Резултати од пребарување
388 results found with an empty search
- Поефтини и навремени набавки без (не)намерни грешки
Дали имате „хаос“ со набавките? Дали мислите дека можат набавките да бидат средени и со пониски цени? Дали ви се случува да не можете да ги проверувате цените во набавните фактури во однос на договорените цени со добавувачите? Набавките се важна компонента во работењето на фирмите и организациите. Водењето на набавките се одвива во неколку фази. Ако овие фази се автоматизирани и се внесуваат во софтверски систем, организациите обезбедуваат навремени набавки со поефтини цени. Набавката почнува со иницирање на потреба од набавка - требување (види слика подолу). Ова требување ако се одобри се преминува на барање на понуди. Понудите се внесуваат во систем и се избира најповолната понуда. Избраната понуда се претвора во набавна порачка која се испраќа на понудувачот (добавувачот). Како се примаат производите/услугите за соодветната набавна порачка, се прави прием со набавна приемница која се книжи во системот и се ажурираат книгата на артикли/услуги како и залихата. Приемницата потоа се книжи финансиски систем при што се ажурира Главната книга од сметководството и книгата на добавувачи (картичките на добавувачи). Процес на набавки Каде се постигнува контролата на набавките? Прво, ако во требувањето се ставени ориентирни цени, може да се споредува со реализацијата на самото требување. Историјатот на набавките може да се споредува и да се утврдува кога има повисоки цени. Второ, набавките ќе се прават со претходно одобрување со што ќе се исклучат штетните набавки за компанијата било да се направени од намерни или ненамерни грешки. Трето, откако ќе се утврди најповолната понуда, тогаш цените што ќе бидат во фактурата од добавувачот може да се споредуваат со договореното со што и (не)намерните грешки на добувачите лесно ќе се „ловат“. На крајот, целиот овој процес ќе овозможи секогаш точни книги меѓу магацинското и финансииското работење. Работењето во систем ги прави вработените и менаџерите подисциплинирани и ги форсира да го планираат бизнисот, а потоа може да се споредува нејзината реализација. Софтверскиот систем треба да обезбедува и работа по „старо“ со директно книжење на набавката во главната книга за оние набавки кои се мали и незначителни или за набавките кои не влијаат на материјално-магацинското работење. Со вака поставените работи во системот компанијата или организацијата се овозможува конкретна реализација на ISO стандардите. Microsoft Dynamics NAV (од 2018та како Dynamics 365 'Tenerife' е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука. Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #Сметководство #DynamicsNAV #MK
- Битка или соработка меѓу сметководителите и фирмите
Што се случува ако фирмата одлучи да користи ERP решение со вградено сметководство и интегрирано комерцијално-материјално работење? Дали со тоа фирмата кажува збогум на сметководственото биро? На прва помисла, користењето на ERP решенијата кај малите фирми ќе ја намали работата на сметководствените фирми. Некои бироа стравуваат дека ќе ја изгугат работата со своите клиенти. Веројатно со право мислат така. Но дали користењето сметководство базирано на ERP не може да биде голема можност за дополнителни приходи на сметководствените бироа? Ако се анализира релацијата и сработката меѓу фирмите и сметководствените бироа, ќе се уочи дека сметководствените бироа испорачуваат четири групи на активности и одговорности. Такви групи се сметководствено-стручните работи (деловни, правни и сметководствени совети како и стручни книжења и изработка на ДДВ пријави и завршна пресметка). Друга група е поврзана со рутинско-внесувачки работи какви што се повторно прегледување и внесувањена документи и изготовка на извештаи. Со користење на ERP решенија внесувањето на документи си и нивното книжење во главната книга го прави самата. Исто така фирмата си ги "вади" извештаите извештаите директно од системот. Смектоводствената фирма може да ги проверува книжењата од време на време, да врши корективни и дополнителни книжења за деловни одлуки и да биде одговорна за ДДВ пријавата и завршната пресметка (види слика подолу). Прераспределба на активностите