top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

MSD365BC.png

Македонски јазик за најновиот Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

Microsoft Dynamics NAV 2018 зборува уште подобро македонски јазик

Скопје, 18.07.2018. Од денес, најновата верзија на светски познатиот софтвер за сметквоодство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV...

пишува:

Angel Face

Автор

18.07.2018

Notebook and Fountain Pen

категории

Microsoft Dynamics NAV 2018 зборува уште подобро македонски јазик

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

Новини во управувањето со складишта (Business Central 2023 release wave 2)

Ново: мобилната апликација на Business Central со сосема нови можности за скенирање на баркодови

Herbelin користи податоци собрани од Business Central за да испорача часовници од светска класа

MakasIT.gif



Скопје, 18.07.2018. Од денес, најновата верзија на светски познатиот софтвер за сметквоодство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV 2018, работи на македонски јазик. Преводот и адаптација за Македонија го направи тимот на Логин Системи.


„Многу сме радосни што го преведовме Dynamics NAV 2018 на македонски јазик и со тоа го приближуваме на поголем број на корисници.“ изјави Венко Глигоров, главен проектант на преводот. „Последната верзија на Dynamics NAV ја надополнуваме и со нови функционалности кои ги задоволуваат барањата на македонските закони и потребите на компаниите во Македонија“.



Изглед на апликацијата во ролјата Business Manager
Слика: Изглед на апликацијата во ролјата Business Manager

Лани во овој период Логин Системи го преведе Microsoft Dynamics NAV 2017 и со тоа најави дека сите наредни верзии на Dynamics NAV (кој наскоро се ребрендира во Microsoft Dynamics 365 Business Central) ќе бидат преведени и прилагодени за македонските корисници.

Со преку 150.000 фирми и организации ширум светот, Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано сметководствено и деловно работење за мали и средни претпријатија. Благодарение на Логин Системи, Dynamics NAV е во функција и во Македонија. Софтверските решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV се креирани и оптимизирани за трговски компании, производители, агилни и брзо растечки мали компании и услужни организации што имаат потреба од изработка на точни и навремени извештаи, сакаат да ја подобрат контролата во водењето на бизнисот и да ги зголемат перформансите во сите свои оддели. (За кого е наменет Microsoft Dynamics NAV?)


Повеќе корисници може да користат Dynamics NAV во различни јазици. Изборот на јазик се прави како на сликата подолу:


Избор на јазик во Microsoft Dynamics NAV 2018
Слика: Избор на јазик во Microsoft Dynamics NAV 2018

За да се користат јазиците, имплементарот на решението, во случајот Логин Системи е потребно да ја инсталира соодветната јазична верзија. Dynamics NAV стандардно доаѓа на англиски јазик.




Работи подеднакво добро со апликација Windows или со Google Chrome за Apple и Windows


Dynamics NAV го преведовме за апликацијата во Windows и за користење преку веб прелистувачи, како на пример, Google Chrome за MacBookPro или Windows.


Слика: Изглед на екрани за ролјата Продажно лице (лево е за Windows, а десно е за веб)



Побрзо изведување на работните задачи


Софтверот Dynamics NAV се прилагодува на различните типови на вработени кои го користат преку т.н. ролји. Со изборот на ролја, корисникот на NAV добива видоизменети екрани и му се појавуваат опции и извештаи кои одговараат на соодветната ролја. На тој начин се постигнува пофокусирана работа, а со тоа и побрзо изведување на работните задачи.


Во галеријата од слики подолу се прикажани екрани за диспечер во сервис и за сметководител. Прво е прикажан изгледот во Windows апликација, а потоа и во веб прелистувач.


Галерија слики: Од горе надолу: Windows екран за диспечер за сервис, веб прелистувач за диспечер за сервис, Windows екран за сметководител, веб прелистувач за сметководител.



Корисни линкови:


 

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.


Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. 



0 comments

Comments


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page