Dyn365 BC – Консултација (1 час)
На консултативната средба ќе ве запознаеме накусо со можностите на Dynamics 365 Business Central и ќе ги одредиме областите кои се применливи во вашето работење.
Преку разговор ќе се потрудиме да ги дознаеме вашите потреби и проблеми/предизвици кои сакате да ги решите со воведување на ново софтверско решение.
АГЕНДА И ЦЕЛИ
- Запознавање со основните функционалности на Dynamics 365 Business Central
- Да ги одредиме клучните болки во бизнисот што ве поттикнале да барате промена во вашиот постоечки софтвер
- Да ги одредиме главните цели за воведување на Dynamics 365 Business Central
- Дискусија за клучните потреби во вашиот бизнис
ИСПОРАКИ
Со завршувањето на оваа средба најважно е што ќе добиете одговор дали е овој ЕРП систем вистинскиот за вас. Останати придобивки од средбата:
- Заедно ќе ги одредиме модулите од кои ќе имате придобивки
- Ќе ге одредиме можностите што би се креирале како дополнителна вредност ако поставите Dynamics 365 Business Central
- Развиен стратешки план за имплементирање на една или две страници
УСЛОВИ
Закажување се прави на линкот за закажување средба.
Консултативната средба се одржува во просториите на Логин Системи или на лице место кај потенцијалниот корисник. Поради пандемијата со коронавирусот, средбата е електронска преку ZOOM.