top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

388 results found with an empty search

  • Со ERP.mk сме подостапни за корисниците, читателите и членовите

    Како би се викала адресата посветена на ERP во Македонија ако нема ERP во својот назив? Затоа, од денес може да се користи www.ERP.mk за пристап до информации за софтверските решенија во сметководството и деловното работење. На сајтот ги има функционалностите на светски-познатиот софтвер за ERP - Microsoft Dynamics NAV (www.ERP.mk/DynamicsNAV). Со постовите од блогот www.ERP.mk/blogerp може да се дознаат повеќе корисни сценарија и да се прочита за ERP и деловното работење. На форумот www.ERP.mk/forum се поставени повеќе категории од областа на сметководството и финансиите, менаџментот и популарните теми од областа на Dynamics NAV. Логин Системи е компанија за изведба на софтверски решенија за сметководство и деловно работење базирани на Microsoft Dynamics NAV. Решенијата на Логин Системи се користат во Македонија, Косово, Албанија и неколку други земји во светот. #ЕРП #ERP

  • Збогум Windows Phone. Од сега со Android ...

    "После 17 години во употреба, го менувам мобилниот оперативен систем Windows Phone со Android." - напиша Венко Глигоров, основачот на Логин Системи на својот фејсбук профил. "Првиот Windows телефон го земав во 2001 година од Sagem - Sagem PocketPC WA3050. Тривијална информација, бев првиот во Македонија со Windows телефон. Во сите овие години, највеќе го користев телефонот iMate K-JAM. Бев презадоволен од опциите и перформансите на Windows телефоните. Од пред некој ден, сум на Huawei P10 Lite со Android. Голема промена за мене. Жалам што Мајкрософт го прекина развојот на Windows Phone - беше одличен оперативен систем со бројни предности за деловните корисници. Нивната одлука е да продолжат да ги унапредуваат апликациите за Android и iOS." Галерија на Windows телефони што биле во употреба Лево-горе: Nokia Lumia (2015 - 2017) Десно горе: HTC "BlackBerry" (2008-2010) Лево долу: LG (2010 - 2012) Десно долу: Nokia Lumia (2014 - 2015) Лево горе: HTC JASJAR (2008 - 2009) Десно горе: HP Pocket PC (2000) без GSM Долу централно: HP iPAQ (2004 - 2006) Од лево на десно: Sagem PocketPC (2001 - 2004) iMate K-JAM (2004 - 2006) и (2013 - 2014) Huawei P10 Lite Android (2018 - ...) - замената за Windows Phone

