Резултати од пребарување
388 results found with an empty search
- Нови 5 совети од луѓето во реалниот македонски бизнис
Скопје, 08.09.2018 . Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи објавува нови пет бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети од претприемачи, менаџери и професионалци од Македонија. „Иако е важно да се истакнуваат нашите граѓани што успеваат во светот, сепак стожерот на Македонија се токму нашите стопанственици и професионалци што живеат и работат во Македонија (или вработуваат луѓе во Македонија). Да ги истакнеме бизнисите и личностите кои извезуваат наши производи и услуги на светските пазари.“ пишува Венко Глигоров , иницијаторот на #МојатаРабота. Верче Оречовска В.И.П. Студио фризерски салон Иако сум правник, сепак љубовта према фризерството како професија преовлада. Веќе 19 години работам како фризер и шминкер. (За да успееме) важно е да го сакаме тоа што го работиме, да бидеме храбри и одлучни. На сите порачуваме: “не се плашете и верувајте во себе”. Прочитај ја целата бизнис приказна на Верче Оречовска и нејзините совети тука. Петре Димитров еМагазин портал По долги години во новинарството, јас и уште тројца колеги, одлучивме работите да ги земеме во свои раце и практично да провериме како е да се води бизнис во земјава. Мора сами да си го најдете патот за успех во Македонија. Она што мене многу ми помогна е многу упорност , трпеливост и секако многу многу работа . Прочитај ја целата бизнис приказна на Петре Димитров и неговите совети тука. Томе Коцаров ТО-БЕ Пром, Нов Дојран месарница и кебапчилница Месарата ја отворив во 1993 година. Со овој занает сум повеќе од 40 години и продаваме само свежо месо. За да ја подобрам продажбата на месото и да отворам нов пазар, во 2008ма отворив и кебапчилница. Кога отворате бизнис, мислите на пазарот. Ако пазарот е мал, тогаш можете да се доведете во проблеми ако економијата не се развива. Прочитај ја целата бизнис приказна на Томе Коцаров и неговите совети тука. Глигор Дачевски doXteam софтверска компанија Софтверот е моја пасија од мали нозе а можноста да се натпреварувам со светот на тоа поле ми претставува огромно задоволство. Во првиот момент кога беше можно во Македонија да се произведува софтвер а притоа да се пласира и со него да се натпреварува на светскиот пазар јас тоа го направив. Радувајте се на малите победи, тие ќе ве однесат до големата победа. Прочитај ја целата бизнис приказна на Глигор Дачевски и неговите совети тука. Десанка Алчинова Хина Продуктс, Гевгелија производство Од 2000 година сум дел од тимот на фамилијарната компанија Техноалат Комерц дооел од Гевгелија, под која работи пекара Житко и фабриката за преработка и конзервирање Хина Продуктс. Домашно ајварче. Го продавам со многу емоција, а велат емоција во бизнисот не е дозволено. Јас би рекла малку поинаку. Прочитај ја целата бизнис приказна на Десанка Алчинова и нејзините совети тука . https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna За иницијативата #МојатаРабота Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. Целта со иницијативата ни е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности. #БизнисПриказна #БизнисСовет Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
- Од октомври Dynamics NAV се преименува во Dynamics 365 Business Central On-premise
Скопје, 02.09.2018. На последната конференција на Microsoft, Inspire 2018 во Лас Вегас, Microsoft потврдува дека новата верзија Microsoft Dynamics NAV 2019 ќе се вика Microsoft Dynamics 365 Business Central On-premise. Со оваа измена бренд-називот Dynamics NAV оди во историјата. Од октомври оваа година новите и постоечките корисници ќе имаат можност да избираат верзија на имплементација на Business Central за облак (cloud), за свои сервери (on-premises) или хостирана (hosted). Освен името, нема да има други измени во начинот на работа на Dynamics 365 Business Central On-premises во однос на Dynamics NAV со исклучок на некои битни измени во подобрениот веб интерфејс. На сликата подолу е прикажан патоказот на развој на Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Постоечките корисници Dynamics NAV нема да почуствуваат некаква разлика во начинот на надградба на системот како што тоа го правеле до сега. Тоа што е важно да се истакне е дека надградбите на Business Central ќе одат два пати годишно наместо како до сега еднаш годишно. Надградбите ќе се прават во април и во октомври и за двете едиции, облак и on-premises. Измеѓу овие месеци ќе има месечни кумулативни исправки на програмскиот код. Dynamics 365 Business Central нуди подобрено корисничко искуство, а резиме од новостите може да се видат на линкот Summary of what's new in Dynamics 365 Business Central . Логин Системи редовно се подготвува на новостите од Microsoft во делот од бизнис апликациите и ги прилагодува истите со македонска локализација. Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV - бизнис сегмент кој го работи од 2002ра година до денес.
