top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

388 results found with an empty search

  • Соопштение: Додаден нов оддел за сметководство на сајтот

    Скопје, 05.01.2018. Денес Логин Системи објавува дека постави нов оддел за сметководство на сајтот на Логин Системи. Сите битни функционалности во сметководството и финансиите се поставени на едно место - www.loginsystems.biz/smetkovodstvo . Тие се организирани во 4 категории и тоа: Главна книга, Ракување со готовина, Основни средства и Извештаи и анализи. "Со описите на функционалностите за сметководството ја заокружуваме целината соствена од вики-страници, блог-постови и форум за размена на знаење и искуства." изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. "Оваа целина е неопходна за развојот и напредокот на сметководителите бидејќи тие се битниот фактор за успешното работење на самите организации." Одделот за сметководство и финансии се базира на функционалностите од Microsoft Dynamics NAV и надополнувањата на Логин Системи. Со повеќе од 100.00 корисници во светот, Dynamics NAV е еден од најпопуларните сметководствени и ЕРП програми за мали и средни организации во светот. Неговата прилагодена верзија е во функција во Македонија 15 години. Категории во одделот за сметководство Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #Сметководство #MK #DynamicsNAV #PR

  • Функционалности за сметководство

    Сите битни функционалности во сметководството и финансиите ги поставивме на едно место. Тие се организирани во 4 категории и тоа: Главна книга, Ракување со готовина, Основни средства и Извештаи и анализи. Функционалностите може да се прегледаат на линкот www.loginsystems.biz/smetkovodstvo. #Сметководство

  • УЈП: Пријавување и плаќање на персонален данок (физички лица)

    Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека со новиот софтверски систем „е-Персонален данок на доход“ ќе се овозможи следење во реално време на пресметките и плаќањето на Персоналниот данок на доход за физички лица од аспект на приходите остварени по сите основи, како и подобро планирање на јавните финансии за државните органи, што се планира да се имплементира во јануари 2018 година (по усвојувањето на измените на Законот за персонален данок на доход). Продолжи да читаш со можност за коментирање тука ... #УЈП #Данок #Сметководство

  • Форум: Интегрирано сметководство со ЕРП

    ЕРП системот овозможува интегриран поглед кон основните деловни процеси во реално време со користење на заеднички бази на податоци. Тој води евиденција на деловните ресурси какви што се парите, суровините, лагерот, опремата, капацитетот на производството, како и статусот на деловните обврски: порачки, набавни порачки и плати. Апликациите или модулите од ЕРП системот споделуваат податоци помеѓу различни деловни оддели во организацијата и овозможуваат проток на информации помеѓу деловните функции во организацијата. Продолжи да читаш со можност за коментирање тука ...

  • Во Фокус: Битка или соработка меѓу сметководителите и фирмите

    Што се случува ако фирмата одлучи да користи ERP решение со вградено сметководство и интегрирано комерцијално-материјално работење? Дали со тоа фирмата кажува збогум на сметководственото биро? - пишува Венко Глигоров. На прва помисла, користењето на ERP решенијата кај малите фирми ќе ја намали работата на сметководствените фирми. Некои бироа стравуваат дека ќе ја изгугат работата со своите клиенти. Веројатно со право мислат така. Но дали користењето сметководство базирано на ERP не може да биде голема можност за дополнителни приходи на сметководствените бироа?  Продолжи да ја читаш целата колумна тука ...

