

🚨 Предлог-законот за е-Фактура е објавен: Доброволна примена од 1 октомври 2026, задолжителна од 1 април 2027
УЈП го објави Предлог-законот за електронско фактурирање. Доброволната примена започнува на 01.10.2026 година, додека задолжителното издавање и прием на е-Фактури за ДДВ обврзниците започнува на 01.04.2027 година. Погледнете кои субјекти се засегнати и како навреме да се подготвите.


е-Фактура (УЈП): Дали знаете каде е дигиталниот идентитет на вашата компанија?
Со API интеграциите за е-Фактура (УЈП), сертификатите повеќе не се користат само преку веб апликации и токени. Каде се чува вашиот сертификат? Кој има пристап до него? Што се случува кога приватниот клуч и лозинката стануваат достапни за софтверот? Практичен водич за сертификати, безбедност, ризици и добри практики за компаниите.


Наместо ИТ проект, е-Фактура на УЈП е проект за одговорност
Повеќето компании се фокусираат на портал, ERP, API интеграција и сертификати. Но вистинските предизвици започнуваат со одговорностите. Кој испраќа фактури? Кој ги прифаќа? Кој ги одбива? И кој управува со привилегиите? Еве зошто е-Фактура е пред се' проект за одговорност.


е-Фактура (УЈП) ќе донесе повеќе дисциплина во деловното работење
Долги години компаниите се навикнати на корекции, различни верзии на документи, дополнителни усогласувања и дискусии околу приемот на фактурите. Со е-Фактура овие практики стануваат значително потешки. Зошто една фактура и една вистина ќе донесат повеќе дисциплина во деловното работење?


Емаил-пример што се испраќа до УЈП за тестирање на е-Фактура
Секоја компанија може да побара пристап до тестната околина на е-Фактура. Во овој водич ќе најдете емаил-пример за УЈП и чекорите за започнување со тестирање преку официјалната веб апликација.




