top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

MSD365BC.png

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

MSD365BC.png

е-Фактура во пракса: Што научивме на мастерклас обуката и како компаниите можат да бидат подготвени

MSD365BC.png

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

press release

Ново: „Старото“ сметководство се вградува во новиот Dynamics NAV

📌 Со новата функционалност на Логин Системи, фирмите и организациите имаат можност многу побрзо и поефтино да го остават старото... 👇⬇️

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Трета фаза на е-Фактура од УЈП: што значи и како да се подготвите

Мастерклас обука за е-Фактура: втората тест фаза на УЈП во пракса

Втора тест фаза на е-Фактура - официјално известување од УЈП

Успешно одржан мастерклас за е Фактура УЈП - најавена нова обука на 21 мај

Нова верзија на Business Central 28, подготовката на македонската локализација е во тек

е-Фактура во пракса: Што научивме на мастерклас обуката и како компаниите можат да бидат подготвени

Логин Системи најавува бесплатен вебинар и специјализирана мастерклас обука за е-Фактура УЈП 2026

Како изгледа е-Фактура од УЈП преку API. Како компаниите ќе ги користат повратните податоци од УЈП

УЈП објави резултати од пилот фазата на е‑Фактура: Што значи ова за компаниите?

Masterclass обука: е-Фактура за УЈП - од обврска до стабилен процес што функционира

MakasIT.gif
  • Aug 11, 2017
  • 2 min read

Со новата функционалност на Логин Системи, фирмите и организациите имаат можност многу побрзо и поефтино да го остават старото сметководство и да преминат на Dynamics NAV.


Претходните податоци во Dynamics NAV

Скопје, 11.08.2017. Денес, Логин Системи објавува дека изработи и пушти во употреба нова функционалност за побрзо и поекономично интегрирање на податоците од постоечкото-во-заминување сметководство во новото сметководство базирано на Dynamics NAV.

Наместо да се користат паралелно два системи за сметководоство (старо и ново) заради преглед на историските податоци, новата функционалност овозможува податоците од старото сметководство да бидат увезени и на располагање за преглед заедно со другите нови податоци во Dynamics NAV.

„Ги опфативме најважните сметководствени и оперативни податоци, оние кои најмногу се потребни при пребарувањата или за инспекциските служби.“, изјави Венко Глигоров, главен проектант на Dynamics NAV во Логин Системи. „Ако организацијата ги промени броевите на купувачи и добавувачи, им овозможуваме поврзување на броевите така што во претходните книги ќе ги користат старите броеви, иако се повикуваат од новите броеви.“


Книги и аналитички картички што се опфатени со интеграцијата од претходното сметкводство.

Со оваа функционалност овозможуваме на фирмите побрзо и поефтино да преминат на новиот Dynamics NAV без да треба да држат два сметководствени системи. Пристапот до „старите“ податоци се прави со кликнување на командата од рибонот на соодветниот екран, на пример на контниот план.


Местоположба на копчето во Dynamics NAV за пристап до старите податоци

Местоположба на копчето во Dynamics NAV за пристап до старите податоци

При преминувањето на нов сметководствен систем, една од главните предизвици на фирмите и организациите се историските податоци. Генерално постојат три опции: (1) да се стават почетни состојби и да има само нови податоци, (2) да се увезат сите претходни податоци/трансакции и на нив да се надодаваат новите. (3) Третата опција е најбараната бидејќи новите податоци се користат во секојдневното работење, а старите податоци коегзистираат во новиот систем и се на располагање заедно со другите команди на Dynamics NAV.

„Иако им ги нудиме сите три опции на новите корисници на Dynamics NAV, новата функционалност што ја изработивме е секако најповолната за најголемиот број на заинтересирани организации да преминат кон светски познатиот Dynamics NAV 2017“, завршува Глигоров.

Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV.

Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации може да се добијат на www.loginsystems.biz.

Comments

Rated 0 out of 5 stars.
No ratings yet

Add a rating

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page