top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Резултати од пребарување

397 results found with an empty search

  • Нови 5 (од 10) совети од луѓето во реалниот македонски бизнис

    Скопје, 18.08.2018 . Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи објавува нови пет бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети од претприемачи, менаџери и професионалци од Македонија. „Иако е важно да се истакнуваат нашите граѓани што успеваат во светот, сепак стожерот на Македонија се токму нашите стопанственици и професионалци што живеат и работат во Македонија (или вработуваат луѓе во Македонија). Да ги истакнеме бизнисите и личностите кои извезуваат наши производи и услуги на светските пазари.“ пишува Венко Глигоров , иницијаторот на #МојатаРабота. Редоследот на бизнис советите се излистани подолу според времето на пристигнување. Радмила Павловска Bar Code Consultancy & Expertise сопственик и извршен директор Во последно време се дефинира себе како Cloud Manager. ... што почесто и во поголема мерка, да се практикува менторирањето односно да се популаризира деловното менторство кај нас. Прочитај ја целата бизнис приказна на Радмила Павловска и нејзините совети тука . Мирче Чекреџи Аркус дизајн печатница за високо-квалитетно печатење Порано верував во иновативноста ... сега верувам дека тајната на успешниот бизнис е во натпреварот со конкурентите. Прочитај ја целата бизнис приказна на Мирче Чекреџи и неговите совети тука . Дина Муцунска ко-основоположник и генерален менаџер во семејниот бизнис, Хотел Манастир 4*, Берово Хотел Манастир го зголемува капацитетот за 4 пати од 2004 до денес. Неговата оценка на booking.com му е со години околу 9,2. Лесно НЕ е, ама е убаво... ... животот нуди толку многу можности, а нивното ограничување создава фрустрации ... Прочитај ја целата бизнис приказна на Дина Муцунска и нејзините совети тука . Марјан Николовски Emit Knowledge ... софтверски бизнис решенија едноставни за користење и оддржување. ... ... бидете фокусирани и задоволни. Секојдневно работете на напредокот - инкрементално. Прочитај ја целата бизнис приказна на Марјан Николовски и неговите совети тука . Суад Мисини консултант ... си ветив себеси: никогаш нема да работам за пензија. ... да се биде инвеститор во пасивен приход е најспецифичниот зачин (на успехот) кој можете да го замислите.... Прочитај ја целата бизнис приказна на Суад Мисини и неговите совети тука . https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna За иницијативата #МојатаРабота Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. Целта со иницијативата ни е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности. Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

  • Форум-заедницата е збогатена со повеќе содржини и услуги

    Скопје, 14.08.2018. Логин Системи ги информира посетителите на сајтот и заедницата на форумот дека форумот на Логин Системи е збогатен со повеќе содржини и услуги.  Профил. Членовите на форум-заедницата може да ги ажурираат своите профили со со слика и со куса информација. Членовите имаат можност да ги следат активностите на одредени членови (анг. follow), а и самите членови да бидат следени. Профилот е конфигурабилен и може да се подеси какви известувања (нотификации) ќе се добиваат. На наредната слика е прикажан профилот на модераторот на форум-заедницата, Венко Глигоров. Преку профилот на некој член може да се излистаат сите постови на форумот од соодветниот член. Важно е да се напомене дека само членовите на заедницата може да лајкуваат, коментираат, креираат постови, ... Листата на форум-заедницата е отворена и може да се прегледа на линкот https://www.loginsystems.biz/members .  Чет сервис. Во рамките на сајтот, поставивме чет услуга која може да се користи за комуникација со овластени лица од Логин Системи како и за четување меѓу членовите на форумот - тоа би било некаков вид на Messenger. Нови содржини. Неодамна Логин Системи покрена иницијатива #МојатаРабота со која познати и помалку познати лица од бизнисот ќе ја кажуваат својата приказна и ќе споделат со заедницата свои бизнис совети. Со тоа форумот станува побогат и покорисен за поширок круг на професионалци, менаџери и претприемачи. Како се станува дел од форум заедницата? При посета на страната https://www.loginsystems.biz/account/newmember . се појавува форма за внесување на новиот член.  „Нашата цел е форум-заедницата да биде жива и да споделува знаења и искуства меѓу себе. Преку дискусија и аргументирано комуницирање да овозможиме раст на бизнисите и сопствен професионален напредок.“ вели Венко Глигоров , модератор на форум-заедницата на Логин Системи. Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