и одговорностите Со ваквата распределба, сметководствената фирма ќе се „раатиса“ од мануелната работа која има ниска вредност и ќе се остручи во давање на услуги со поголема вредност. Бидејќи обемот на мануелна работа потенцијално ќе опадне, сметководствената фирма ќе има слободни ресурси за опслужување на повеќе клиенти со пакети за сметководствен консалтинг, поддршка во сметководството како и одговорноста за завршната пресметка. Некои сметководствени фирми интересот ќе го најдат и во изнајмување на ERP системи на своите клиенти - пракса што веќе наголемо постои во земјите од Европската унија. Општо земено, ако се споредат традиционалното работење и работењето со хостирано ERP решение, ќе се увиди дека фирмите за истите пари или за приближно истите пари ќе имаат целосна контрола на сопствените податоци и ќе имаат ажурни и навремени извештаи. Наместо цело сметководство, тие ќе ги ангажираат сметководствените фирми за контрола во сметководството или поддршка на сметководството. Ако си сметководител и сакаш партнерство ... Со новиот начин, фирмата може да каже „збогум“ на двојни и тројни внесувања, различни несовпаѓачки извештаи, доцни анализи и слично. Со користењето на ERP, дел од фирмите што имаат интерно сметководство ќе можат да ги аутсорсираат овие активности со што ќе се зголемува работата на сметководствените фирми. На цена ќе дојдат квалитетните сметководители наместо сметководителите што имаат „брзи прсти“ да внесуваат документи во сметководствените програми. Се чини дека никогаш не било подостапно користењето на ЕРП систем од светска класа во Македонија. Забележлив е трендот кај некои сметководствени фирми кои веќе почнаа да се прилагодуваат на промените и нудат различни пакети наместо само целосно сметководство. Microsoft Dynamics NAV (од 2018та како Dynamics 365 'Tenerife' е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука. Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #Сметководство #DynamicsNAV #MK
- Дали има Ресурси за да се вика ERP софтвер?
Кратенката ERP содржи во себе планирање на ресурсите. Софтверите што се нарекуваат ЕРП треба да имаат функционалности за работа со ресурси. Enterprise Resource Planning, скратено ЕРП, е категорија на сметководствено-деловен и менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации. Клучното во кратенката ERP е планирањето на ресурсите. Значи, софтверите што се нарекуваат ЕРП освен сметководството, комерцијата и магацинското работење треба да имаат функционалности за работа со ресурси. Дали ги имаат? Ресурси Ресурс е извор или набавка од кое произлегува корист за индивидуата или организацијата. Во бизнисот ресурс се дефинира како услуга или друго средство што се користи за производство на производи и/или услуги кои ги задоволуваат потребите на организацијата и желбите на индивидуата. Како е во традиционалните програми за сметководство? Парите и машините се ресурси. Во стандардните апликации овие ресурси се евидентираат преку модули за благајна и изводи или преку модули за основни средства. Евидентирање значи нешто што се случило во минатото. Но, дали постојат функционалности за прогнозирање на иднината? Тоа што недостасува кај повеќето софтвери е водење на евиденција и планирање на персоналот (вработени и-или соработници) и машините во процесот на давање на услуги, производство или проектен менаџмент. Ваквите ресурси имаат своја продажна цена и свој трошок и нивните износи треба да се внесуваат во систем. Ако не постои ентитет Ресурс во софтверскиот систем, тогаш не може да се става капацитет на ресурсот, да се одредуваат различни цени за различен тип на активности и на крајот - не може да се вградува ресурсот во фактурите. Недостатокот од ресурси во функционалностите на софтверот фирмите го решаваат со општи термини во линиите на фактурите или користат конта за услуги. Кај основните средства пресметуваат само амортизација и толку. Во такви услови, анализата на искористеност на ресурсите или планирањето на капацитетите е речиси невозможно. Вистински ERP содржи ресурси Microsoft Dynamics NAV е целосен ERP систем кој во својата основа го содржи Ресурсот за додавање вредност кај производите или сервисирање, производство или водење на проекти. Користење ресурси во деловното работење Со ресурсот во Dynamics NAV е можно: Дефинирање на ресурс и одредување на продажна цена | > Планирање на капацитети | > Одредување на повеќратни трошоци | > Водење евиденција за искористено време | > Три битни работи што Dynamics NAV ги прави поврзано со ресурсите се работењето на сервис , производството и водењето на проекти . Во продолжение е пример за „богатството“ со опции во картичката за ресурс. Пример за картичка на ресурс Повеќе за функционалностите за ресурсите има на www.erp.mk/DynamicsNAV/pm/Resursi . Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на сметководствени и бизнис решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. #Сметководство #MK #DynamicsNAV
- 4 слоеви при набавка на нов софтвер за сметководство и деловно работење
Кога се набавува нов софтвер за сметководство и деловно работење, вообичаено прво прашање што го поставуваат заинтересираните фирми е колку пари чини. Ова е секако важен параметар во одлуката, но не е најдобриот приод при набавката. Колку пари чини ЕРП систем? Најчесто прво прашање ... Најправилно би било да се почне од листа на потреби и-или техничка спецификација. Тоа е најчесто документ кој дава слика за постоечката ситуација, за визијата и плановите за развој на фирмата и што се очекува од новиот софтвер, областите кадешто постоечкиот софтвер не ги задоволува барањата, и секако буџетот за инвестиција. Од искуство знаеме дека најлош приод е "сакам се'" и "веднаш" - и обично тоа се бара за мали пари. Износот на инвестицијата во нов софтвер за сметководство и деловно работење (ЕРП) ја одредуваат повеќето слоеви на додадена вредност прикажани на сликата за додадени вредности. Кусо кажано, постојат два типа лиценци и два типа на услуги. За да може да се користи Dynamics NAV, фирмата треба да набави лиценци за пристап и користење. Бидејќи Логин Системи го прошири Dynamics NAV со македонска локализација за да може да се користи во Македонија - потребно е да се набави лиценца за локализација и надополнувања. Лиценците и софтверот за сметководство се инсталираат и прилагодуваат на потребите на фирмата-корисник. Тука спаѓаат и услуги за едукација за користење на ЕРП решението. Софтверот Dynamics NAV може да работи на сервер во самата фирма или да работи во клауд - и во двата случаи корисникот избора пакет за одржување кој го осигурува дека ако има застои во работата, Логин Системи ќе биде на готовс за поддршка. Да ги проследиме подетално четирите слоеви (заради поедноставување на блогот, Dynamics NAV го сметаме како еден слој иако има стандарден и напреден пакет) од Dynamics NAV . 1 Лиценци за Microsoft Dynamics NAV Системот за сметководство и деловно работење, Microsoft Dynamics NAV, доаѓа во две пакувања: стандардно и напредно (или Starter Pack и Extended Pack следователно). Некои корисници имаат потреба само од Starter Pack, а некои корисници имаат потреба од стандардните функционалности плус производство, сервис и други напредни опции и затоа покрај Starter Pack се одлучуваат и на Extended Pack. За да може да се пристапи на функционалностите од Dynamics NAV, корисникот може да ги набави клиентските лиценци или да се претплати на клиентски лиценци по пат на месечна претплата (рентање). Моделот на рентање вклучува три вида на лиценци – SAL (Subscriber Access License – лиценца за пристап по пат на претплата). ВАЖНА НАПОМЕНА Dynamics NAV вклучува една бесплатна лиценца за надворешното сметководство (ако фирмата има надворешно сметководство) за потребите на ревизијата или дополнителните сметководствени услуги. Исто така во Dynamics NAV е вклучена и една бесплатна лиценца за имплементаторот - фирмата која го поставува и одржува решението кај корисникот и во конкретниот случај тоа е Логин Системи. Цени за лиценците се прикажани на линкот тука ... 