top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

информација

блог

MSDyn365

Резиме на вебинар: Миграција кон Business Central

Второто издание од кампањата „Олади се со паметни решенија“ откри како Dynamics 365 Business Central ги надминува предизвиците на застарените ERP системи. Прочитајте резиме од вебинарот, интересите на учесниците и успешни приказни од миграции.

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif

На 14 август 2025 година, Логин Системи го организираше вториот вебинар од кампањата „Олади се со паметни решенија“, посветен на компаниите кои се соочуваат со предизвици од користење на застарени ERP системи. Целта беше да се прикаже како Microsoft Dynamics 365 Business Central може да понуди модерна, скалабилна и интегрирана алтернатива која ги надминува ограничувањата на системи како Pantheon, Dynamics NAV и други локални решенија.


Во текот на сесијата, учесниците имаа можност да се запознаат со реалните проблеми што ги носат старите системи – високи трошоци за одржување, слаба интеграција со современи алатки, изолирани податоци и недостиг на скалабилност. Преку практични примери и демонстрации, беше прикажано како Business Central ги решава овие предизвици со помош на облачна архитектура, иновативен интерфејс и вградена поддршка за Copilot AI, Power BI, и Excel.


Посебен акцент беше ставен на македонската локализација и осум Microsoft-сертифицирани екстензии развиени од Логин Системи, кои овозможуваат усогласеност со локалните даночни и сметководствени регулативи, како и подобрена функционалност за менаџмент и анализа.


Дополнително, беше презентирана ERP миграциска патека, која вклучува фази од проценка и планирање, преку дизајн и имплементација, до обука и поддршка по пуштање во продукција.


💬 Што ги интересираше учесниците?


Во интерактивниот дел од вебинарот, учесниците покажаа значителен интерес за теми поврзани со производство, LOT и сериски броеви, како и управување со трошоци преку „charges“. Имаше прашања за поставување правила за минимални залихи и автоматско нарачување, што е особено важно за компании со динамичен синџир на снабдување.


Исто така, се отвори дискусија за одржливост и зелени иницијативи, тема која станува сè порелевантна во рамки на ЕУ регулативите. Учесниците се интересираа и за е-фактури и е-документи, како дел од проектот на Управата за јавни приходи, како и за поставување повеќе фирми од различни земји во една ERP средина.



🌟 Успешни приказни од миграции кон Business Central


За време на вебинарот беа споделени неколку успешни приказни од компании кои веќе ја завршиле својата миграција:




🎯 Следни можности


Ако не успеавте да присуствувате на вебинарот, или сакате да дознаете повеќе за тоа како Business Central може да го подобри вашиот бизнис, имате две одлични можности:


📅 Следен вебинар – 11 септември 2025:


Продолжуваме со нови теми, практични демо сесии и одговори на вашите прашања.Регистрирај се тука: https://www.loginsystems.biz/events/cool-down-pametna-erp-migracija-vo-akcija-sep2025


🤝 Бесплатна 1-на-1 консултација – достапна до средината на септември:


Идеална можност да разговараме за вашите специфични предизвици и да направиме проценка на тековното решение.Закажете консултација: https://www.loginsystems.biz/service-page/besplatna-1-na-1-erp-konsultacija


Следете нè и приклучете се на кампањата „Олади се со паметни решенија“ - затоа што вистинското време за промена е сега.


Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page