За Пејпал се бара масовност. Активна масовност. Да презентираме на Пејпал дека има потенцијален бизнис. Сите викаат дека има интерес. Верувам дека има интерес. Но знаете многу добро дека во бизнисот се важни бројките. И големите играчи одлуки прават според бројки наместо на емоции. Иницијативата за Пејпал ја потпишаа 1300 ентитети, дел фирми, дел поединци. Неочекувано висока бројка која многу пријатно ме изненади. Сепак. Пред две години ова беше недоволно за Пејпал да отвори операции во Мк. И сега не е доволно. Некои се обратиле во Пејпал и добиле куртоазен одговор дека не е време за бизнис одлука. Ни останува самите да си помогнеме. Да го сработиме нашиот дел од задачата. Утре Пејпал да дојде, дали некој знае колкави провизии ќе имаат банките? Колкава ќе биде тарифата на шпедитерите? Ако треба да продадам слика за 200 евра, колку ќе ми остане како печалба? На пример, ако за транспорт ми требаат 50 евра, шпедитерот ми зема 60 евра, банката да ми земе 30 евра, Пејпал ми зема 2,5%, колку пари ќе ми останат од 200 евра? Ќе излезе дека за слика од 200 евра може ќе треба да се издвојат Цирка 130 евра како трошоци. Или повеќе, а може и многу помалку. Каде се материјалите и трудот? Дали се исплати? Затоа е важно да се дебатира фокусирано на форум наместо на разни места на фејсбук, важно е да има сугестии и коментари, да се споделува. Да се изродат нови идеи како да се подобрат условите за работење. И потоа една по една да се решаваат во институциите. Само така може да има прогрес. Кога ќе се средат работите, Пејпал не мора да дојде. Ќе дојде некој друг ... Но системот и процедурите во државата ќе стане подобрен. Нека не ве м’рзи. Пред многу години некои се фатиле за пушка за да се изборат за подобар живот. Ние можеме со “модерни” пушки да се избориме за подобра сегашност и иднина. ❤️Мк

"Иницијативата за Пејпал ја потпишаа 1300 ентитети, дел фирми, дел поединци. Неочекувано висока бројка која многу пријатно ме изненади. Сепак. Пред две години ова беше недоволно за Пејпал да отвори операции во Мк. И сега не е доволно. Некои се обратиле во Пејпал и добиле куртоазен одговор дека не е време за бизнис одлука." Не би се соогласил со горецитираното. Колку што сум запознаен јас со ситуацијата, ПејПал сеуште немаме поради тоа што одговорните министерства и банките во државата со години не дозволуваат да имаме. Воедно, Венко и ти имаше твит во 2017-та со одговор од ПејПал каде јасно е наведено дека банките во МК со години не им дозволуваат да ги прошират своите услуги. Во текстот горе велиш да се фатиме за работа и да одиме по институциите, една по една за да ги решаваме проблемите, ако добро го разбрав тој дел. Воопшто не би се соогласил со тоа, Венко 2020-та е за неполни 3 месеци, Македонија и Косово останаа единствени без ПејПал. Дали некој во државата е платен за да работи да овозможи услови за работење, да средува препреки и да се преговара со ПејПал за да почне да работи и кај нас, или некој е платен за да седи, а ние што со години чекаме ПејПал, без да сме платени ќе трчаме да ја завршиме работата на тие што се платени да го работат тоа? Дали имаме ние право да ги запрашаме одговорните министерства како и НБРМ, зошто останавме последна држава на Балканот каде нема ПејПал, зошто никој од нив не излезе јавно да каже зошто немаме ПејПал во државата? Дали може да ни кажат дали воопшто имало обид да се контактира ПејПал по официјални канали, или ќе пуштат една две вести по медиумите дека министерството за финансии ја превземало иницијативата за ПејПал, а во позадина можеби воопшто не се ни потрудиле да направат нешто друго освен да кажат дека ја превземале иницијативата. Дали државата е свесна дека многу голем дел од младите се отселија од државата, дали со ваквиот однос сакаат и останатите да се отселат? Што треба да правиме ние, да бараме Бугарско државјанство за да можеме да отвориме ПејПал, бидејќи нашата држава не ја лази мува дека останавме последни без ПејПал и никој јавно не проговори зошто немаме? Браво за твоите напори, и постојани обиди да ги информираш надлежните министерства, да објавуваш новости околу ПејПал, но јас колку што гледам во нашава држава апсолутно никој од надлежните не се интересира за оваа област. Моите очекувања се дека како што се крена прашина во 2017-та околу ПејПал, истото се случува моментално, ќе се прикаже дека демек нешто се работи, и повторно ќе настане затишје неколку години, а банките ќе останат главните играчи.
