На консултативната средба ќе ве запознаеме накусо со можностите на Dynamics 365 Business Central и ќе ги одредиме областите кои се применливи во вашето работење.
Преку разговор ќе се потрудиме да ги дознаеме вашите потреби и проблеми/предизвици кои сакате да ги решите со воведување на ново софтверско решение.
Логин Системи ќе ја процени вашата подготвеност да почнете со имплементација на Dynamics 365 Business Central преку изработка на документ кој ќе вклучува подготовка, препораки и проектен план на високо-ниво.
Еднодневното советување и проценување се одвива во просториите на корисникот и се состои од фокусирани интервјуа со релевантни членови на организацијата, достава на документ со чекори да се стигне до готовност и план како успешно да се придвижат работите напред.
Dynamics NAV / 365 Business Central - Демо инсталација (1 месец)
Наменето за фирми кои имат потреба да го „пробаат“ стандардното решение Dynamics NAV / 365 Business Central со нивни или пробни податоци. Логин Системи ќе отвори работно подрачје со подесувања за македонските прописи (македонска локализација).
Dynamics NAV / 365 Business Central - Документ Функционални барања (1 седмица)
Подлабок ангажман на Логин Системи за да се утврдат барањата и да се направи преглед на процесите во организацијата. Во рок од една седмица ќе се организира работилница, ќе се опфатат подетални интервјуа по оддели во фирмата, и ќе се изработи документ со Функционални барања.
Во процесот ќе се оди според познатата проектна методологија Microsoft Dynamics SureStep.