top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

press release

MSDyn365

Логин Системи: Кампањата за ERP модернизација предизвикува дискусија - и тоа е добар знак за македонскиот пазар

📌 ERP модернизацијата е клучна за раст и ефикасност. Логин Системи ја предводи иницијативата со блогови, совети и бесплатна контролна листа за подготвеност. Преземете ја и донесете информирана одлука. 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Скопје, 18 септември 2025 – Нашата иницијатива за подигнување на свеста за модернизација на ERP системите предизвикува голем интерес и реакции во индустријата, вклучувајќи и институционална проверка. За нас, ова е позитивен сигнал: темата е важна, а македонските компании се подготвени за промени.

 

Зошто го правиме ова?


Нашата мисија е да им помогнеме на компаниите да донесат информирани одлуки за своите деловни системи. Во последните години, многу организации работат со застарени ERP решенија кои не ги задоволуваат современите потреби за интеграција, мобилност и автоматизација. Со нашата кампања сакаме да ја подигнеме свеста за важноста на надградбата - што е добро за сите, вклучувајќи ги и конкурентите.


Дел од компаниите ќе изберат да останат кај постојниот добавувач и да преминат на понова верзија на неговиот производ. На тој начин, нашите активности го поттикнуваат растот на целиот пазар, а конечната одлука зависи од конкурентноста на производите и услугите на секој добавувач.

 

Што нудиме?


За да им помогнеме на компаниите да донесат правилни одлуки, подготвивме повеќе ресурси и алатки:


Едукација и транспарентност: Подготвивме серија блог-објави со практични совети и споредбени анализи, базирани на јавни информации и реални искуства:



Практична алатка – Контролна листа за ERP миграција: Подготвивме бесплатна контролна листа која им овозможува на компаниите да ја проценат својата подготвеност за модернизација на ERP системот. Оваа алатка е достапна за преземање на следниот линк:


 

Нашата позиција е јасна:


  • Веруваме во фер конкуренција и слободен пазар.

  • Сите наши објави се со цел едукација, а не дискредитација.

  • Подготвени сме за корекции и транспарентен дијалог со сите засегнати страни.


„Оваа дискусија покажува дека македонскиот пазар е во фаза на трансформација. Нашата цел е да помогнеме компаниите да станат поефикасни, поусогласени и поконкурентни - што е добро за целата економија,“ изјави Венко Глигорoв, управител на Логин Системи.

 

За повеќе информации:

Е-пошта: info@loginsystems.biz

Телефон: +389 75 444 236

 

Логин Системи е сертифициран партнер за Microsoft Dynamics 365 Business Central и нуди локализирани решенија за македонскиот пазар, вклучувајќи интеграција со банкарски системи, подготовка на годишни финансиски извештаи, КИПО известување, ДДВ пријави и усогласеност со регулативите. Нашата мисија е да обезбедиме точни и корисни информации за компаниите, без да нарушиме нечии права или углед.

 

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Најнови објави

|

MakasIT.gif

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page