Држи вода тоа што го пишуваш Мартин. Имаме причина за длабока разочараност. Мислам дека е подобро да гледаме во сегашноста и во иднината.
неколку поенти тука ќе напишам како појаснување на твојот коментар:
После две години можам слободно да заклучам дека банките не се (единствениот) дел од проблемот. Да имаше пазар, да имаше илјадници коментари, барања, нови производи и услуги, Пејпал самиот ќе дојдеше и ќе работеше со банките како да се пособри регулативата за нивен влез. Зарем Естонија или некоја друга земја ги молеле од Пејпал? Сигурно не. Тие само објавиле цифри за нивната економија, потенцијалите и регулативата. Потоа “ајкулите” сами доаѓаат.
Сведок сум дека советникот на тогашниот министер, гнот Бранимир Јовановиќ, се заложи и комуницираше со Пејпал. Вратите беа затворени од горенаведените причини
Работата е дека како земја не сме спремни за Пејпал и останатитр платежни процесори. Дали мислиш деке е во ред фиксните трошоци за ваквиот тип на трговија треба да бида преку 100 евра? Подобро е да стимулираме илјадници и илјадници микро фирми да продаваат по светотв отколку да се зависи од сторина, кои патем ги држат работниците на минимум. Со моменталната поставеност, освен за услуги и тоа високопрофитабилни ИТ, Пејпал не е атрактивен за поширокиот круг на претприемачи
Не се очекува од нас да шетаме по институции. Од нас се очекува да го држиме нивото на будност и да даваме предлози и сугестии ко8 потоа канализирано ќе се комуницираат со надлежните. Ете се покрена тркалото. Народната банка направи измена. Заменикот министер за економија ќе одвои ресурси за Пејпал. Напред да гледаме. Ако гледаме само назад и зошто сме на ова дереџе, работите нема да одат на подобро.
@Venko Gligorov Информацијата дека од министерство за финансии се обратиле до ПејПал за мене е нова. Јас ги имам исконтактирано ПејПал, и одговорот беше дека проблемот е до банките и законските регулативи, што се однесува до нив они се секогаш за проширување на нашиот пазар. Се соогласувам дека моментално ИТ пазарот е најспремен и ќе има најголема корист од ПејПал, но сепак според мене тоа е и доволна причина за да се доведе ПејПал. Ако царината, транспортот и ред други работи не се доволно подготвени за да се спроведе евтин извоз на физички продукти/пратки, не значи дека воопшто не треба да имаме ПејПал додека тоа не се среди. Околу тоа дека сме мал пазар и треба да покажеме бројки за да ПејПал дојде, би го поставил прашањето до надлежните, како Албанија, Србија, и Босна и Херцеговина пред многу години добија целосно функционален ПејПал каде ниту ИТ индустријата во тие региони не беше развиена, а да не зборуваме за мали пратки. Мојот личен став е дека државата не е целосно искрена, и дека со години некој намерно не сакаше да почне да функционира ПејПал. Еве јавно тука ги повикувам надлежните со едно соопштение да кажат каде е проблемот со ПејПал, дали ќе има доволно храбар некој од нив за да каже, па макар и да излажат, барем нека кажат зошто овој сервис сеуште не функционира во државава. Кога сме кај ИТ сферата, цел свет исплаќа преку ПејПал, во држава како Македонија каде економијата е толку слаба, и постојано слушаме дека во иднина ќе постои голем недостаток на работна сила поради масовното заминување на работоспособното население, од кои голем дел се од ИТ сферата, државата најмалку што може е под итна постапка за да ги мотивира младите како и да ја стимулира економијата, е да се заложи максимално за да се донесе овој сервис и да се тргнат сите пречки. Како можеа да носат разно разни закони за банални работи преку ноќ, по експресна постапка, а законот за отварање на акаунти кај ПејПал и слични сервиси го сменија дури во Август 2019-та. Пак ќе повторам, моето лично убедување е дека како и претходните години, едноставно надлежните пробуваат да не откачат буквално кажано, не се искрено заинтересирани за проблемот, дури не ни сакаат јавно да излезат и да кажат каде е проблемот, при што јас не гледам причина да не може да се каже освен ако станува збор за скриени намери каде некои бизниси во државата се штитат поради високата заработка со провизиите. Се извинувам за долгиот пост, но верувај можам цела книга да напишам за тоа колку сум разочаран и изреволтиран од состојбата во државава и колку време губиме расправајќи се и дискутирајќи толку банални работи, кои на другите држави им се овозможени и дадени за користење многу одамна, а ние сеуште сме во камена доба.
