По тригодишна пауза, Логин Системи повторно го користи емаил системот на Microsoft - Exchange Server. Овој пат со верзијата во клауд - Exchange Online.
Скопје, 05.10.2019. Оваа седмица Логин Системи го унапреди своето работење со поставување на Microsoft Office 365 како платформа на десктоп и мобилни алатки за продуктивност и Exchange Online, сервис за електронски мејлови и тимска соработка на Microsoft.
„Логин Системи беше првата фирма што започна да го користи Microsoft Exchange Server (во 1993 година како Microsoft Mail Server). Во 2016та година го деинсталиравме Exchange Server од серверите, и инсталиравме трето решение за емаил.“ кажува Венко Глигоров, управител на Логин Системи. „Неодамна се одлучивме за емаил системот во клауд Exchange Online затоа што одговара на сегашните наши потреби. Тој е сервис кој е безбеден, полн со опции за модерното време и се интегрира со тоа што го работиме - Microsoft Dynamics 365 Business Central.“.
Office 365 е претплатничка услуга за користење на премиум апликациите на Microsoft - Word, Excel PowerPoint, OneNote, Outlook, Publisher и Access. Апликациите може да се инсталираат на повеќе уреди вклучувајќи компјутери со Windows, Apple Mac, мобилни телефони и таблети iPhone, iPad, и Android. Publisher и Access може да се користат само на дектоп комјутери и лаптопи.
留言