2 Македонска локализација и надополнувања од Логин Системи Секоја земја има свои прописи и правила за водење на сметководството, финансиите, магацинското работење и соодветните извештаи према службите во Управата за јавни приходи и други државни органи. Логин Системи ги разви сите неопходни работи поврзани со книжењето какви што се налози за книжење, црвено сторно и ограничување на страната на контата. Покрај македонската локализација, Логин Системи разви дополнителни модули и функционалности за да го комплетира системот Dynamics NAV за потребите на македонските организации. Овие надополнувања го олеснуваат или забрзуваат работењето со NAV во сегменти како што се платите, договорите со вработени, компензација, ситен инвентар, службени патувања, каматни листи или малопродажба. Цени за пакетите за македонска локализација се прикажани на линкот тука ... 3 Имплементирање и пуштање во употреба За да може да се користи системот, потребно е да се изведат активности кои ќе ја поврзат инфраструктурата, Dynamics NAV, македонската локализација и надополнувањата во една целина. Исто така е задолжително да се стават почетните состојби на контатата, кај купувачите и добавувачите, статус на основните средства и ситниот инвентар, листата на вработени и залихите. Покрај ова, Логин Системи ги обликува најосновните документи на организацијата какви што се продажба фактура, набавна фактура, приемници, испратници и издатници. Имплементирање на ЕРП системот вклучува услуги на планирање, дизајн, развој, поставување, документирање на изработката и обука на решението. Листата на услуги при имплементирање се прикажани на линкот тука ... 4 Хостирање и одржување Под одржување спаѓаат сите исправки и корекции од страна на Microsoft за Dynamics NAV како и услугите на одржување на целосниот систем од страна на стручниот тим на Логин Системи. Договорот за одржување ги обезбедува корисниците дека ако се јави проблем од било која природа поврзана со Dynamics NAV, Логин Системи ќе почне да работи на решавање на проблемот во рок од еден работен ден. За различните барања на корисниците Логин Системи нуди различни нивои на сервисни услуги. Листата на услуги за хостирање и одржување се прикажани на линкот тука ... Правење понуда Правењето понуда за ЕРП систем, освен ако не е барање од мала фирма со стандардни функционалности, е процес во кој активно учество зема заинтересираната фирма и Логин Системи. Ако инпутот е добар, понудата ќе биде добро подготвена за да ги задоволи барањата на фирмата. Златно правило: Колку постандардно, толку поефтино. Или, стартувај стандардно, а потоа надградувај прво најнеопходното. Корисни линкови На следните линкови може да се добијат повеќе информации и да се оствари контакт со Логин Системи. Функционалности на Microsoft Dynamics NAV Консултации за избор на решение Барање за понуда Цени за ЕРП решение Форум: рубрика за сметководство Форум: рубрика за Dynamics NAV #DynamicsNAV #MSDyn365BC
- Пред фактите и боговите молчат. Споредба на сметководствени програми во Македонија.
За да ја олесниме одлуката на купувачите при инвестирањето во програм за сметководство и деловно работење, анализиравме четири софтверски решенија од производители што се присутни на македонскиот пазар (Datalab, Зонел, Инфо-биро и Microsoft со имплементација и одржување од Логин Системи). За потребите на овој блог-пост ги одбравме производите за кои има доволно јавни податоци на Интернет и за кои има информации за изборот на параметри и карактеристики (подолу се прикажани во листа). Иако Dynamics NAV е производ на Microsoft, тој е прилагоден за работа во Македонија и дополнет со многу корисни опции од страна на Логин Системи - затоа во графата на производител се наоѓа и Логин Системи. Битно е да се одбележи дека во насловот на некои од програмите стои дека се ЕРП (ERP) системи, но не сите софтвери целосно ги задоволуваат критериумите за оваа категорија. За да се одреди некој софтвер дека е ЕРП систем треба да задоволува најмалку еден критериум - да има ентитет што се нарекува „Ресурс“ во самиот програм. Повеќе за карактеристиките за ЕРП решенијата има на блог постот „ Дали има Ресурси за да се вика ЕРП софтвер? “. При споредбата на софтверите ги одбравме следните параметри и карактеристики на истите: Популарност во користење. Овој параметар ја покажува општата прифатеност на решението во Македонија и во светски рамки. Бројот на корисници уверува во вграденото знаење во самото решение и во стабилноста на производот и услугите. Распространетост во свет. Во услови на глобален пазар и можноста на македонските компании да освојуваат нови пазари и отвораат