  • Првите 5 совети од реалниот македонски бизнис

    Скопје, 11.08.2018 . Во рамките на иницијативата #МојатаРабота Логин Системи ги објавува првите пет бизнис приказни заедно со нивните бизнис совети на стопанствениците и менаџерите од Македонија. „Иако е важно да се истакнуваат нашите граѓани што успеваат во светот, сепак стожерот на Македонија се токму нашите стопанственици и професионалци што живеат и работат во Македонија (или вработуваат луѓе во Македонија). Да ги истакнеме бизнисите и личностите кои извезуваат наши производи и услуги на светските пазари.“ пишува Венко Глигоров , иницијаторот на #МојатаРабота. Редоследот на бизнис советите се излистани подолу според времето на пристигнување. Александра Марковска, Quality Consulting консалтинг на преку 700 клиенти, преку 70 стандарди, и многу нови предизвици. Делувај, делата најмногу тежат на временската вага. Јас никогаш не размишљам два пати :)) одма делувам. Прочитај ја целата бизнис приказна на Александра Марковска и нејзините совети тука . Коста Петров, P World креативна агенција со присуство во над 35 земји во светот вклучувајќи ги САД, Канада, Јужна Кореја, Египет, Иран, Турција и земјите на Средниот Исток. 6 совети: Дефинирање цели Репутација Извини се за грешките Полова еднаквост Уживај во бизнисот Ти си повеќе од компанијата Прочитај ја целата бизнис приказна на Коста Петров и неговите совети тука. Виолета Анѓелковска, независен бизнис консултант член на првиот тим на Сојузот на стопански комори и поранешен менаџер на неколку хотели Во секоја работа градете доверба. Довербата е лицето на душата. Упорноста е носилка, а тимот столб на успехот. Прочитај ја целата бизнис приказна на Виолета Анѓелковска и нејзините совети тука . Зоран Витанов, Лајконет Интернационал ... во моментов во 47 земји, а во иднина насекаде! Мора да се научите како да се ослободите од минатото, за да продолжите да растете. ... ако не растете, нема да го извадете најдоброто од себе ... Влезете во животот полни со оптимизам и НИКОГАШ не се откажувајте. Прочитај ја целата бизнис приказна на Зоран Витанов и неговите совети тука . Јохан Елзесер, Сокаче За кусо време стана еден од најпознатите ресторани во Скопје ... БИЗНИС кој сакам да го работам... И тоа е дефинитивно бизнис кој е 99% успешен. Тоа што го работиш со љубов и веруваш во истото, ретко се случило да не успее... Прочитај ја целата бизнис приказна на Јохан Елзесер и неговите совети тука . https://www.loginsystems.biz/biznis-prikazna За иницијативата #МојатаРабота Бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. Идејата е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. Напишаните бизнис приказни Логин Системи ќе ги става на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности. Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.

  • Пазар3, водечкиот МК онлајн сервис преминува на Microsoft Dynamics NAV

    Скопје, 06.08.2018. Логин Системи и Пазар3 потпишаа договор за имплементирање на софтвер за сметководство и деловно работење базирано на Microsoft Dynamics NAV. Софтверското решение ќе ги автоматизира сите процеси во деловното работење на Пазар3 и ќе ја унапреди услугата на Пазар3 за своите коминтенти. Покрај сметководството и финансиите, Пазар3 ќе ги користи и функционалностите на продажба и маркетинг. Софтверското решение ќе овозможи подобро да се информираат корисниците на Пазар3, вработените ќе може да ги изведуваат работните задачи на време и ќе се постигне интегрирано работење меѓу веб сајтот и Microsoft Dynamics NAV. „Анализиравме повеќе решенија и го одбравме Dynamics NAV како основа, а Логин Системи како наш соработник во имплементирањето", изјави Ајлин Шеали , извршен менаџер на Пазар3. „Ова решение ни овозможува комплетно и интегрирано работење меѓу ЕРП системот и веб сајтот и ни нуди поддршка за повеќе земји и на повеќе јазици". Целта на Пазар3 Бизнис моделот е да обезбеди лесно, ефективно и безбедно огласување. Преку Пазар3, физичките лица и компаниите од Македонија може да продаваат, купуваат и разменуваат предмети преку Интернет. За Пазар3 Pazar3.mk, е најголемото место за тргување во Македонија. Во Пазар3 може да се продадат предметите и услугите кои повеќе не се потребни и да се купат предметите кои се потребни: Куќи, Автомобили, Работа, Камери, Мобилни телефони, Миленичиња и многу повеќе! Повеќе на www.Pazar3.mk . За Microsoft Dynamics NAV и Логин Системи Microsoft Dynamics NAV е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - преку 150.000 организации работат со NAV. Повеќе информации за Dynamics NAV има на www.EPR.mk/DynamicsNAV . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.  #Сметководство #MSDynNAV #MSDyn365BC #DynamicsNAV #ЛогинСистеми

