Најбрзо до посакуваните резултати

Ти го нудиме нашето најдолго и најразновидно искуство во работењето со ERP и Microsoft Dynamics NAV. За твојот бизнис и организација. Убедени сме дека со нас твоите цели ќе ги постигнеш најбрзо и со квалитетот што го бараш.
Дијагностика и планирање

ЕРП системите се платформа со многу можности. Логин Системи посветува посебно внимание на концептуалното планирање на деловно-информатичкиот систем базиран на ЕРП за да се осигура корисникот дека системот правилно ќе работи, вработените ќе бидат продуктивни, а организацијата ќе има придобивки.

Изведба на сметководствени и ERP решенија

Откако ќе се испланира системот, Логин Системи пристапува кон технички дизајн на системот и негов програмски развој базиран на Microsoft Dynamics Nav (поранешен Navision). Логин Системи ги изработи сите потребни модули и програмски објекти за да може да се задоволат законските прописи во Македонија.

 

Дополнително, бидејќи корисниците имаат најразлични потреби зависно индустриската гранка или нивната интерна специфика, Логин Системи пристапува кон програмирање на дополнителни специфични модули и објекти по нарачка.

Одржување и надградби

Одржувањето е значајна активност во користењето на ЕРП системот. Логин Системи нуди разновидни услуги на поддршка и одржување во и вон работно време. Покрај бекапирањето и поставувањето на најновите верзии на ЕРП системот, во одржувањето може да се прават и ситни корекции и дополнувања на соодветните програмски решенија.

Консалтинг

Логин Системи нуди дополнителни услуги на финансиски и книговодствен консалтинг на фирмите и организациите кои немаат доволно сопствени човечки ресурси. Овие услуги опфаќаат помош во поставување на деловни процеси и книжни шеми на конта, анализа на книжењата и совети, исправки како и помош по телефон или на лице место.

Стратешки менаџмент со Balanced Scorecard

Вработените во Логин Системи се единствените сертифицирани лица за менаџмент и перформансни системи базирани на методологијата Kaplan/Norton Balanced Scorecard. Преку методологијата и стратешките алатки организациите може да ја дефинираат својата стратегија, да ја опишат визуелно, да ја мерат нејзината изведба како и да го менаџираат целиот менаџмент циклус.

Со поставувањето на Balanced Scorecard на организациите им се овозможува да се постават квалитетни и поправедни бонусни системи за менаџерите и вработените согласно успесите во зацртаните стратешки цели.

Хостирање на ЕРП системи

Во случај фирмите и организациите да не сакаат да инвестираат во серверска инфраструктура за своето ЕРП решение, на корисниците им нудиме хостирање на ЕРП платформата било на серверите на Логин Системи или на некој домашен или странски хостинг провајдер.

 

Предноста на ваквиот начин на користење на ЕРП системите е тоа што организациите ќе го користат системот на принципот на претплата наместо да плаќаат однапред за хардверска и софтверска опрема.

Ако се двоумиш, закажи термин да ти помогнеме.
Ќе ти помогнеме да избереш оптимално и интегрирано деловно решение за твоите бизнис активности. Дали може да се префрлат претходните податоци? Колку трае постапката? Си...
30 мин online консултација
30 min
€30
color_logo_transparent_2x.png

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

Од своето постоење до денес, Логин Системи е секогаш лидер во областа што ја работи. 

Сподели:
LSLogoTransparentWOSlogan