Accounting Documents
790
Синтетска сметка

Разлика на приходи и расходи од вкупното работење

На сметката 790 - Разлика на приходите и расходите од вкупното работење, се евидентира разликата меѓу приходите и расходите од работењето на крајот на пресметковниот период. До колку вкупните приходи се во поголем износ од вкупните расходи, за износот на вишокот на приходи над расходи се задолжува сметката 790, а се одобрува во корист на сметката 800 - Добивка пред оданочување. Доколку вкупните приходи се во помал износ од вкупните расходи, за износот на вишокот на расходи над приходи се задолжува сметката 801 - Загуба пред оданочување, а се одобрува во корист на сметката 790 - Разлика на приходите и расходите.

color_logo_transparent_2x.png

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија за креирање и одржување на ЕРП деловни решенија (ERP solutions) базирани на индустрискиот стандард Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central.

Од своето постоење до денес, Логин Системи е секогаш лидер во областа што ја работи. 

Сподели:
LSLogoTransparentWOSlogan