претставништва, софтверот овозможува сите вработени во различните делови од светот да користат едно единствено решение за сметководство и деловно работење. Употреба на говорни јазици. Фирмите и организациите вработуваат луѓе кои говорат различни јазици и софтверското решение (треба да) овозможува користење на различни јазици за еден ист програм. Уреди за користење и оперативни системи. Мобилноста на дел од вработените и менаџерите изискува тие да го користат програмот на уреди, места и во време кое најмногу им одговара. Цени за месечно користење. На крајот се' се сведува на обемот на инвестиција и издатоци за одржување наспроти придобивките кои се добиваат изразени во пари и/или добиени зделки или на намалени трошоци на работење. Месечното одржување се покажува како атрактивна понуда на компаниите да ја избегнат почетната инвестиција или да ја сведат на минимум. Овој блог е отворен за информации од други производители и истите може да се споделат во коментари подолу во постот. Во случај да има понови податоци за горенаведените фирми со задоволство може да ги ставиме во овој пост за да се има поточна претстава во споредбите. 1 Популарност во користење Популарноста се мери со број на фирми и организации што го користат решението. Со преку 160.000 фирми и организации, Dynamics NAV е убедливо најпопуларниот сметководствен софтвер во однос на другите фирми. Исто така се мери и бројот на лиценци кои се во употреба - број на лиценци укажува на тоа колку вработени го користат соодветното решение. Dynamics NAV има преку 2.7 милиони корисници во светот и оваа бројка е убедливо подобра од другите. Бидејќи не се гледа добро на графикот погоре, програмот Хеликс има 5100 лиценци, а CFMA на Инфо-биро има 2500 лиценци. Бројот на лиценци за Хеликс и ЦФМА се претпоставени бројки бидејќи на нивните сајтови не пишува кој е нивниот точен број. 2 Распространетост во светот Во услови на глобален пазар и можноста на македонските компании да освојуваат нови пазари и отвораат претставништва, софтверот овозможува сите вработени во различните делови од светот да користат едно единствено решение за сметководство и деловно работење. Dynamics NAV се користи во 195 земји во светот - речиси сите. 3 Употреба на говорни јазици Фирмите и организациите вработуваат луѓе кои говорат различни јазици и софтверското решение (треба да) овозможува користење на различни јазици за еден ист програм. 4 Уреди за користење Во денешно време, работа на мобилни уреди не е убаво-да-се-има туку е една од приоритетните работи. Со мобилните уреди менаџерите и вработените може да прегледуваат состојби на конта, залихи или купувачи/добавувачи, да испраќаат извештаи, да одобруваат документи. Секако дека може и процесираат продажни порачки на лице место од кај купувачите. Microsoft Dynamics NAV е единствениот програм од групата на програми што се споредуваат што има решение за мобилен телефон. Погледнете го видеото подолу ... Видео: Работа со Dynamics NAV на мобилен телефон Во оваа категорија Dynamics NAV покажува надмоќ во однос на конкуренцијата. 5 Цени за месечно користење Од горенаведените софтвери во моментот имаме само информација за месечно користење на Datalab Pantheon и Microsoft Dynamics NAV. Споредбата на цените се прави за приближно исти функционалности - сепак Dynamics NAV е многу побогат со алатки и функционалности, има многу повеќе конфор во работата и многу поквалитетна/посеопфатна изработка на модулите. Исто така Dynamics NAV работи на многу повеќе разновидни уреди и оперативни системи. Цените се изразени во денари и не е вклучен данокот на додадена вредност (ДДВ). Извор за цените: веб сајт на Datalab Pantheon , веб сајт на Логин Системи за Microsoft Dynamics NAV . Покрај цените на лиценците, можни се дополнителни издатоци за пуштање во функција на системот, дополнителни кастомизации, мигрирање на податоците и одржување на решението. Рекапитулар Споредбите покажуваат дека Microsoft Dynamics NAV е најсеопфатен и најраспространет софтверски пакет за сметководство и деловно работење (ERP). Тој е квалитетен производ кој е прилагоден на македонските закони и прописи. Македонскиоте корисници имаат повеќе од 10 години искуство во работата со Microsoft Dynamics NAV. Како