General Ledger Account No. 46: ОСТАНАТИ РАСХОДИ
top of page
Accounting Documents
46
Група

ОСТАНАТИ РАСХОДИ

На сметките од групата 46 - Останати расходи, се евидентираат загубите врз основа на продажба и расходување на нематеријални средства, недвижности, постројки и опрема, загубите врз основа на продажба на биолошките средства, загубите врз основ на продажба на хартиите од вредност и учеството во капиталот на друго друштво, загубите од продажба на материјали, кусоци, кало, растур, расипување и кршење, расходите врз основ на ефекти од договорена заштита од ризик, расходи врз основа на директни отписи на побарувања и останати неспомнати расходи. На сметката 460 - Загуби врз основа на расходување и загуби од продажба на нематеријални и материјални средства, се искажува неотпишаната вредност на нематеријалните и материјалните средства расходувани или отуѓени без продажба и загубите од продажба на нематеријалните и материјалните средства.

bottom of page