  • УЈП: Нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход

    Управата за јавни приходи информира дека од 01.01.2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход. Имено, пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk . Обврска за е-ППД Обврска за поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) имаат: Исплатувачи на приходи (правни лица и СВД кои водат деловни книги) - кога исплаќаат приходи по сите основи на физички лица - резиденти на Република Македонија и на нерезиденти, освен за исплата на плата на вработени лица. Физички лица - резиденти кои остваруваат приходи од други физички лица и приходи од странство, освен за приходи од вршење на самостојна дејност. Физички лица - нерезиденти кои остваруваат приходи од други физички лица во Република Македонија. Намалување на административнот товар и поедноставување на постапките Со воведувањето на новите кориснички ориентирани услуги за персонален данок, покрај низа придобивки (види повеќе на http://ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/64 ), се намалува и административниот товар и се укинуваат обврските за даночните обврзници (исплатувачи на приходи, вршители на дејност и граѓани) за достава на пријави и извештаи до УЈП, и тоа: Исплатувачи на приходи. Со воведувањето на Електронската пресметка (е-ППД), исплатувачите на приходи почнувајќи со исплатите што ќе ги вршат од 01.01.2018 година, ќе немаат повеќе обврска да му издадат на секој обврзник збирен податок за вкупно платената аконтација, како и да поднесуваат годишни или месечни извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД-МИ/ИС. Исто така, исплатувачите преку системот e-pdd.ujp.gov.mk , за исплата на приходи на физички лица-нерезиденти ќе имаат преглед на поднесените барања за користење на даночни стапки според договорите за одбегнување на двојното оданочување и двојното ослободување (Барање за ослободување од данок на доход Б-ОДД и Барање за олеснување односно ослободување од данок на доход по видови на приход Б-ОДД/ВП), како и одобренијата од Управата за јавни приходи издадени по поднесените барања. Во Електронската пресметка (е-ППД) данокот за приходот што треба да се исплати на нерезидентот ќе се пресмета по даночната стапка од меѓународниот договор според одобрението од Управата за јавни приходи. Граѓани. Со воведувањето на Електронската пресметка (е-ППД), граѓаните за приходите кои подлежат на оданочување, а се остварени во земјата или во странство, почнувајќи од 01.01.2018 година, немаат повеќе обврска за поднесување на Аконтативни даночни пријави ПДД-АДП/ПИ, ПДД-АДП/КД и ПДД-АДП/ДП. Почнувајќи од 2019 година, Управата за јавни приходи ќе им издава пополнета Годишна даночна пријава на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk , за приходите кои ќе ги остварат во 2018 година. Граѓанинот ќе има обврска само да ја потврди или корегира пријавата. Физички лица кои остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи. Со законските измени и новите даночни процедури за персонален данок, физичките лица кои остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи, за приходите остварени почнувајќи од 1 јануари 2018 година, немаат обврска за поднесување на Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност УЈП-РДО/З и Барање за паушално оданочување за остварени приходи од земјоделска дејност ПДД-ПЗ. Сите даночни обврзници. Сите даночни обврзници кои се обврзани за поднесување на Електронската пресметка (е-ППД), преку системот e-pdd.ujp.gov.mk ќе имаат можност за преглед на износите на повеќе платен платен персонален данок по поднесените Електронски пресметки (е-ППД), како и да поднесуваат и вршат преглед на поднесените Барања за враќање на повеќе или погрешно наплатен ПДД. Ќе нема обврска за поднесување на Барања за пренасочување на погрешно платен ПДД. Новини и поднесување на електронска пресметка за приходите и персоналниот данок Со цел запознавање со новините и постапките за регистрација и начинот на користење на e-pdd.ujp.gov.mk, пополнување на електронските пресметки за персонален данок, поднесување на барања за користење на нивните даночни права, навремено исполнување на нивните обврски согласно новите даночни процедури... Управата за јавни приходи издаде Брошура „ Пресметување и плаќање на е-Персонален данок на доход “ во која детално се опишани чекорите кои треба да ги преземат одделните категории на даночни обврзници за да се усогласат со новиот начин на даночно работење, односно кои се новите обврски за: Исплатувачи на приходи Самостојни вршители на дејност, трговци поединци, занаетчии, адвокати за приходите од вршење дејност... Физички лица кои остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи и трговци кои организираа зелени пазари Граѓани кои остваруваат приходи од други физички лица или приходи од странство Извор: Управа за јавни приходи

  • Бесплатна пресметка на плати со веб апликација

    Скопје, 29.01.2018. Логин Системи објавува дека го пушти во употреба бесплатниот веб калкулатор за пресметка на плати со придонеси за 2018та. Калкулаторот работи со коефициенти за 2018та година и ги зема во предвид износите за минимална и максимална плата за регуларните лица во работен однос и самовработените лица. Со калкулаторот може да се пресметува индивидуална плата или плата за повеќе вработени. "Пресметката на плати е сериозен предизвик за секој менаџер или вработен." изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. "Со оваа бесплатна апликација сакаме да ја олесниме постапката за пресметка на плата при процесот на преговарање или при проверка на исплатните ливчиња дадени на вработените. Секако може да се користи и за одредување на буџетот за плати." Калкулаторот е прилагоден и за мобилните уреди и работи во две насоки: од бруто (цела) плата во нето (чиста) плата и од нето плата во бруто плата.  Веб калкулаторот се наоѓа на страницата www.loginsystems.biz/plati .  За поголемите фирми и организации кои имаат потреба од пресметка на плати за поголем број на вработени, водење евиденција на вработените и нивните договори, Логин Системи ја препорачува апликацијата за плати и човечки ресурси базирани на Dynamics NAV.