- Три нови бизнис совети за личен развој, мотивиран тим и професионалност
Скопје, 25.08.2018 . Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи објавува три нови бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети од претприемачи, менаџери и професионалци од Македонија. Редоследот на бизнис советите се излистани подолу според времето на пристигнување. Д-р Лазар Ѓуров Институт Симбиотика основач и претседател Лазар пишува за комуникациски вештини и трансформација на конфликти, емоционална интелигенција и менаџмент на време. ... Бидете УСПЕШНИ но не заборавајте дека треба и да сте СРЕЌНИ! Прочитај ја целата бизнис приказна на Лазар Ѓуров и неговите совети тука. Лукреција Маљковиќ Атанасовска Академија за протокол на Македонија Мислев дека во животот ќе се занимавам само со превод и толкување, бидејќи завршив англиски и италијански јазик, ама судбината ме однесе и во други води. Сакај ја професијата и не престанувај да учиш ... посетувајте ги сите саеми, конференции, дообуки што се во вашата сфера ... Светот постојано оди напред ... Прочитај ја целата бизнис приказна на Лукреција Маљковиќ Атанасовска и нејзините совети тука . Наташа Кирјазовска и Билјана Кирјазова Бахарудин Асеана Ројал Спа Сакавме да започнеме нешто различно и авентично, нешто што го нема на нашите простори. Инспирацијата ни дојде од Индонезиската култура и традиција, и од нејзиниот однос кон убавината на телото и духот. ... користете светски трансфер на знаење за издвојување од конкуренцијата ... и поставување на повисоко нива на услуги. Прочитај ја целата бизнис приказна на Наташа Кирјазовска и Билјана Кирјазова Бахарудин и нивните совети тука. https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna За иницијативата #МојатаРабота Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. Целта со иницијативата ни е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности. Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
- Нови 5 (од 10) совети од луѓето во реалниот македонски бизнис
Скопје, 18.08.2018 . Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи објавува нови пет бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети од претприемачи, менаџери и професионалци од Македонија. „Иако е важно да се истакнуваат нашите граѓани што успеваат во светот, сепак стожерот на Македонија се токму нашите стопанственици и професионалци што живеат и работат во Македонија (или вработуваат луѓе во Македонија). Да ги истакнеме бизнисите и личностите кои извезуваат наши производи и услуги на светските пазари.“ пишува Венко Глигоров , иницијаторот на #МојатаРабота. Редоследот на бизнис советите се излистани подолу според времето на пристигнување. Радмила Павловска Bar Code Consultancy & Expertise сопственик и извршен директор Во последно време се дефинира себе како Cloud Manager. ... што почесто и во поголема мерка, да се практикува менторирањето односно да се популаризира деловното менторство кај нас. Прочитај ја целата бизнис приказна на Радмила Павловска и нејзините совети тука . Мирче Чекреџи Аркус дизајн печатница за високо-квалитетно печатење Порано верував во иновативноста ... сега верувам дека тајната на успешниот бизнис е во натпреварот со конкурентите. Прочитај ја целата бизнис приказна на Мирче Чекреџи и неговите совети тука . Дина Муцунска ко-основоположник и генерален менаџер во семејниот бизнис, Хотел Манастир 4*, Берово Хотел Манастир го зголемува капацитетот за 4 пати од 2004 до денес. Неговата оценка на booking.com му е со години околу 9,2. Лесно НЕ е, ама е убаво... ... животот нуди толку многу можности, а нивното ограничување создава фрустрации ... Прочитај ја целата бизнис приказна на Дина Муцунска и нејзините совети тука . Марјан Николовски Emit Knowledge ... софтверски бизнис решенија едноставни за користење и оддржување. ... ... бидете фокусирани и задоволни. Секојдневно работете на напредокот - инкрементално. Прочитај ја целата бизнис приказна на Марјан Николовски и неговите совети тука . Суад Мисини консултант ... си ветив себеси: никогаш нема да работам за пензија. ... да се биде инвеститор во пасивен приход е најспецифичниот зачин (на успехот) кој можете да го замислите.... Прочитај ја целата бизнис приказна на Суад Мисини и неговите совети тука . https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna За иницијативата #МојатаРабота Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. Целта со иницијативата ни е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности. Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
