top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

397 results found with an empty search

  • Функционалност за компензација во Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central

    Изведба на компензација во Dynamics NAV се прави преку пополнување на дневникот за плаќања. Во овој дневник се ставаат неплатените фактури од двете договорни страни и потоа се искнижуваат. Бидејќи се изведува „рачно“ овој процес може да земе многу време за изведба, а можностите за грешки или превиди се големи. Затоа Логин Системи креираше функционалност за креирање, печатење и книжење на компензации. Оваа функционалност е составен дел од Македонската локализација . Поврзување на купувач и добавувач Прво е потребно да се поврзе фирмата-купувач со истата фирма, но во улога на добавувач. Оваа операција обично се прави при самото креирање на купувач или добавувач. Во екранот за компензации се става бројот на купувач или бројот на добавувач и модулот автоматски ги дава отворените фактури од едната и другата страна. Креирање на предлог на компензација Потоа во дневникот за плаќања, се избира пакетот за компензација и се избира „Предложи компензација“. Печатење на компензација Модулот овозможува и печатење на документ – Договор / изјава за пребивање / компензација и потоа нејзино испраќање до организацијата со која се прави компензација. Печатење на компензација Откако се добие потпишан документ, книжењето на компензацијата се прави на ист начин како и другите дневници. Корисни линкови Функционалности на Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central Македонска локализација #msdynnav #msdyn365bc

  • Побрзо до информации во движење со мобилната Wix апликација за сајтот на Логин Системи

    Скопје, 29.04.2019. Логин Системи, овластениот провајдер на Dynamics NAV / 365 Business Central, информира дека мобилната апликација за побрзо прегледување на содржините на веб сајтот на Логин Системи е расположива за сите посетители на сајтот на Логин Системи. Преку мобилен телефон или таблет со Android/iOS оперативен систем ќе може секој да се придружи на форумот за сметководство и бизнис, да ги чита блог-објавите и новостите за софтверските деловни решенија ЕРП. Ќе може да се дебатира за ПејПал, како и да се четува со другите членови на заедницата на Логин Системи. Со активности поврзани со Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central, корисниците на мобилната апликација потенцијално ќе градат меѓународна кариера. „За разлика од претходната наша мобилна апликација која беше повеќе како засебен прелистувач на сајтот, оваа апликација е направена да работи брзо, да има интеракција со сајтот и членовите на сајтот, и да може да се прегледуваат содржините појасно.“ изјави Венко Глигоров , управител на Логин Системи. „Ја избравме платформата на Wix за ова решение бидејќи се користи кај милиони корисници во светот и фирмата е посветена на унапредување на мобилната платформа“. Пред две години сајтот на Логин Системи го посетуваа 30% мобилни корисници. Од оваа година мобилните корисници се повеќе од половина со пенетрација од 60%. Функционалности на мобилната апликација ✅ Користење на форумот Покрај рубриката за Сметководство и финансии , креиравме и живи се рубриките за Стратегија и менаџмент , Dynamics NAV / 365 Business Central , ПејПал , Бизнис стил и здравје , и Бизнис совети . ✅ Комуницирање со заедницата на Логин Системи ✅ Закажување средба за користење услуги од Логин Системи ✅ Контакти за директна комуникација ✅ Блог-содржини за ERP и актуелности Поканата за користење на мобилната апликација може да се преземе од адресата http://wix.to/F0BBAGI. Логин Системи е овластен провајдер на софтверски деловни решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central од 2002ра година до денес. Повеќе на www.LoginSystems.biz.