  • Пешки на работа

    Логин Системи се придржува на акцијата за некористење на возила кога за тоа не е неопходно. „На работа одам пешки секој ден точно две години. Му се фаќа околу 25 минути во еден правец - или отприлика еден час во два правци. Враќањето обично е поспоро. Покрај подобрувањето на мојата кондиција, имам време и за размислување на текот на денот или да правам резиме на крајот на денот.“ напиша Венко Глигоров, основач и главен менаџер во Логин Системи на својата фејсбук страница. „Често ставам слушалки и уживам во музиката. Немаше да го пишувам ова но бидејќи е потребно на свој пример да покажеме за другите - еве за мене. Walk the talk .... Успешна седмица посакувам ... “ завршува Глигоров. Линк со видео: https://www.facebook.com/VGligorov/videos/vb.148668665323900/749818961875531/?type=2&theater¬if_t=like¬if_id=1513587847140776

  • PayPal за прием на пари нема да има оваа година

    Скопје, 05.12.2017. Денес, Венко Глигоров, управител на Логин Системи и водач на приватната иницијатива за воведување на PayPal за прием на пари во Македонија објавува дека оваа опција нема да биде расположива до крајот на оваа година. "Во паралелна акција со Министерството за финансии се обидовме да ја обезбедиме неопходната услуга од PayPal и сега за сега немаме значителен прогрес." изјави Венко Глигоров. "Во коресподенцијата со PayPal не се истакнува некој посебен период кога би започнале подготовките за сервисот". Според иницијаторот, напредок во процесот би се постигнал со средба помеѓу државното ниво на Македонија заедно со челните луѓе од PayPal. На оваа средба би се презентирале плановите на Македонија за економски развој и евентуалните бизнис иницијативи кои би стимулирале електронска комерција. "Македонија е мала земја и недоволно атрактивен пазар и само со лобирање од повеќе страни може да се придобие PayPal да го воведе овој сервис во Македонија.", истакнува Глигоров. "Заради евидентните потреби, деловната заедница во Македонија и професионалците во различни области се приклучија на иницијативата со голем елан и оваа иницијатива треба да продолжи посилно во наредна фаза и на повисоко ниво." Повеќе информации за иницијативата може да се најдат на адресата https://goo.gl/7wo2Ur . Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz . #PR #MK #Општественаодговорност

  • Брз преглед на новините во Microsoft Dynamics NAV 2018

    Microsoft Dynamics NAV 2018 е на располагање на сите корисници во светот од први декември 2017. На форумот на Логин Системи поставивме брз преглед за новините во оваа најнова верзија на популарниот ERP систем во однос на Microsoft Dynamics NAV 2017. Прочитај тука ...

  • Како-да: Импортирање на изводи од банка

    Преку автоматското превземање и вчитување на изводите, покрај тоа што веднаш се вчитуваат линиите од изводот, Логин Системи овозможи и препознавање на контата и коминтентите за кои се однесуваат трансакциите (плати, провизии, преноси и тн), така што целата операција за внесување и книжење на изводите се сведува на три кратки чекори: Вчитај -> Провери -> Искнижи! Продолжи да читаш тука ... #Изводи #Сметководство #Dynamics365

  • Форум: Сегашност и иднина во нудење на сметководствени услуги

    Еволуцијата во сметководството е незапирлив процес. Овој процес е воден од потребите на фирмите да имаат навремени извешти за да донесуваат брзи и квалитетни одлуки. И податоците да ги користат од било кој уред, во било кое време и на било кое место. Начинот на работа преку размена на документи и книжења (и извештаи) е минато. Современите потреби на фирмите изискуваат потесна соработка со сметководствените бироа и работа на еден софтверски систем. Продолжи да читаш тука ...

  • Форум: Процес на набавки

    Кражбите и манипулациите се во набавките. Како да се воведе ред и информатичка поддршка? Во постот на Венко Глигоров се објаснува процесот на набавки и негова реализација во Microsoft Dynamics NAV. Целата операција започнува од барањето за набавка што го има некој вработен или оддел. Ова барање може да се запише директно во Dynamics NAV како Набавно требување (анг. Purchase Requisition). Алтернативно, ако организацијата е голема и сите немаат пристап во ERP системот, тогаш одобрувањата на требувањето се прави на хартиен документ. Продолжи со читање тука ...

  • Настан: Богати сметководствени услуги

    Отворен е настанот за сметководители и финансиски менаџери - Богати сметководствени услуги. Повеќе информации и пријавување има тука ...

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page