- Форум-заедницата е збогатена со повеќе содржини и услуги
Скопје, 14.08.2018. Логин Системи ги информира посетителите на сајтот и заедницата на форумот дека форумот на Логин Системи е збогатен со повеќе содржини и услуги. Профил. Членовите на форум-заедницата може да ги ажурираат своите профили со со слика и со куса информација. Членовите имаат можност да ги следат активностите на одредени членови (анг. follow), а и самите членови да бидат следени. Профилот е конфигурабилен и може да се подеси какви известувања (нотификации) ќе се добиваат. На наредната слика е прикажан профилот на модераторот на форум-заедницата, Венко Глигоров. Преку профилот на некој член може да се излистаат сите постови на форумот од соодветниот член. Важно е да се напомене дека само членовите на заедницата може да лајкуваат, коментираат, креираат постови, ... Листата на форум-заедницата е отворена и може да се прегледа на линкот https://www.loginsystems.biz/members . Чет сервис. Во рамките на сајтот, поставивме чет услуга која може да се користи за комуникација со овластени лица од Логин Системи како и за четување меѓу членовите на форумот - тоа би било некаков вид на Messenger. Нови содржини. Неодамна Логин Системи покрена иницијатива #МојатаРабота со која познати и помалку познати лица од бизнисот ќе ја кажуваат својата приказна и ќе споделат со заедницата свои бизнис совети. Со тоа форумот станува побогат и покорисен за поширок круг на професионалци, менаџери и претприемачи. Како се станува дел од форум заедницата? При посета на страната https://www.loginsystems.biz/account/newmember . се појавува форма за внесување на новиот член. „Нашата цел е форум-заедницата да биде жива и да споделува знаења и искуства меѓу себе. Преку дискусија и аргументирано комуницирање да овозможиме раст на бизнисите и сопствен професионален напредок.“ вели Венко Глигоров , модератор на форум-заедницата на Логин Системи. Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
- Првите 5 совети од реалниот македонски бизнис
Скопје, 11.08.2018 . Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи ги објавува првите пет бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети на стопанствениците и менаџерите од Македонија. „Иако е важно да се истакнуваат нашите граѓани што успеваат во светот, сепак стожерот на Македонија се токму нашите стопанственици и професионалци што живеат и работат во Македонија (или вработуваат луѓе во Македонија). Да ги истакнеме бизнисите и личностите кои извезуваат наши производи и услуги на светските пазари.“ пишува Венко Глигоров , иницијаторот на #МојатаРабота. Редоследот на бизнис советите се излистани подолу според времето на пристигнување. Александра Марковска, Quality Consulting консалтинг на преку 700 клиенти, преку 70 стандарди, и многу нови предизвици. Делувај, делата најмногу тежат на временската вага. Јас никогаш не размишљам два пати :)) одма делувам. Прочитај ја целата бизнис приказна на Александра Марковска и нејзините совети тука . Коста Петров, P World креативна агенција со присуство во над 35 земји во светот вклучувајќи ги САД, Канада, Јужна Кореја, Египет, Иран, Турција и земјите на Средниот Исток. 6 совети: Дефинирање цели Репутација Извини се за грешките Полова еднаквост Уживај во бизнисот Ти си повеќе од компанијата Прочитај ја целата бизнис приказна на Коста Петров и неговите совети тука. Виолета Анѓелковска, независен бизнис консултант член на првиот тим на Сојузот на стопански комори и поранешен менаџер на неколку хотели Во секоја работа градете доверба. Довербата е лицето на душата. Упорноста е носилка, а тимот столб на успехот. Прочитај ја целата бизнис приказна на Виолета Анѓелковска и нејзините совети тука . Зоран Витанов, Лајконет Интернационал ... во моментов во 47 земји, а во иднина насекаде! Мора да се научите како да се ослободите од минатото, за да продолжите да растете. ... ако не растете, нема да го извадете најдоброто од себе ... Влезете во животот полни со оптимизам и НИКОГАШ не се откажувајте. Прочитај ја целата бизнис приказна на Зоран Витанов и неговите совети тука . Јохан Елзесер, Сокаче За кусо време стана еден од најпознатите ресторани во Скопје ... БИЗНИС кој сакам да го работам... И тоа е дефинитивно бизнис кој е 99% успешен. Тоа што го работиш со љубов и веруваш во истото, ретко се случило да не успее... Прочитај ја целата бизнис приказна на Јохан Елзесер и неговите совети тука . https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna За иницијативата #МојатаРабота Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. Идејата е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности. Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