што може да се увиди, Dynamics NAV е победник во сите категории, а во цените е конкурентен со другиот софтвер што нуди месечна претплата. Прегледај ги другите споредби на сметководствените програми: Почетни екрани на програмите за сметководство и деловно работење Споредба на Артикли меѓу конкуренцијата за деловни софтвери Споредба на Вработени меѓу конкуренцијата за деловни софтвери Налог за книжење: Инфо-биро или Логин Системи на Dynamics NAV (вклучува и налог за книжење од Пантеон) Ако некој сака да презентира друг сметководствен програм, топло препорачуваме и го охрабруваме да го стори тоа во коментарот на овој пост. Напомена: Во презентирањето на другите програми и компании се водевме од начелото за фер претставување и наведување на изворот од каде сме ги презеле податоците. Ако горенаведените компании имаат подобри слики или имаат понови верзии од претставените, со задоволство ќе ги објавиме ако ни се обратат. Алтернативно, може екраните да се постават во коментар директно на овој пост. ### Извори и повеќе информации за производителите/провајдерите: Microsoft www.microsoft.com Логин Системи www.LoginSystems.biz Даталаб www.datalab.com.mk Зонел www.zonel.com.mk Инфо-биро www.infobiro.com.mk #DynamicsNAV #Сметководство #ДеловенСофтвер #ERP #СпоредбаКонкуренција
- Опција за миграција од постоечки во нов светски сметководствен систем
При преминувањето на нов сметководствен софтвер или ERP систем, еден од главните предизвици на фирмите и организациите се историските податоци односно податоците од претходниот сметководствен програм. Овој процес се нарекува уште и "миграција на податоците" (анг. data migration). Генерално на располагање постојат три опции: (1) почеток само почетни состојби, (2) сите податоци/трансакции, и (3) старите податоци коегзистираат во новиот систем. Почеток само почетни состојби Со оваа опција се генерираат бруто биланси и други завршни извештаи во постоечкиот програм и почетните состојби се ставаат во новиот ERP систем базиран на Dynamics NAV. Оваа опција е наједноставна и најефтина за изведба. Целосно мигрирање на сите податоци Оваа опција е најсложената и во некои случаи може да биде неизводлива ако претходниот систем не нуди стандардизирани опции за пристап до податоците или извезувањето на податоците од претходниот систем не се прави во табеларни структури какви што се Excel или текстуални фајлови со издвоени колони. Старите податоци коегзистираат со новите Оваа опција е комбинација од првата и втората опција. Имено, во системот се поставуваат почетните состојби од претходниот систем, а најважните податоци од претходниот систем се увезуваат во новиот систем на посебно место за да коегзистираат. На сликата подолу е претставено кои картички се увезуваат во новиот систем: главна книга, купувачи, добавувачи, артикли, услуги и банки. Основните средства се вчитуваат со своите почетни состојби. Наместо да се користат паралелно два системи за сметководоството (старо и ново) заради преглед на историските податоци, оваа функционалност овозможува податоците од старото сметководство да бидат увезени и на располагање за преглед заедно со другите нови податоци во Dynamics NAV (види слика подолу). "Старите" податоци се расположиви на клик. Стари и нови броеви на купувачи, добавувачи и конта Ако организацијата ги промени броевите на купувачи и добавувачи, функционалноста на Логин Системи овозможува поврзување на броевите така што во претходните книги ќе ги користат старите броеви, иако се повикуваат од новите броеви. Третата опција е најбараната бидејќи новите податоци се користат во секојдневното работење, а старите податоци коегзистираат во новиот систем и се на располагање заедно со другите команди на Dynamics NAV. Која опција да се одбере? Ова најмногу зависи од буџетот што го има организацијата што прави премин од еден во друг систем. Ако организацијата има голем буџет и инсистира на целосно мигрирање на податоците, секако дека оваа опција е најдобрата - со исклучок дека можно е претходниот систем да нема многу можности за "вадење" на податоците од истиот. Ако организацијата нема потреба од претходните податоци, тогаш најдобра опција е првата - вчитување само на почетните состојби. Ако организацијата