  • Калкулаторот за плата проширен со ангажман, персонален данок на ефективна плата

    Скопје, 25.04.2019. Логин Системи го дополни бесплатниот веб калкулатор со нови функционалности и ги подобри постоечките. Новини кај калкулаторот се пресметка на плата според ангажман во текот на месецот, пресметка на персонален данок според ефективна плата или целосна плата. Овие функционалности заедно со можноста за избор на месец и година како и работен стаж, го прави веб калкулаторот на Логин Системи најцелосно бесплатно решение за плата во Македонија. Процент на ангажман % Се става вредност во проценти на време посветено на работа во месецот во организацијата. Ако се стави 50% тоа значи дека пола од времето во месецот вработениот е во организацијата. Персонален данок на ефективна плата Ова поле игра улога ако полето Ангажман % е различно од празно и е различно од 100. Ако е штиклирано, персоналниот данок се пресметува на ефективната плата. Ако не е штиклирано, персоналниот данок се пресметува на целосниот месечен износ на платата и се множи со полето Ангажман %. Во исписот на пресметката се назначени и бројот на ангажирани часови во месецот. Персоналниот данок може да се пресметука на ефективни работни часови во месецот или на целосната плата како да работи вработениот со 100% ангажман во месецот. Во горенаведениот пример ова поле нема влијание на персоналниот данок бидејќи целосната плата не оди на прагот за пресметка на прогресивен данок. Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот. Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV / 365 Business Central партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија). Повеќе за Dynamics NAV / 365 Business Central има на линкот www.erp.mk/DynamicsNAV. #плата #сметководство #dynamicsnav #msdynnav #msdyn365bc

  • Поставена селектирана листа референци на сајтот на Логин Системи

    Скопје, 19.04.2019. Од неодамна Логин Системи постави подредена листа на референци на Логин Системи за Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central и други деловни апликации кои се користат или користеле во изминатите 25+ години. Во своето речиси 30 годишно работење, Логин Системи стекна преку 1000 купувачи на ИКТ опрема и неколку стотини корисници на софтверски решенија и услуги. Во 90тите години и почетокот на милениумот, преку 400 фирми, банки и институции ја користеа апликацијата Инфо-изводи за пристап и преземање на податоци од Заводот за платен промет - посебна верзија за банките Инфо-бан користеа сите банки и тогашната Народна банка на Република Македонија. Иако Логин Системи имаше свој програм за сметководствено и деловно работење кој го користеа неколку десетина фирми, компанијата одлучи да се посвети на во тоа време Navision, кој потоа се преименува во Microsoft Dynamics NAV, а од април оваа година и официјално брендот се преименува во Microsoft Dynamics 365 Business Central. За одбележување е и активноста на Логин Системи во консултантските и тренинг услугите поврзани со ERP и Balanced Scorecard. Листата на референци содржи имиња на дел од фирмите и институциите кои користеле и користат производи и услуги до Логин Системи. Референците може да се погледнат на линкот www.loginsystems.biz/referenci. За попријатна работа на посетителите на сајтот, ставивме можност за филтрирање според земји, индустриски гранки и типови на решенија. Логин Системи е компанија основана во 1991ва година во Скопје, Македонија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz. #dynamicsnav #msdynnav #msdyn365bc

  • Лиценците за Dynamics NAV за нови корисници историски: Добредојде Dynamics 365 Business Central

    Скопје, 12.04.2019. Microsoft ја информира јавноста дека од први април оваа година (01.04.2019) новите корисници ќе имаат на располагање само набавка на лиценци од Microsoft Dynamics 365 Business Central. Лиценците за Dynamics NAV за нови корисници се недостапни и постануваат историски. Постојните корисници на Microsoft Dynamics NAV може да продолжат да набавуваат Dynamics NAV лиценци за корисници и објекти согласно моделот на лиценцирање што го избрале претходно: трајно лиценцирање или месечна претплата. Логин Системи започна со мигрирање на страниците на веб сајтот од Dynamics NAV кон Dynamics 365 Business Central. „Постоечките корисници на Dynamics NAV ќе ја имаат поддршката како и до сега“, вели Венко Глигоров, проектен менаџер и управител во Логин Системи. „Сепак, нашите развојни насоки во наредниот период ќе бидат кон Business Central и неговото прилагодување за употреба во Македонија и регионот.“ Корисни линкови: Трајно лиценцирање или месечна претплата Податочни листови за Dynamics 365 Business Central Функционалности на Dynamics NAV / 365 Business Central Како најбрзо до поставување на нов ЕРП систем? Форум на Логин Системи