- Пазар3, водечкиот МК онлајн сервис преминува на Microsoft Dynamics NAV
Скопје, 06.08.2018. Логин Системи и Пазар3 потпишаа договор за имплементирање на софтвер за сметководство и деловно работење базирано на Microsoft Dynamics NAV. Софтверското решение ќе ги автоматизира сите процеси во деловното работење на Пазар3 и ќе ја унапреди услугата на Пазар3 за своите коминтенти. Покрај сметководството и финансиите, Пазар3 ќе ги користи и функционалностите на продажба и маркетинг. Софтверското решение ќе овозможи подобро да се информираат корисниците на Пазар3, вработените ќе може да ги изведуваат работните задачи на време и ќе се постигне интегрирано работење меѓу веб сајтот и Microsoft Dynamics NAV. „Анализиравме повеќе решенија и го одбравме Dynamics NAV како основа, а Логин Системи како наш соработник во имплементирањето", изјави Ајлин Шеали , извршен менаџер на Пазар3. „Ова решение ни овозможува комплетно и интегрирано работење меѓу ЕРП системот и веб сајтот и ни нуди поддршка за повеќе земји и на повеќе јазици". Целта на Пазар3 Бизнис моделот е да обезбеди лесно, ефективно и безбедно огласување. Преку Пазар3, физичките лица и компаниите од Македонија може да продаваат, купуваат и разменуваат предмети преку Интернет. За Пазар3 Pazar3.mk, е најголемото место за тргување во Македонија. Во Пазар3 може да се продадат предметите и услугите кои повеќе не се потребни и да се купат предметите кои се потребни: Куќи, Автомобили, Работа, Камери, Мобилни телефони, Миленичиња и многу повеќе! Повеќе на www.Pazar3.mk . За Microsoft Dynamics NAV и Логин Системи Microsoft Dynamics NAV е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - преку 150.000 организации работат со NAV. Повеќе информации за Dynamics NAV има на www.EPR.mk/DynamicsNAV . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #Сметководство #MSDynNAV #MSDyn365BC #DynamicsNAV #ЛогинСистеми
- Логин Системи покренува иницијатива #МојатаРабота
Логин Системи покренува иницијатива под називот #МојатаРабота. Иницијаторот Венко Глигоров вели дека идејата е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. "Напишаните бизнис приказни ќе ги ставаме на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци." Овие бизнис совети ќе се споделуваат од време на време на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности. Исто така, Логин Системи посакува да се збогати националното бизнис знаење и да се поттикнат многу повеќе млади луѓе да креираат производи, услуги, и да се вклучат во реалната економија во Македонија. Според Глигоров, бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. "Иако е важно да се истакнуваат нашите граѓани што успеваат во светот, сепак стожерот на Македонија се токму нашите стопанственици и професионалци што живеат и работат во Македонија (или вработуваат луѓе во Македонија). Да ги истакнеме бизнисите и личностите кои извезуваат наши производи и услуги на светските пазари." пишува Глигоров. Во иницијативата има место и за државните службеници кои ја олеснуваат работата на бизнисите и организациите во подобрувањето на македонската економија. Постојат такви службеници од пониските нивои кои заслужуваат да бидат истакнати како примери и да дадат свои совети на нивните колеги од администрацијата. Покрај изборот на Логин Системи за истакнати стопанственици и професионалци, ќе се остави простор и другите да предлагаат и да пишуваат бизнис совети. Тоа ќе може да се прави на страницата “Сподели ја твојата бизнис приказна” . "Дали мислите дека е потребно вакво нешто?" прашува на крајот од својот пост, Венко Глигоров. #МојатаРабота #БизнисСовети
- Посвети се на бизнисот наместо на софтверот
"Си ја сакам многу работата. Им овозможуваме на фирмите и организациите да се посветат на бизнисот наместо на софтверот. Ние правиме софтверски деловни решенија ... За да имате повеќе за одморање, ние работиме smart" напиша Венко Глигоров на својот фејсбук профил. Повеќе за деловните решенија има на линкот www.ERP.mk. #msdynnav #сметководство #ERP #ЕРП #логинсистеми
- Microsoft Dynamics NAV 2018 зборува уште подобро македонски јазик
