Логин Системи меѓу најветувачки 50 провајдери на Microsoft Dynamics за 2019

Скопје, 20.03.2019. Неодамна Логин Системи е информирана дека CIOReview ја смести компанијата Логин Системи во најтесниот избор на 50 најветувачки провајдери за деловни солуции на Microsoft за годината 2019.

Панелот за избор на провајдери на деловни решенија евалуираше неколку стотини провајдери според нивната способност да им помагаат на ИТ директорите и сопствениците на фирмите за да ги пребродуваат предизвиците. За таа цел CIOReview подготвува специјално издание за Microsoft решенија во која ќе се наоѓа и листата „50 најветувачки провајдери на солуции на Microsoft за 2019“.

Широкото портфолио на производите и услугите на Microsoft во комбинација со експертизата и програмерските ресурси се од голема полза за ИТ доректорите во нивната потрага за вистински избор за нивата организација.

CIOReview е магазин за технологија во компанииете со преку 77.000 претплатници низ САД. CIOReview.com е онлајн заедница од активни бзинис професионалци со преку милион посетители месечно и неколку илјади следбедници на Twitter и другите социјални мрежи.


Со своето речиси 20 годишно искуство со Microsft Dynamics NAV, Логин Системи има најбогато искуство и палета на решенија за сметководство и деловни апликации во Македонија и регионот.

#msdynnav #msdyn365bc

    0