактура е објавен: Доброволна примена од 1 октомври 2026, задолжителна од 1 април 2027

е-Фактура (УЈП): Дали знаете каде е дигиталниот идентитет на вашата компанија?

Наместо ИТ проект, е-Фактура на УЈП е проект за одговорност

е-Фактура (УЈП) ќе донесе повеќе дисциплина во деловното работење

Емаил-пример што се испраќа до УЈП за тестирање на е-Фактура

е-Фактура Readiness Program: Линкот помеѓу разбирањето на еФактура и успешната имплементација

ЗОШТО ФАКТУРА „НА РАКА“ ЗНАЧИ ДОЦНЕЊЕ ВО ПЛАЌАЊЕ И КАКО Е-ФАКТУРА НА УЈП ЌЕ ГО ПРОМЕНИ ТОА

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

Мастерклас обука за е-Фактура: втората тест фаза на УЈП во пракса

MakasIT.gif
6 minutes ago
3 min read

Системот за е-Фактура на УЈП продолжува да се менува. Се дополнуваат API сервисите, се менуваат полиња и валидации, се објавуваат нови верзии на апликациите и сè попрецизно се дефинира структурата за различните типови документи.


Последните промени во ноември се добар пример. На 06.11 се отстранети постоечки и додадени нови полиња кај документот 100 - Фактура, особено во делот за аванси и конечна фактура. На 09.11 следува дополнителна корекција, а на 10.11 е ажурирана документацијата за WebApp и објавена е верзијата 3.1.


Ова е нормално за систем што активно се развива и тестира. Но, за компаниите отвора едно многу практично прашање:


❓Што се случува со нашето решение кога УЈП ќе ја промени спецификацијата?


Не е доволно само да се испрати JSON


УЈП нагласува едно важно правило: за секој тип документ треба да се испраќаат само JSON полињата дефинирани за тој тип. Поле кое не е предвидено за конкретниот документ може да биде причина документот да биде одбиен.

Затоа постојат и API сервиси преку кои може програмски да се добијат задолжителните и опционалните полиња за конкретен тип документ.


Практичната последица е јасна: интеграцијата не треба само да знае како да испрати фактура. Треба да знае каков документ испраќа и кои правила важат за него.


Ова е особено важно бидејќи е-Фактура опфаќа многу повеќе од стандардна продажна фактура. УЈП има дефинирано посебни структури за авансни фактури, книжни одобренија и задолженија, фактура/испратница, интерни документи, увоз, самофактурирање и други типови документи.


А што ако системот на УЈП не е достапен?


Постои уште една ситуација која е значително поблиску до секојдневното работење отколку до ИТ.


⁉️ Фактурирањето не може едноставно да запре.


Токму затоа спецификацијата предвидува алтернативен режим на фактурирање.

Полето UJP01-16 docAlt означува дали фактурата е издадена во таков режим. Ако системот за е-Фактура не функционира, предвидена е можност фактурите да се издаваат надвор од системот, во хартиена или електронска форма согласно правилата за ДДВ, а по повторното воспоставување на системот задолжително да бидат доставени во него.


Предлог-законот оди чекор понатаму и предвидува нивно доставување во системот во рок од пет работни дена по повторното воспоставување на функционалностите.

Ова значи дека покрај API интеграција, компанијата и софтверското решение треба да имаат и одговор на прашањето:


❓ Како ќе продолжиме со фактурирањето кога нормалната комуникација со УЈП не е можна?


Во една ситуација документите може контролирано да чекаат во интерна редица за испраќање. Во друга, кога се исполнети условите за алтернативен режим, фактурата се издава надвор од системот и подоцна се доставува како документ издаден во алтернативен режим.


Токму тука флексибилноста на решението станува поважна од едноставната API конекција.


И законскиот процес продолжува


Паралелно со техничките промени продолжува и постапката околу новиот Закон за електронско фактурирање.


Предлог-законот веќе го помина периодот за јавни коментари преку ЕНЕР, а следуваат понатамошните чекори во законската постапка. Истовремено, УЈП продолжува со тестирање и доработка на системот.


Со други зборови, техничката и законската страна на е-Фактура се движат паралелно.


За компаниите затоа можеби поважното прашање веќе не е дали ќе има е-Фактура, туку дали решението што го избираат може да ги следи промените без тие да го нарушат секојдневното работење.


💡 Една e-Фактура платформа, различни начини на интеграција


LSM e-Invoice Macedonian API App на Логин Системи е развиена за интеграција со платформата е-Фактура на УЈП, со поддршка за испратени и примени документи, дигитално потпишување, EUID, статуси, валидации и следливост на активностите.


За компаниите што користат Microsoft Dynamics 365 Business Central, решението може да работи директно во Business Central, без дополнителен Gateway слој. За организации со Pantheon, SAP, Oracle, Dynamics 365 Finance & Operations или други ERP системи, истата LSM e-Invoice платформа може да се користи преку Gateway модел на интеграција.


Една e-Фактура платформа, различни начини на интеграција. LSM e-Invoice Macedonian API за Business Central.
Една e-Фактура платформа, различни начини на интеграција

На тој начин изборот не започнува од прашањето „кој ERP го користите?“, туку од вашите процеси, обемот на документи, интеграциските барања и начинот на кој сакате да управувате со е-Фактура.


 

.

.

.

.


Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page