  • Бесплатен веб калкулатор за плати со придонеси за 2018та година

    Скопје, 29.01.2018. Логин Системи објавува дека го пушти во употреба бесплатниот веб калкулатор за пресметка на плати со придонеси за 2018та. Опции за внесување во калкулаторот на плата Калкулаторот работи со коефициенти за 2018та година и ги зема во предвид износите за минимална и максимална плата за регуларните лица во работен однос и самовработените лица. Со калкулаторот може да се пресметува индивидуална плата или плата за повеќе вработени. Поврзано: Основици за пресметување на бруто плата за 2018 "Пресметката на плати е сериозен предизвик за секој менаџер или вработен." изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. "Со оваа бесплатна апликација сакаме да ја олесниме постапката за пресметка на плата при процесот на преговарање или при проверка на исплатните ливчиња дадени на вработените. Секако може да се користи и за одредување на буџетот за плати." Калкулаторот е прилагоден и за мобилните уреди и работи во две насоки: од бруто (цела) плата во нето (чиста) плата и од нето плата во бруто плата. Веб калкулаторот се наоѓа на страницата www.loginsystems.biz/plati . Примери за калкулација на плати во две насоки За поголемите фирми и организации кои имаат потреба од пресметка на плати за поголем број на вработени, водење евиденција на вработените и нивните договори, Логин Системи ја препорачува апликацијата за плати и човечки ресурси базирани на Dynamics NAV. Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на сметководствени и бизнис решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #PR #MK #Сметководство

  • Додадени опис на функционалности за CRM на сајтот

    Поставивме нов оддел на веб сајтот: за управување со релации со контакти/коминтенти (CRM). Описот на функционалности може да го прелистате тука ,,,

  • Видео „Како да направам“: Скенирани документи во Dynamics NAV

    Со видео сесијата се покажува како се користат скенирани дојдовни документи. Обично овие дојдовни документи се прикачуваат на набавни фактури или на налог за книжење на набавки. Исто така може да се прикачат и на продажни документи - на пример, договори, порачки, спецификации и слично. Повеќе инфо и преглед на видеото има тука .

  • ПДД-ГИ за различни видови на исплата

    Подготовката на ПДД-ГИ (Годишен извештај на исплатувачот на приходи за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи во Македонија) во Dynamics NAV се прави во модулот за плата преку автоматско превземање на податоците од исплатените плати (и даноци и придонеси) во текот на календарската година. Како дел од овој извештај, исто така автоматски се превземаат и податоците за испалтениот регрес на вработените и се сместуваат во соодветните полиња од образецот. - од постот на Евгенија Ѓорѓиева во "Како да направам" од форумот на Логин Системи. Продолжи со читање тука ... коментари и прашања се добредојдени! #Плати

  • Плати: Ажурирање со договор и Исплата на дел од плата

    Форумот во рубриката "Како да направам" е побогат за два нови поста за плати и еден за регрес. Авторот Евгенија Ѓорѓиева објаснува чекор по чекор за: Ажурирање на плата преку договор Пресметка на дел од плата Пресметка на регрес за годишен одмор Повеќе за авторот има на линкот тука . #Плати

  • Форум: Отворена нова рубрика ,Прашања и одговори,

    Рубриките "NAV: на едно место" и "Како-да-направам" се споени во рубриката "Microsoft Dynamics 365". Воедно, се отвори нова рубрика "Прашања и одговори". Во рубриката "Прашања и одговори" секој ќе може да се советува со заедницата и консултантите од Логин Системи на теми од сметководството, деловното работење, ERP и Dynamics NAV. Ќе може да се постави прашање во врска со производот Microsoft Dynamics NAV, лиценцирањето, цените, проблемите во работата или општо за сметководството или ERP. Рубриката се наоѓа на страницата тука ... Упатство како да се постави прашање има тука ...

  • Ново: додаден оддел за комерцијално и магацинско работење на сајтот

    Скопје, 12.01.2018. Денес, Логин Системи објавува дека го надополни својот веб сајт со оддел за комерцијално и магацинско работење. Во овој оддел има содржини со опис на функционалности од областа на продажбата, набавките, залихите и артиклите како и напредното магацинско работење. Софтверската поддршка на комерцијалното и материјалното работење одредува дали фирмата ќе биде доволно оперативна за да одговори квалитетно и брзо на барањата на купувачите, да постигнува успешни резултати и брзо да се престројува на пазарните предизвици. Одделот за комерцијално и магацинско работење се наоѓа на адресата www.loginsystems.biz/komercijalno-materijalno . 4 групи на функционалности: Продажби, Набавки, Залихи и артикли и Напредно магацинско работење Заедно со Сметководството и финансиите, одделот за комерцијално и магацинско работење се најкористените функционалности на сметководствениот и ERP систем - Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #PR #DynamicsNAV #MK #Сметководство

  • Златно корпоративно видео на Логин Системи

    За светски сметководствен и бизнис софтвер каков што е Microsoft Dynamics NAV, прилега само светска промоција во Македонија. Сите активности мора да бидат светски. И нашите резултати сме обврзани да бидат светски како и резултатите на нашите клиенти. Погледни го видеото подолу ...

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page