  • Ажуриран веб калкулаторот за плата со најнови податоци од Статистика

    Скопје, 22.01.2019. Веб калкулаторот за плата е ажуриран со најновите износи за минимална плата и со максималниот износ на плата после кој не се пресметуваат придонеси за плата. Како што информира МСФИ , просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2019 година изнесува 36.017 денари . Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2019 година (согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување). Слики: изглед на екраните на мобилен телефон Android Веб калкулаторот на Логин Системи е бесплатен за заедницата на Логин Системи, а зачленувањето е многу едноставно и брзо - заинтересираните може да се зачленат со емаил адреса, или со еден од профилите за Facebook и Google+. Калкулаторот е оптимизиран за работа со десктоп и со мобилни уреди Android и iOS. Веб калкулаторот се наоѓа на адресата www.erp.mk/presmetaj-plata. Поврзани информации: Дополнување со работен стаж: бесплатен веб калкулатор за пресметка на плата за 2019та Нови износи на даноци и придонеси за пресметка на плата 2019 - рекапитулар Подарок за празниците: бесплатен веб калкулатор за пресметка на плата за 2019та Во своето преку 20 годишно работење Логин Системи има имплементирано софтверски решенија во преку 400 македонски фирми, банки и институции. Работиме посветено за да ја извршиме поставената задача навремено, стручно и во буџетот што сме го договориле со корисникот. Логин Системи е овластен Мicrosoft Dynamics NAV / 365 Business Central партнер од 2003та година – прва фирма во регионот (Македонија, Косово, Албанија). #плата #сметководство #dynamicsnav #msdynnav #msdyn365bc

  • Логин Системи меѓу најветувачки 50 провајдери на Microsoft Dynamics за 2019

    Скопје, 20.03.2019. Неодамна Логин Системи е информирана дека CIOReview ја смести компанијата Логин Системи во најтесниот избор на 50 најветувачки провајдери за деловни солуции на Microsoft за годината 2019. Панелот за избор на провајдери на деловни решенија евалуираше неколку стотини провајдери според нивната способност да им помагаат на ИТ директорите и сопствениците на фирмите за да ги пребродуваат предизвиците. За таа цел CIOReview подготвува специјално издание за Microsoft решенија во која ќе се наоѓа и листата „50 најветувачки провајдери на солуции на Microsoft за 2019“. Широкото портфолио на производите и услугите на Microsoft во комбинација со експертизата и програмерските ресурси се од голема полза за ИТ доректорите во нивната потрага за вистински избор за нивата организација. CIOReview е магазин за технологија во компанииете со преку 77.000 претплатници низ САД. CIOReview.com е онлајн заедница од активни бзинис професионалци со преку милион посетители месечно и неколку илјади следбедници на Twitter и другите социјални мрежи. Со своето речиси 20 годишно искуство со Microsft Dynamics NAV, Логин Системи има најбогато искуство и палета на решенија за сметководство и деловни апликации во Македонија и регионот. #msdynnav #msdyn365bc

  • Магацински извештаи во македонската локализација во Dynamics NAV

    Како дел од Македонската локализација на Microsoft Dynamics NAV, Логин Системи изработи нови магацински извештаи или ги подобри постоечките што доаѓаат заедно со Dynamics NAV. Извештаите за магацин во NAV не ги содржат сите потребни колони што ги бараат книговодителите и финансиските менаџери во Македонија. Логин Системи изработи „Аналитичка картичка на артикл“ (материјално и финансиско движење на артиклот во соодветен период и локација), „Финансиска состојба по магацини“ и “Материјална евиденција во трговија“ - МЕТГ извештаи кои не постојат во NAV. Кај извештајот за вреднување на залихата додадовме колона за почетната состојба плус влезот за соодветниот период. Бидејќи операцијата за вреднување на залихата и претставување во извештај може да биде подолготрајно, а на корисникот му е потребен брз податок на екран, Логин Системи изработи „Центар за брзо вреднување на залиха“. Преку овој центар корисникот може да исфилтрира податоци за магацин, период, категорија на артикл, број на артикл и да ги прикаже на екран спремни за копирање во Ексел. Повеќе за македонската локализација и надополнувањата има на страната „ Македонска локализација и надополнувања “. #msdynnav #msdyn365bc #сметководство