Скопје, 18.07.2018. Од денес, најновата верзија на светски познатиот софтвер за сметквоодство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV 2018, работи на македонски јазик. Преводот и адаптација за Македонија го направи тимот на Логин Системи. „Многу сме радосни што го преведовме Dynamics NAV 2018 на македонски јазик и со тоа го приближуваме на поголем број на корисници.“ изјави Венко Глигоров, главен проектант на преводот. „Последната верзија на Dynamics NAV ја надополнуваме и со нови функционалности кои ги задоволуваат барањата на македонските закони и потребите на компаниите во Македонија“. Лани во овој период Логин Системи го преведе Microsoft Dynamics NAV 2017 и со тоа најави дека сите наредни верзии на Dynamics NAV (кој наскоро се ребрендира во Microsoft Dynamics 365 Business Central) ќе бидат преведени и прилагодени за македонските корисници. Со преку 150.000 фирми и организации ширум светот, Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано сметководствено и деловно работење за мали и средни претпријатија. Благодарение на Логин Системи, Dynamics NAV е во функција и во Македонија. Софтверските решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV се креирани и оптимизирани за трговски компании, производители, агилни и брзо растечки мали компании и услужни организации што имаат потреба од изработка на точни и навремени извештаи, сакаат да ја подобрат контролата во водењето на бизнисот и да ги зголемат перформансите во сите свои оддели. ( За кого е наменет Microsoft Dynamics NAV? ) Повеќе корисници може да користат Dynamics NAV во различни јазици. Изборот на јазик се прави како на сликата подолу: За да се користат јазиците, имплементарот на решението, во случајот Логин Системи е потребно да ја инсталира соодветната јазична верзија. Dynamics NAV стандардно доаѓа на англиски јазик. Работи подеднакво добро со апликација Windows или со Google Chrome за Apple и Windows Dynamics NAV го преведовме за апликацијата во Windows и за користење преку веб прелистувачи, како на пример, Google Chrome за MacBookPro или Windows. Слика: Изглед на екрани за ролјата Продажно лице (лево е за Windows, а десно е за веб) Побрзо изведување на работните задачи Софтверот Dynamics NAV се прилагодува на различните типови на вработени кои го користат преку т.н. ролји. Со изборот на ролја, корисникот на NAV добива видоизменети екрани и му се појавуваат опции и извештаи кои одговараат на соодветната ролја. На тој начин се постигнува пофокусирана работа, а со тоа и побрзо изведување на работните задачи. Во галеријата од слики подолу се прикажани екрани за диспечер во сервис и за сметководител. Прво е прикажан изгледот во Windows апликација, а потоа и во веб прелистувач. Галерија слики: Од горе надолу: Windows екран за диспечер за сервис, веб прелистувач за диспечер за сервис, Windows екран за сметководител, веб прелистувач за сметководител. Корисни линкови: Повеќе информации за функционалностите на Dynamics NAV Dynamics NAV 2017 на македонски јазик Зошто е потребна македонска локализација за Dynamics NAV Лиценци и услуги за сметководство и ERP Споредба на сметководствени програми во Македонија Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #Сметководство #MSDynNAV #MSDyn365BC #DynamicsNAV #ЛогинСистеми
- Нова ролја: Бренд менаџер во Microsoft Dynamics NAV
Скопје, 05.07.2018 - Новости. Логин Системи изработи нова ролја за Dynamics NAV која може да ја користат лицата што обавуват активности на бренд менаџер во македонските компании во трговијата на големо и мало. Ролјата „Бренд менаџер“ се базира на активностите поврзани со набавките од брендовите, работата со кампањи и сегменти како и помош во продажбата. Исто така на главниот екран се појавуваат и команди за анализа на залихата, менаџмент со фондовите што ги даваат добавувачите и перформансите во продажбата и набавките. Бренд менаџерот може да избере на главниот екран кои му се омилени артикли и кои добавувачи да ги следи. Една битна компонента за ролјата на бренд менаџерот е калкулацијата на цени за различни групи на купувачи и одредување на попусти според артикли, групи на артикли или кампањи. Галеријата на слики подолу во текстот ги прикажува главните делови од ролјата. Галерија слики од главниот екран Останати нови или подобрени ролји од Логин Системи за Dynamics NAV: Сметководител Менаџер за човечки ресурси #DynamicsNAV #MSDyn365BC Microsoft Dynamics NAV (или Dynamics 365 Business Centra) е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 150.000 организации работат со NAV. Повеќе информации за Dynamics NAV има на www.ERP.mk/DynamicsNAV . Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе за Логин Системи има на www.LoginSystems.biz .