@Martin За Босна не сум упатен но за Албанија можам да кажам. Банките во Албанија се странски десетина години и повеќе. Големи банки како Рајфајзен. Меѓу фирмите во домашниот пазар може да се плаќа во леки, долари и евра. Кај нас само во денари. Бројот на жители е дупло поголем од Македонија. Луѓето од пред 10 години многу повеќе го користат интернетот за купување и продавање. Кај нас последниве години има напредок. Странските инвестиции се неколкукратно поголеми од Македонија, за неофицијалните муабет да не правиме. Поштата во Албанија е многу подоверлива од нашата. Секако и членството во НАТО од 2009та не е за занемарување. Кога ќе се земе сето тоа во комплет, Албанија е пристојно привлечна за процесори како Пејпал.
Постапката за отворање на пејпал сметка за трговци и продавачи е многу едноставна. Отвораш девизна сметка во банка во Албанија - на пример ПроКредит. Ја пријавуваш сметката во Пејпал и си го ажурираш профилот на пејпал. И почнуваш да продаваш. Парите од продажбата преку Пејпал се префрлаат на сметката на банката секој први во месецот.
Eden od klucnite cekori za da se namalat trosocite za izvoz na poedinecni mali pratki, e za izvozni proceduri da se koristi Spedicijata na Makedonska Posta, ovde mislam moze da de izdejstvuva nekoja povlastena cena, i poednostavena procedura! Koj saka pobrzo ili poskapo, neka ide kaj DHL Fedex...
@Albert Ziberi, да, во тој правец може да се развиваат активностите.
„Постапката за отворање на пејпал сметка за трговци и продавачи е многу едноставна. Отвораш девизна сметка во банка во Албанија - на пример ПроКредит. Ја пријавуваш сметката во Пејпал и си го ажурираш профилот на пејпал. И почнуваш да продаваш. Парите од продажбата преку Пејпал се префрлаат на сметката на банката секој први во месецот. “ Зарем смее македонски државјанин да отвори сметка во странска банка? Како тие приходи би се оданочиле во Македонија? Може да ми ја појасните постапката и македонската законска регулатива?
Пишувам пример како се отвора Пејпал сметка за тамошните фирми.
Во Македонија не е на располагање Пејпал за продажба.
@Venko Gligorov сфаќам, де. А зошто не ја променат таа регулатива, на пример, па да можеме да отвораме сметки во странство (па пејпал преку нив) и тоа да се оданочува тука? Оти очигледно економските политики, освен оданочување на население, слабо ни одат
@Ana Barr David Сегашните заложби се да може да се отвораат пејпал сметки во домашните банки. За таа работа потребно е Пејпал да не’ отвори во нивните книги. На другите објави од форумот има повеќе за ова.
Неверувам дека пазарот е причината, Пејпал е активен во земји кои имаат помал пазар и од нашиот.
Од овие можеби некои имаат за нијанса подобра економија, но повеќето се поутепани од нас.
Antigua and Barbuda,
Barbados,
Belize,
Dominica,
Fiji,
French Polynesia,
Grenada,
Malawi,
New Caledonia,
Palau
Saint Kitts and Nevis,
Saint Lucia,
Seychelles,
Trinidad and Tobago
Turks and Caicos Islands
Zdravo,
Me intersira dali ako za uslugi koi nudam na Internet, kako fizicko lice - gragjnin na drzavava, pri preflranje na parite od PayPal vo smetka licna vo Banka vo zemjava treba da uplatam nekoj danok ?
@Павле Гацов има објаснување во следниот коментар. Евентуално, @Мери Каровска ако има за дополнување.