Плати за Dynamics NAV во дистрибутерска компанија

Скопје, 09.09.2016. Денес, Логин Системи успешно имплементира модул за плати во една од водечките дистрибутерски куќи во Македонија. Овој модул е надоградба на светски-познатиот систем за деловно работење Dynamics NAV и соработува со неговите модули за Човечки ресурси и Финансии (сметководство).

Решението за плати опфаќа управување со договори за плата, ги пресметува сите типови на обврски (облигации) што ги бара законодавецот и подготвува книжења во сметководство на ниво на фирма, тим или поединечни вработени. Тоа содржи и опции за ставање на бонуси, разни одбитоци од плата како кредити, казни, извршни решенија и можности за пресметка на плата од бруто-во-нето и нето-во-бруто со вклучен и не-вклучен минат труд (стаж).

Иако има многу можности, модулот за плати е едноставен за користење и пријатен за работа со повеќе различни извештаи и страници. Модулот ги има сите потребни обрасци, потврди и прегледи потребни за УЈП и за компанијата при исплата на платата. Корисниците може да го користат на македонски и англиски јазик.

Поради својата интегрираност во NAV, на корисникот му се овозможува да гледа целосен преглед за одреден вработен со податоци за должење на ситен инвентар, основни средства, како и трансакции со касата. Модулот за плати е скалабилно решение што значи дека успешно може да работи и за фирми до 50 вработени, но и за фирми од 1000 и повеќе вработени.

Microsoft Dynamics Nav е платформа за изградба на решенија за интегрирано деловно работење за компании и организации. Логин Системи во текот на своето работење со Nav изработи дополнителни модули и програмски решенија кои ја комплетираат работата на NAV. Овие наши дополнувања се во функција во десетици фирми и организации во Македонија, Косово и Албанија.

#MK #DynamicsNAV #PR

    0