  • Логин Системи покренува иницијатива #МојатаРабота

    Логин Системи покренува иницијатива под називот #МојатаРабота. Иницијаторот Венко Глигоров вели дека идејата е познати и помалку познати лица да ја претстават накусо својата работа и да споделат бизнис совети во неколку реченици. "Напишаните бизнис приказни ќе ги ставаме на форумот од веб сајтот на Логин Системи како референци." Овие бизнис совети ќе се споделуваат од време на време на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Целта е да се сврти вниманието кон економијата, работата и деловните вредности. Исто така, Логин Системи посакува да се збогати националното бизнис знаење и да се поттикнат многу повеќе млади луѓе да креираат производи, услуги, и да се вклучат во реалната економија во Македонија. Според Глигоров, бруто-домашниот производ (БДП или анг. GDP) го создаваат луѓето во реалниот бизнис сектор. Тие се јунаците на Македонија. "Иако е важно да се истакнуваат нашите граѓани што успеваат во светот, сепак стожерот на Македонија се токму нашите стопанственици и професионалци што живеат и работат во Македонија (или вработуваат луѓе во Македонија). Да ги истакнеме бизнисите и личностите кои извезуваат наши производи и услуги на светските пазари." пишува Глигоров. Во иницијативата има место и за државните службеници кои ја олеснуваат работата на бизнисите и организациите во подобрувањето на македонската економија. Постојат такви службеници од пониските нивои кои заслужуваат да бидат истакнати како примери и да дадат свои совети на нивните колеги од администрацијата. Покрај изборот на Логин Системи за истакнати стопанственици и професионалци, ќе се остави простор и другите да предлагаат и да пишуваат бизнис совети. Тоа ќе може да се прави на страницата “Сподели ја твојата бизнис приказна” . "Дали мислите дека е потребно вакво нешто?" прашува на крајот од својот пост, Венко Глигоров. #МојатаРабота #БизнисСовети

  • Посвети се на бизнисот наместо на софтверот

    "Си ја сакам многу работата. Им овозможуваме на фирмите и организациите да се посветат на бизнисот наместо на софтверот. Ние правиме софтверски деловни решенија ... За да имате повеќе за одморање, ние работиме smart" напиша Венко Глигоров на својот фејсбук профил. Повеќе за деловните решенија има на линкот www.ERP.mk. #msdynnav #сметководство #ERP #ЕРП #логинсистеми

  • Microsoft Dynamics NAV 2018 зборува уште подобро македонски јазик

    Скопје, 18.07.2018. Од денес, најновата верзија на светски познатиот софтвер за сметквоодство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV 2018, работи на македонски јазик. Преводот и адаптација за Македонија го направи тимот на Логин Системи. „Многу сме радосни што го преведовме Dynamics NAV 2018 на македонски јазик и со тоа го приближуваме на поголем број на корисници.“ изјави Венко Глигоров, главен проектант на преводот. „Последната верзија на Dynamics NAV ја надополнуваме и со нови функционалности кои ги задоволуваат барањата на македонските закони и потребите на компаниите во Македонија“. Лани во овој период Логин Системи го преведе Microsoft Dynamics NAV 2017 и со тоа најави дека сите наредни верзии на Dynamics NAV (кој наскоро се ребрендира во Microsoft Dynamics 365 Business Central) ќе бидат преведени и прилагодени за македонските корисници. Со преку 150.000 фирми и организации ширум светот, Microsoft Dynamics NAV е софтвер за интегрирано сметководствено и деловно работење за мали и средни претпријатија. Благодарение на Логин Системи, Dynamics NAV е во функција и во Македонија. Софтверските решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV се креирани и оптимизирани за трговски компании, производители, агилни и брзо растечки мали компании и услужни организации што имаат потреба од изработка на точни и навремени извештаи, сакаат да ја подобрат контролата во водењето на бизнисот и да ги зголемат перформансите во сите свои оддели. ( За кого е наменет Microsoft Dynamics NAV? ) Повеќе корисници може да користат Dynamics NAV во различни јазици. Изборот на јазик се прави како на сликата подолу: За да се користат јазиците, имплементарот на решението, во случајот Логин Системи е потребно да ја инсталира соодветната јазична верзија. Dynamics NAV стандардно доаѓа на англиски јазик. Работи подеднакво добро со апликација Windows или со Google Chrome за Apple и Windows Dynamics NAV го преведовме за апликацијата во Windows и за користење преку веб прелистувачи, како на пример, Google Chrome за MacBookPro или Windows. Слика: Изглед на екрани за ролјата Продажно лице (лево е за Windows, а десно е за веб) Побрзо изведување на работните задачи Софтверот Dynamics NAV се прилагодува на различните типови на вработени кои го користат преку т.н. ролји. Со изборот на ролја, корисникот на NAV добива видоизменети екрани и му се појавуваат опции и извештаи кои одговараат на соодветната ролја. На тој начин се постигнува пофокусирана работа, а со тоа и побрзо изведување на работните задачи. Во галеријата од слики подолу се прикажани екрани за диспечер во сервис и за сметководител. Прво е прикажан изгледот во Windows апликација, а потоа и во веб прелистувач. Галерија слики: Од горе надолу: Windows екран за диспечер за сервис, веб прелистувач за диспечер за сервис, Windows екран за сметководител, веб прелистувач за сметководител. Корисни линкови: Повеќе информации за функционалностите на Dynamics NAV Dynamics NAV 2017 на македонски јазик Зошто е потребна македонска локализација за Dynamics NAV Лиценци и услуги за сметководство и ERP Споредба на сметководствени програми во Македонија Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука . Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.  #Сметководство #MSDynNAV #MSDyn365BC #DynamicsNAV #ЛогинСистеми

  • Нова ролја: Бренд менаџер во Microsoft Dynamics NAV

    Скопје, 05.07.2018 - Новости. Логин Системи изработи нова ролја за Dynamics NAV која може да ја користат лицата што обавуват активности на бренд менаџер во македонските компании во трговијата на големо и мало. Ролјата „Бренд менаџер“ се базира на активностите поврзани со набавките од брендовите, работата со кампањи и сегменти како и помош во продажбата. Исто така на главниот екран се појавуваат и команди за анализа на залихата, менаџмент со фондовите што ги даваат добавувачите и перформансите во продажбата и набавките. Бренд менаџерот може да избере на главниот екран кои му се омилени артикли и кои добавувачи да ги следи. Една битна компонента за ролјата на бренд менаџерот е калкулацијата на цени за различни групи на купувачи и одредување на попусти според артикли, групи на артикли или кампањи. Галеријата на слики подолу во текстот ги прикажува главните делови од ролјата. Галерија слики од главниот екран Останати нови или подобрени ролји од Логин Системи за Dynamics NAV: Сметководител Менаџер за човечки ресурси #DynamicsNAV #MSDyn365BC Microsoft Dynamics NAV (или Dynamics 365 Business Centra) е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 150.000 организации работат со NAV. Повеќе информации за Dynamics NAV има на www.ERP.mk/DynamicsNAV . Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе за Логин Системи има на www.LoginSystems.biz .

  • Пејпал во Македонија - една година потоа и уште колку има

    Информации за состојбите со иницијативата за воведување на PayPal во Македонија за продажни места и прием на пари. - Според Глигоров, до крајот на оваа година има изгледи за воведување. Скопје, 16.06.2018 . Денес еден од предводниците на приватната иницијатива за воведување на PayPal во Македонија, Венко Глигоров, објави повеќе информации за статусот на иницијативата. Според него, одреден значаен прогрес е направен. "Откако преку 1000 различни организации и поединци заеднички доставивме барање до Министерството за Финансии и до Пејпал, постапката за воведување на пејпал во Македонија започна. Една година после тоа, сеуште немаме Пејпал за продажни места во Македонија." пишува Глигоров . Според него, Paypal како организација е свесна дека Македонија не е на нивната карта на земји кои го подржуваат приемот на пари. И Министерството за финансии, кое експресно реагираше на иницијативата, исто така е свесно и покрена повеќе активности. Се организираа работни средби на сите чинители во банкарскиот, платниот и трговскиот сектор на Македонија. Министерството и НБРМ работат на нови законски прописи Најзначајно е тоа што од оваа година во разработка и финиширање се нови законски прописи за унапредување на платниот систем во Македонија - сегмент кој е неопходен за да се создадат услови за воведување на пејпал сервисот. Новата планирана регулатива содржи прописи кои задоволуваат повеќе директиви од ЕУ и современтите платни системи. Со новите законски прописи кои би требало да се достават до Собранието во септември оваа година, ќе се привлече вниманието не само на Пејпал туку и на сите други светски платежни сервиси како Скрил на пример. Платниот систем ќе може да вклучи и организации кои не се финансиски во своето основно делување. "Откако ќе се усвојат законските прописи, ќе го информираме Пејпал и останатите за овие новини и ќе побараме да се отпочне business case за Македонија. Моја проценка е дека овој процес може да трае до три месеци." истакнува Глигоров . "Идеално би било Пејпал да го имаме во Македонија пред Нова година. Исто така моја проценка е дека процесот ќе оди побрзо ако имаме прием во НАТО и почеток на преговори со ЕУ." Со новите законски прописи што ќе се воведат овој Септември ќе се овозможи и други платежни провајдери да понудат услуги во Македонија Пејпал и другите не се ослонуваат директно на тоа одредена земја да има ЕУ и НАТО сојузништво, но секако дека следат дали одредена земја има раздвиженост на пазарот од политички и бизнис аспект - секако бараат и сигурност на нивната инвестиција. Колку и да изгледа чудно, за Пејпал воведувањето на сервис во одредена земја е инвестиција (во превод трошок) и е потребно да го знаат обемот на нивните приходи и расходи во наредни неколку години - пред да донесат одлука. На потег е прво Министерството, а потоа и Пејпал На крајот како резиме: и двете страни, и државата Македонија и Пејпал е потребно да направат прогрес, секој во својот делокруг за да третата страна, вредните производители и провајдери на услуги во Македонија имаат корист - корист ќе имаат и корисниците на светските пазари бидејќи непречено ќе можат да соработуваат со Македонија. Background информации Пред скоро една година се покрена приватна иницијатива за овозможување на Paypal за трговци и поединци-фриленсери во Македонија. Paypal е светски платежен сервисен провајдер преку кој може безбедно да се плаќа и да се примаат пари од секаде во светот за производи и услуги. Од 2014та година им се овозможи поединците и фирмите во Македонија да отвораат сметки во Пејпал за да вршат плаќање на трговски производи и услуги од светот. Пејпал не е возможен за примање на пари за производи и услуги на македонските производители, услужни организации и фриленсери. Повеќе за активностите околу PayPal има на линкот https://www.loginsystems.biz/aktivnosti-paypal . Венко Глигоров е основач и ко-сопственик на македонската компанија Логин Системи. Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница.  Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV. Повеќе за Логин Системи има на адресата  www.loginsystems.biz .

  • Новата генерација на Dynamics NAV

    Генералниот менаџер на Microsoft Dynamics 365 Business Central, Marko Perisic, зборува за новата генерација на Microsoft Dynamics NAV. Ова верзија на NAV ќе биде расположива и локализирана за пазарите во регионот кон крајот на годината. Видео: Marko Perisic talks about Microsoft Dynamics 365 Business Central #DynamicsNAV #msdynnav #msdyn365bc

  • Ник Кафе и Маркет од Стража со ПОС апликација на Логин Системи

    Скопје, 08.06.2018. Апликацијата на Логин Системи за ПОС работење е успешно инсталирана во ново-отворениот продажен објект "Ник кафе и маркет" на Стража. ПОС апликацијата е поврзана со централен сервер за сметководство и деловно работење базирано на Microsoft Dynamics NAV. Податоците од работењето на Ник Маркет се префрлуваат на централниот сервер и заедно се обработуваат со податоците од другите продажни објекти. Во Ник маркет може да се набават кондиторски производи, безалкохолни пијалаци како и сендвичи и кафе. Повеќе информации за ПОС апликацијата на Логин Системи има на блогот " ПОС апликација за ресторани, кафулиња и продавници ". Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на сметководствени и бизнис решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.  #DynamicsNAV #Сметководство

  • Видео: Материјално работење - картичка на артикл

    Основата на материјалното работење е артиклот. Во видео сесијата Евгенија Ѓорѓиева презентира за картичката на артиклот со Windows апликација за Dynamics NAV и со веб прелистувач. За повеќе информации: За материјално работење има на линкот тука . Преглед на повеќе видео сесии има на линкот тука или на нашиот YouTube канал на адресата https://www.youtube.com/channel/UCBRWBWdGjwUoaGApMiFRUbw. #DynamicsNAV #МатеријалноРаботење

Пребарај во блог-објавите ...

Пребарај низ форумот на Логин Системи

Ако не најде тоа што те интересира, прегледај ги изворите на следните линкови

MSD365BC.png
DYNAMICS NAV / 365 BUSINESS CENTRAL
Hands
ФОРУМ
Notebook
БЛОГ-ОБЈАВИ
Reading Icon
ПОДДРШКА
bottom of page