top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

386 results found with an empty search

  • Нова функционалност: старо сметководство во Dynamics NAV

    Со новата функционалност на Логин Системи, фирмите и организациите имаат можност многу побрзо и поефтино да го остават старото сметководство и да преминат на Dynamics NAV.  Повеќе има на линкот тука ....

  • Вчитување на екстерни фајлови XLS и TXT во Dynamics NAV

    Документите се вчитуваат во Дневник на документи и тие може да содржат набавни и продажни фактури, налози за книжење и изводи од банките. Со помош на Дневникот на документи, корисниците ќе можат да ги вчитуваат изводите од банките и да ја забрзаат постапката на внесување и раскнижување на плаќањата. Дневникот на документи може да се користи и за комуницирање на фирмата со екстерното сметководствено биро.  Повеќе има тука ...

  • Функционалности на Microsoft Dynamics NAV 2017

    Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП решение кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. Dynamics NAV е модуларен и тесно интегриран софтверски систем. Функционалностите на Dynamics NAV се организирани во три групи: почетен пакет (starter pack), проширен пакет (extended pack) и македонска локализација. Почетниот пакет уште се нарекува и стандарден пакет. Повеќе за функционалностите има на форумот за сметководители тука ... #Фунцкионалности #Сметководство #DynamicsNAV

  • Налози за книжење

    Книжењето во Dynamics NAV се изведува директно од самите документи какви што се продажна или набавна фактура, приемница, преносница, испратница и сл. Другите книжења се прават преку таканаречени журнали или дневници. Во македонската локализација на Dynamics NAV и во надополнувањата на Логин Системи може да се користи налогот за книжење на два начина: првиот е кога ќе се книжи документот, во рамката за дијалог да се стави бројот на налогот за книжење. Вториот начин е со користење на Дневник на документи. Изведбата на налогот за книжење овозможува прегледен приказ на сите конта на кои се регистрирани трансакции при книжење на соодветниот документ или група од документи. Продолжи со читање тука ... #Сметководство #НалогКнижење #Dynamics365

  • Благајна

    Стандардна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Управувањето со готовината во Microsoft Dynamics NAV се прави во посебен дел од апликациајта каде што се сместени сите потребни функционалности за благајничко работење. Благајничкото работење е дел од дополнувањата на Логин Системи со кои се прилагодува Dynamics NAV на македонските закони и прописи. Во модулот за работа со благајна постојат функционалности за внесување на благајнички трансакции (дневник на благајна) и печатење на каса-прими и каса-исплати во форма како што бараат македонските сметководители. Дополнително, на корисникот му е на располагање табела со трансакциски кодови за побрзо внесување на различните типови на случаи заедно со контата на кои треба да се искнижи трансакцијата. Образец каса-исплати пред печатење Исто така, направено е прилагодување, во случај на фирми кои работат и продажба на големо и малопродажба, при наплата на побарувањата во готово, покрај стандардните документи да се печати и сметко-потврда која се дава на купувачот. Модулот работи со неограничен број на благајни во локална или странска валута. Подетално објаснување за користење на благајната има на форумот на линкот тука ... Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV (од догодина под називот Dynamics 365 'Tenerife') е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK #Сметководство

  • Форум: Мерење перформанси на бизнисот

    Енди Нили, светски авторитет за перформансен менаџмент, вели дека проблемот со менаџментот на перформансите кај компаниите е дека тој или не постои или се сведува само на следење на финансиските метрики (показатели). И најчесто следењето е фокусирано на историските податоци. Традиционално, менаџментот на перформансите се гледа како начин за следење на перформансите, проверка на напредокот и откривање на областите на кои треба да се посвети повеќе внимание. Повеќе на темата со можност за дебатирање има тука ... #Стратегија #Менаџмент #Перформанси

  • Еволуцијата на сметководствените услуги носи можности и опасности

    Секого може да го задеси ефектот на варена жаба. Еволуцијата на сметководствените услуги ја менува рамнотежата и квалитетот на односите меѓу клиентите и сметководителите. Се менуваат и односите во фирмите ... За некои е тоа предизвик, за некои - опасност. Продолжи да читаш на форумот за сметководители тука ...