- Пејпал во Македонија - една година потоа и уште колку има
Информации за состојбите со иницијативата за воведување на PayPal во Македонија за продажни места и прием на пари. - Според Глигоров, до крајот на оваа година има изгледи за воведување. Скопје, 16.06.2018 . Денес еден од предводниците на приватната иницијатива за воведување на PayPal во Македонија, Венко Глигоров, објави повеќе информации за статусот на иницијативата. Според него, одреден значаен прогрес е направен. "Откако преку 1000 различни организации и поединци заеднички доставивме барање до Министерството за Финансии и до Пејпал, постапката за воведување на пејпал во Македонија започна. Една година после тоа, сеуште немаме Пејпал за продажни места во Македонија." пишува Глигоров . Според него, Paypal како организација е свесна дека Македонија не е на нивната карта на земји кои го подржуваат приемот на пари. И Министерството за финансии, кое експресно реагираше на иницијативата, исто така е свесно и покрена повеќе активности. Се организираа работни средби на сите чинители во банкарскиот, платниот и трговскиот сектор на Македонија. Министерството и НБРМ работат на нови законски прописи Најзначајно е тоа што од оваа година во разработка и финиширање се нови законски прописи за унапредување на платниот систем во Македонија - сегмент кој е неопходен за да се создадат услови за воведување на пејпал сервисот. Новата планирана регулатива содржи прописи кои задоволуваат повеќе директиви од ЕУ и современтите платни системи. Со новите законски прописи кои би требало да се достават до Собранието во септември оваа година, ќе се привлече вниманието не само на Пејпал туку и на сите други светски платежни сервиси како Скрил на пример. Платниот систем ќе може да вклучи и организации кои не се финансиски во своето основно делување. "Откако ќе се усвојат законските прописи, ќе го информираме Пејпал и останатите за овие новини и ќе побараме да се отпочне business case за Македонија. Моја проценка е дека овој процес може да трае до три месеци." истакнува Глигоров . "Идеално би било Пејпал да го имаме во Македонија пред Нова година. Исто така моја проценка е дека процесот ќе оди побрзо ако имаме прием во НАТО и почеток на преговори со ЕУ." Со новите законски прописи што ќе се воведат овој Септември ќе се овозможи и други платежни провајдери да понудат услуги во Македонија Пејпал и другите не се ослонуваат директно на тоа одредена земја да има ЕУ и НАТО сојузништво, но секако дека следат дали одредена земја има раздвиженост на пазарот од политички и бизнис аспект - секако бараат и сигурност на нивната инвестиција. Колку и да изгледа чудно, за Пејпал воведувањето на сервис во одредена земја е инвестиција (во превод трошок) и е потребно да го знаат обемот на нивните приходи и расходи во наредни неколку години - пред да донесат одлука. На потег е прво Министерството, а потоа и Пејпал На крајот како резиме: и двете страни, и државата Македонија и Пејпал е потребно да направат прогрес, секој во својот делокруг за да третата страна, вредните производители и провајдери на услуги во Македонија имаат корист - корист ќе имаат и корисниците на светските пазари бидејќи непречено ќе можат да соработуваат со Македонија. Background информации Пред скоро една година се покрена приватна иницијатива за овозможување на Paypal за трговци и поединци-фриленсери во Македонија. Paypal е светски платежен сервисен провајдер преку кој може безбедно да се плаќа и да се примаат пари од секаде во светот за производи и услуги. Од 2014та година им се овозможи поединците и фирмите во Македонија да отвораат сметки во Пејпал за да вршат плаќање на трговски производи и услуги од светот. Пејпал не е возможен за примање на пари за производи и услуги на македонските производители, услужни организации и фриленсери. Повеќе за активностите околу PayPal има на линкот https://www.loginsystems.biz/aktivnosti-paypal . Венко Глигоров е основач и ко-сопственик на македонската компанија Логин Системи. Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz .














