Превентивни активности | Login Systems
top of page
Одржување од Microsoft и превентивни активности на Логин Системи
Лого Логин Системи

Одржување од Microsoft и превентивни активности на Логин Системи

 

ЕРП системите се „жива“ материја и постојано има потреба од поддршка, консултации и одредени мали надополнувања.

Одржување на софтверот

 

Под одржување се подразбираат активности на производителот Microsoft за континуирани надградби, подобрувања и отстранување на евентуални грешки во Microsoft Dynamics 365 Business Central. Како креатор на македонската локализација за Dynamics NAV / 365 Busines Central, Логин Системи се грижи софтверот на Microsoft да биде компатибилен со македонските закони и прописи и со своите надополнувања го прави Dynamics NAV / 365 Business Central попривлечен за македонските компании и организации.

Microsoft Dynamics NAV

Microsoft Dynamics NAV се надградува и одржува на годишни временски интервали. Така, секоја година во Ноември или Декември излегува верзијата на Dynamics NAV за наредната година. На пример, во Декември 2016та година излезе Dynamics NAV 2017. Во декември 2017та година излезе Dynamics NAV 2018. 
 

Секој месец Microsoft пушта подобрена суб-верзија која содржи исправки на грешки, подобрување на перформанси и слично. Овие субверзии се нарекуваат Cumulative Update.
 

Новите верзии и суб-верзии на Microsoft Dynamics NAV се бесплатни ако корисникот има набавено годишен Enhancement Plan (скр. BREP) или има месечна претплата (анг. Monthly Subscription). 
 

Македонска локализација и надополнувања од Логин Системи

Македонската локализација и надополнувања од Логин Системи се одржуваат на редовна основа. Тоа значи дека програмскиот код се менува и подобрува врз основа на барањата на македонските закони, на барањата на корисниците или според видувањата на Логин Системи. Некои надградби се прават бесплатно, а некои со одреден фиксен или месечен надомест и зависи од комплексноста на надградбата или од функционалноста на решението. 

Напомена: Моменталната пракса на Microsoft објаснета погоре не е фиксна и може да се менува од страна на Microsoft без претходна најава. Иако надградбите и подобрувањата може да бидат бесплатни, самото ставање во нивна функција може да биде предмет на посебен договор ако самата надградба изискува забележителни активности кои надминуваат 2 работни часа. 

Помош и поддршка

Логин Системи во своите процеси има резервирано стручни лица за работни часови за отстранување на грешките од било која природа во NAV / Business Central, за ситни надополнувања и корекции како и за консултации околу перформансите на целиот систем.

Бесплатна подршка со само-послужување

Логин Системи посветува забележително внимание на подготовка на содржини кои ќе служат за наобразба, селф-сервис за поддршка и форуми за споделување на информации меѓу корисниците на ERP системите и сите други заинтересирани. За таа цел, Логин Системи постави современ центар за помош и база на знаење, отворен и затворен форум како и блог-објави на актуелни теми. 

Центар за помош и база на знаење

Нашиот центар за помош и база на знаење е место кадешто може да се најдат одговори на прашањата од корисниците. Во центарот за помош има објави кои се групирани во повеќе рубрики. Покрај текстуалните објави, во рубриките има и практични водичи во форма на видео-сесии и туториали кои помагаат во подобро користење на програмите и отстранувањето на базичните проблеми.

Центарот за помош содржи ефикасен систем за пребарување според зборови и реченици со што бараниот одговор е при рака на посетителите на центарот. Центарот за помош се наоѓа на адресата https://www.erp.mk/forum

Отворен форум

Логин Системи го направи достапен својот форум за сите посетители на својот јавен веб сајт на адресата www.ERP.mk/forum. Форумот е организиран во неколку категории (рубрики), а темите може да ги отворат модераторите на Логин Системи и/или посетителите на форумот кои претходно се зачлениле.

