- Admin (LS)

- Nov 1
- 2 min read
Вештачката интелигенција (анг. AI) не е далечна иднина - таа е веќе тука и влијае на начинот на кој сметководителите работат. Во рамки на Програмата за еднодневно континуирано професионално усовршување на сметководители, организирана од Економско правен консалтинг ФВ, Логин Системи ќе биде дел од сесиите посветени на информатичката технологија. Настаните ќе се одржуваат во текот на ноември 2025 и носат поени за сертификација на сметководителите преку ИСОС.
Нашиот управител, Венко Глигоров, ќе одржи дво-часовно предавање на тема:
„Сметководство 2.0: Вештачка интелигенција, Excel и ERP во служба на ефикасноста“
Сесијата е наменета за сметководители кои сакаат да работат попаметно, побрзо и со поголема вредност. Ќе бидат презентирани практични примери за тоа како Microsoft Dynamics 365 Business Central, Excel и Copilot AI (Artificial Intelligence) овозможуваат автоматизација, анализа и подобра организација на сметководствените процеси. Предавањето е визуелно, применливо и насочено кон реални предизвици и решенија.
Датуми на сесиите
12 ноември 2025
14 ноември 2025
20 ноември 2025
Сите три настани се идентични по содржина и се дел од официјалната програма за континуирано професионално усовршување на сметководители.
За предавачот
Венко Глигоров е основач и ко-сопственик на Логин Системи. Има долгогодишно искуство во развој и консалтинг на ERP решенија базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central, со фокус на миграција од Dynamics NAV и други ERP системи, вклучувајќи и Пантеон. Сертифициран е за Balanced Scorecard стратегиски рамки од Kaplan-Norton, со примена во мерење на перформанси и управување со стратегија во компании. Неговиот интерес и експертиза во вештачка интелигенција започнува уште во студентските денови преку дипломската работа: развој на AI програм за рано дијагностицирање на рак на дојка.
Логин Системи останува посветена на дигиталната трансформација на македонските компании, обезбедувајќи решенија кои носат ефикасност, автоматизација и долгорочна вредност.
Дознајте повеќе и регистрирајте се
👉 За Microsoft Dynamics 365 Business Central: https://www.loginsystems.biz/dynamics-365-business-central
👉 За регистрација и повеќе информации за обуката: https://fvkonsalting.com.mk/%D0%BA%D0%BF%D1%83_%D0%BE%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B8.aspx
#ERP #BusinessCentral #ВештачкаИнтелигенција #Сметководство #Excel #CopilotAI #ЛогинСистеми #ДигиталнаТрансформација #ОбукаИСОС
За Економско правен консалтинг ФВ
Економско правен консалтинг ФВ е акредитирана компанија од Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ (ИСОС) и одржува обуки за континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење сметководствени работи, а со цел професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи.
За Логин Системи
Логин Системи е ИКТ компанија со повеќе од 15 години искуство во развој и имплементација на ERP решенија базирани на Microsoft Dynamics 365 Business Central. Нашата мисија е да им помогнеме на македонските компании да ја реализираат дигиталната трансформација преку автоматизација, интеграција и паметни алатки кои носат долгорочна вредност.
Специјализирани сме за миграција од Dynamics NAV и локални ERP системи, развој на сертифицирани екстензии и консалтинг за оптимизација на деловни процеси. Логин Системи е партнер на Microsoft и постојано инвестира во знаење, иновации и локализација за македонскиот пазар.












Comments