  • Македонска локализација во Dynamics NAV: финансиски извештаи

    Како дел од Македонската локализација на Microsoft Dynamics NAV, Логин Системи изработи нови финансиски извештаи или ги подобри постоечките што доаѓаат заедно со Dynamics NAV. Извештајот Бруто биланс (заклучен лист) содржи колони за почетната состојба, промет во дадениот период, колона за почетна состојба + промет, салдо во Должи и Побарува, како и колона за “пребиено“ крајно салдо на контата. Аналитичките картички за конто, купувач и добавувач се направени да одговараат на барањата на финансиските менаџери во македонските фирми (стандардните картички не содржат разграничување на износите во колони за Должи и Побарува, како и други важни информации). Логин Системи изработи и девизни картички за странски добавувачи и купувачи, со комбиниран приказ на износите и во локална и во странска валута. Нови извештаи се извештајот за деловен партнер и извештајот за вработен. Првиот извештај ги дава заедничките информации за деловен партнер ако се јавува како купувач и како добавувач. Вториот извештај дава интегрални податоци за вработениот за каса-прими, каса-исплати, ситен инвентар, плата (ако се книжи платата по вработен) и сите други трансакции евидентирани во главната книга, а поврзани со самиот вработен Повеќе за македонската локализација и надополнувањата има на страната „ Македонска локализација и надополнувања “. #msdynnav #msdyn365bc #сметководство

  • Затворање на сметководствена година за завршна пресметка 2018 со Dynamics NAV / 365 BC

    Во период кога се изготуваат и предаваат завршните пресметки, софтверот за сметководство треба да е способен да ги автоматизира пресметките и подготовката на извештаите. Една од клучните операции за изготовка на завршната пресметка е затворање на фискалната (сметководствената) година. Затворањето на фискалната година во Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central се прави во три чекори: Затворање на пресметковниот период Затворање на билансот на успех преку повикување на функционалност за затворање Книжење на ставките за затворање на годината. Поопширно за самата постапка за затворање на годината има на форумот на Логин Системи „ Како да затворам година “ - објава на Евгенија Ѓорѓиева. Повеќе за Dynamics NAV / 365 Business Central има на www.ERP.mk/DynamicsNAV . #сметководство #msdynnav #msdyn365bc

  • Поставен календар за бизнис настани и запазување на рокови кон УЈП и институциите

    Скопје, 20.02.2019. Логин Системи објавува дека е поставен календар за бизнис настани и рокови кои треба да се запазуваат при испраќање на извештаи кон Управата за јавни приходи и другите институции во Македонија. „Целта ни е корисниците на услугите на нашиот веб сајт да имаат место кадешто ќе се информираат и потсетуваат за наредните настани и рокови.“ изјави Венко Глигоров, модератор на сајтот на Логин Системи. Со кликнување на одреден настан се добиваат повеќе информации за настанот со можност настанот да се копира во календарот на самиот посетител на сајтот. Бизнис календарот се наоѓа на линкот тука !

  • Месец за плата - месечни ресурси потребни за пресметка на плата

    Надополнување на бесплатниот веб калкулатор за плата со податоци потребни за пресметка на платата. Скопје, 03.02.2019 . Логин Системи постави веб страница со месечни ресурси потребни за пресметка на бруто и нето плата. На оваа страница може да се прегледаат работните денови, работните часови, минималните и максималните износи за плата, стапките за придонеси како и нивните износи при пресметка на минимална и максимална плата. "Оваа страница е дополнување на бесплатниот веб калкулатор за плата што неодамна го дополнивме со прогресивен данок и сменети стапки за придонеси од плата" изјави Венко Глигоров , Логин Системи. Моментално се поставени податоци за годините 2017, 2018 и 2019 година. Страната со податоци за плата може да се посети на линкот https://www.loginsystems.biz/plati

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page