Ролјата Сметководител прилагодена за македонските сметководители

post.update-date

Новости: Логин Системи ја прилагоди ролјата Сметководители да одговара на потребите и навиките на македонските сметководители.

Главниот екран на Dynamics NAV за ролјата Сметководител

Во централниот дел од главниот екран се прикажани отворените документи и документите што доспеваат наредната седмица. Во десниот дел сметководителот може да избере кои му се омилените конта, добавувачи и купувачи и во секое време да ги гледа нивните салда. (подетални слики се наоѓаат најдолу во постот).

Од лева страна во горниот дел се прикажани најкористените команди какви што се контен план, сметки во банка, купувачи, добавувачи, буџети и дојдовни документи. На десната страна во долниот дел се прикажани областите какви што се дневници за книжење, основни средства, плати и вработени, паричен тек, трошковно сметководство, преглед на книжените продажни и набавни фактури и приемници/испратници, како и команди за администрација и подесување. Има можност и за евиденција на работно време за да се синхронизира со платите.

Во горниот дел од екранот се наоѓаат табови со листа од команди. Листата е контекстно чувствителна и се прикажуваат само командите кои се битни за дадениот избор. На пример, ако изборот е конта, тогаш се прикажани команди кои се карактеристични за работата со конта.

При избор на контен план, се прикажуваат контата од контниот план заедно со салдата, а во табовите има команди кои се соодветни за контниот план. Десно од листата, сметководителот може да става забелешки и коментари кои се однесуваат за соодветните конта.

Кликни во галеријата од слики погоре за детален преглед и зголемени слики


Microsoft Dynamics NAV (од 2018та како Dynamics 365 'Tenerife' е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.

Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

#Сметководство #MK #DynamicsNAV

    0