 

Членовите на форумот може да отвораат теми, да коментираат веќе поставени теми и да ги споделуваат темите на социјалните мрежи. Зачленувањето на форумот е бесплатно и нема ограничувања кој може да учествува. За да се држат до областите во рубриките, модераторите може да бришат постови и коментари коисе надвор од темате или се со недолични зборови. 

Затворен форум и ресурсен центар

 

За корисниците кои имаат договори за поддршка и одржување, Логин Системи постави затворен форум и ресурсен центар на адресата https://www.erp.mk/premium. Во ресурсниот центар се поставени оригиналните прирачници за Microsoft Dynamics NAV. 

Блог

 

На страната https://www.loginsystems.biz/posts/categories/_blog се наоѓаат блог-објави кои обработуваат одредени теми за сметководство, ЕРП и/или менаџмент. 

Видео канал

 

Логин Системи редовно произведува видео сесии на актуелни теми за Microsoft Dynamics NAV. Истите може да се прегледаат на адресата www.erp.mk/video. Поширока листа на видеа има на Youtube каналот на Логин Системи на адресата https://www.youtube.com/channel/UCBRWBWdGjwUoaGApMiFRUbw.

Современ тикет-систем

За проблемите, потребите и барањата за кои нема одговор во Центарот за помош или ресурсниот центар, корисникот пополнува барање за помош или поддршка. 


Тикет-системот на Логин Системи е централизирано место за доставување на барања за помош и поддршка и ефикасно средство за водење на постапката за решавање на проблемот или одговор на прашањето. Барање за помош и поддршка се прави преку Центарот за помош (https://www.ERP.mk/forum/premium-erp-users/create-question), преку електронска пошта (само за корисниците што имаат договор за поддршка со Логин Системи) или преку страницата на Логин Системи на Facebook (www.facebook.com/LSMacedonia). 

При приемот на барањето, системот испраќа порака до барателот со број на тикет. Овој тикет е референца која се користи во текот на целата постапка до решавање и/или затворање на барањето.


При пополнување на барањето, корисникот одредува кој е типот на барањето и тоа: 
 

  • Инцидент. Ова се барања во рамките на техничката продажба која се наплатува. Кога корисникот наишол на одреден проблем поради објективна или субјективна грешка во Dynamics NAV, тој пополнува барање и го објаснува проблемот, става евентуално слика од екранот кога се јавила грешката или пораката.
     

  • Прашање. Тука спаѓаат барања за добивање на одговор на одредена тема поврзана со функционалност на ERP системот, лиценцирањето, веб сајтот или теми што не се поврзани со првите три.
     

  • Поплака. Тоа се барања поврзани со грижата на корисници и сме благодарни ако лицата доставуваат информации и сугестии како би можеле да се подобриме. 
     

  • Барање за измена. Ова се однесува на барања за извршување на измени во одредени модули и/или функционалности на сметководствениот софтвер и ЕРП систем базиран на Microsoft Dynamics NAV.


Исто така, корисникот дава информација за областа на барањето и тоа:
 

  • Функционалност. Оваа област опфаќа функционалности на сметководствениот софтвер и ЕРП системот, како и локализацијата и надополнувањата на Логин Системи.
     

  • Лиценцирање. Се однесува на лиценцирањето за Microsoft Dynamics NAV, но и придружните програми и техологии какви што се Microsoft Office, Windows Server, SQL Server и останато.
     

  • Веб сајт. Се однесува на веб сајтот на Логин Системи.
     

  • Останато. Сите други области кои не спаѓаат во првите три области.


Поднесување на барање од страна на корисникот е бесплатно, а одговорните лица од Логин Системи одредуваат дали одговорот на барањето ќе биде бесплатно или за одговорот (или реакцијата) треба да се плаќа. За корисниците што имаат договор со Логин Системи за поддршка, одзивот на барањето и доставувањето на одговорот е дефинирано во самиот договор. 

Дополнителни информации:

bottom of page