  • Од пролет: Dynamics NAV ќе биде дел од брендот Dynamics 365

    Ова е една од главните новини на неодамна одржаната конференција Directions EMEA во Мадрид. Marko Perisic, директор на Microsoft Dynamics 365 Од наредната пролет 2018та, Microsoft Dynamics NAV ќе биде дел од брендот Dynamics 365. Кон крајот на оваа година се очекува нова верзија Dynamics NAV 2018 за да напролет излезе Dynamics NAV 2018 R2 (Release 2). Преминот на Dynamics NAV кон семејството Dynamics 365 ќе се случи со проектот под кодно име Dynamics 365 'Tenerife'. На конференцијата во Мадрид, Microsoft го покажа и новиот интерфејс на Tenerife кој изгледа беспрекорен, свеж и модерен. Новиот изглед на Dynamics 365 Tenerife Подолу се главните пораки и вести од Directions: Развојот на Dynamics 365 for Finance and Operations, Business edition е стопиран Поделбата меѓу едицијата Business и Enterprise е прекината Се воведува Dynamics 365 со привремен назив 'Tenerife' како еден производ со две опции за имплементација, две стратегии Go-to-market и три производни комбинации. Dynamics 365 Tenerife ќе излезе на 14 јазици меѓу кои не е македонскиот или албанскиот јазик Што би значеле овие новини за корисниците и потенцијалните заинтересирани за ЕРП решенија? Како што пишувавме претходно, основата на Dynamics 365 Business Edition е програмскиот код на Dynamics NAV - повеќе има во написот " Dynamics NAV или Dynamics 365? ". Логин Системи е насочен на тоа да прави надградби на своите корисници на редовна основа така што ќе можат да се користат сите предности од новите технологии и апликации. Македонските корисници може да продолжат да го користат постоечката верзија. Заинтересираните за нов ERP систем може да почнат со постоечката верзија и да направат надградба заедно со другите корисници кога верзијата ќе биде прилагодена за македонските прописи. Directions EMEA е најголемата годишна конференција за партнери на Microsoft Dynamics. Оваа година беше јубилејна, десетгодишна, со рекорден број на од 2160 учесници - 600 организации од 60 земји во светот. Microsoft Dynamics NAV е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK #PR

  • Налог за книжење

    Задолжителна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV Книжењето во Dynamics NAV се изведува директно од самите документи какви што се продажна или набавна фактура, приемница, преносница, испратница и сл. Другите книжења се прават преку таканаречени журнали или дневници. Со самото одложување на документот во книгата на документи (фактури, испратници, благајни), автоматски се прави книжење во главната книга. Тоа значи дека еден искнижен документ одговара на еден налог за книжење. Бројот на искнижениот документ е виртуелно бројот на налогот за книжење. Сметководствен систем базирана на ERP Сепак, некои книговодители имаат потреба од групирање на еден или повеќе искнижени документи во налог за книжење кој ќе има посебен број. Во македонската локализација на Dynamics NAV и во надополнувањата на Логин Системи може да се користи налогот за книжење на два начина: првиот е кога ќе се книжи документот, во рамката за дијалог да се стави бројот на налогот за книжење. Вториот начин е со користење на Дневник на документи . Изведбата на налогот за книжење овозможува прегледен приказ на сите конта на кои се регистрирани трансакции при книжење на соодветниот документ или група од документи. Изглед на заглавие и ставки на налог за книжење Броевите на налозите за книжење може да бидат последователни за книжење на било кој документ или да бидат посебни броеви за различни типови на документи (групи), што на корисникот му овозможува организирано водење и чување на документите, и полесно ракување со истите во случај на ревизија, инспекции и сл. Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите. Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи) Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #DynamicsNAV #MK #Сметководство

  • Магацинско работење: напредно управување со магацини

    Новиот пост на форумот на Логин Системи дава основен преглед на поимите, документите што се користат и процесите кај напредното управување со магацините - Warehouse Management System (WMS). Продолжи со читање тука ... Напомена: текстот е на англиски јазик. За македонска верзија, те молам напиши во коментар. Колку повеќе барања, толку побрзо текст на македонски јазик :) Благодариме! #DynamicsNAV #Сметководство #МагацинскоРаботење #WarehouseManagement

  • Миграција на ЕРП системот на Фероникели кон Microsoft Dynamics NAV 2017

    Дренас, 23.10.2017. Денес, Логин Системи и NewCo Ferronikeli Complex (скратено FNK или Фероникели) од Косово, објавуваат дека започнаа со надградување на ERP системот од верзијата Dynamics NAV 2009 кон Dynamics NAV 2017. Со овој договор, менаџментот на Фероникели очекува проширување на системот со нови функционалности кои ќе ја подобрат продуктивноста и ќе обезбедат аналитички извештаи во реално време. Системот ќе биде компатибилен со системите на другите членки од групацијата Cunico Resources. Повеќе за соопштението има тука ... Фото: Главниот дел од фабриката

  • Електронско банкарство: Увоз на изводи

    Како да се внесат изводите од банките директно во сметководствениот или комерцијалниот програм? Брзото внесување на уплатите од своите купувачи е императив за фирмите и организациите затоа што од тоа најчесто зависи квалитетот на услугата и задоволството на купувачите. Ако фирмата има начин веднаш да ги внесува уплатите и да ги раскнижува продажните фактури на купувачите, ќе биде во можност побрзо да ги испорачува производите и услугите.  Повеќе има тука ... #Сметководство #ИзводБанка #DynamicsNAV #Блог

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page