има потреба повремено да ги гледа податоците од претходниот систем, а не сака да го обременува новиот систем со стари податоци, тогаш третата опција е најоптималната. Во табелата подолу се дадени споредбените карактеристики на трите опции за премин од стар во нов ERP систем. Совет при одлука за премин Пред да одлучите за било која опција, потребно е да се праша провајдерот на постоечкиот систем во кој формат се наоѓаат податоците (база на податоци или фајлови), колкава е големината на податоците и дали податоците се запишани во некој стандард за да може истите да се извлечат од системот. Корисно Може да закажете бесплатен термин за консултации тука. Опис на функционалности во Dynamics NAV #Сметководство #msdynnav #msdyn365bc
- Трајни лиценци или месечно изнајмување на софтвер
Постои дилема: дали да се купи деловен простор или да се изнајмува? Исто е кај лиценцирањето на софтверот ... Секоја организација има различни афинитети и интереси. Лиценца е право на пристап и користење на софтверско решение или софтверска функционалност. Постои лиценца за користење на целосно решение, серверска лиценца и-или клиентска лиценца. Општо за лиценцирање Лиценцирањето за Microsoft Dynamics NAV licensing е креирано така да овозможи на фирмите да почнат прво со сметководство и финансии заедно со менаџментот на дистрибуцијата (продажба, набавки, складиштење). Потоа може да се премине на понапредно користење. Целосното решение на Microsoft може да се лиценцира најмалку со една, а највеќе со четири клучни компоненти: Почетен пакет (анг. Starter Pack), Проширен пакет (анг. Extended Pack), Целосен корисник (анг. Full User) и Лимитиран корисник (анг. Limited User). Постојат и дополнителни конфигурациски компоненти и компоненти на фирмата што го имплементира решението. За користење на Microsoft Dynamics NAV (или Microsoft Dynamics 365 Business Central) е потребно да се лиценцираат: Функционалноста на решението, и Пристапот до функционалноста на решението за самите корисници (вработени) Два модели на лиценцирање Постојат два лиценцни модели на Microsoft Dynamics NAV кои нудат едноставно и флексибилно искуство во набавката. Модел на Трајни лиценци Трајното лиценцирање (анг. Perpetual Licensing) за Microsoft Dynamics NAV е креирано за малите и средни бизниси да почнат со прифатлива однапред-одредена цена и вградена функционалност. Со ова лиценцирање, корисниците го лиценцираат користењето на функционалноста за ЕРП, а пристапот до функционалноста ја обезбедуваат со лиценцирање на корисниците. Лиценците се во трајна сопственост на фирмата, а во сметководството се книжат како основно средство ако е поголем износ или како оперативен трошок. Предноста на овој тип на лиценцирање е што се плаќа за истовремена употреба на корисници. На пример, фирмата може да има 30 вработени кои ќе го користат решението, а да набави само 10 лиценци бидејќи во исто време максимално 10 вработени го користат решението. Модел на Месечно изнајмување Месечното изнајмување (анг. Subscription Licensing) или месечната претплата за Microsoft Dynamics NAV е креирана да се помогне на малите и средни организации да почнат со минимални трошоци на принципот на тарифа за "секој корисник по месец". Со ваквото лиценцирање се постигнува намалена инвестиција за почнување, а се користат сите вградени функционалности. Лиценците траат додека трае "киријата" и се третираат во сметководството како оперативен трошок. Споредби И двата лиценцни модели имаат свои предности и недостатоци. Подолу се прикажани клучните разлики и особености на двата модели за лиценцирање. ВАЖНА НАПОМЕНА Кај месечното изнајмување, Dynamics NAV вклучува една бесплатна лиценца за надворешното сметководство (ако фирмата има надворешно сметководство) за потребите на ревизијата или дополнителните сметководствени услуги. Исто така во Dynamics NAV е вклучена и една бесплатна лиценца за фирмата која го поставува и одржува решението кај корисникот – во конкретниот случај тоа е Логин Системи. Најнови информации и цени за лиценците има на страната " Лиценцирање на ERP ".
- Три најчитани написи за стратегија и менаџмент на форумот на Логин Системи
Случајно или не, најчитани написи на форумот во рубриката за стратегија и менаџмент се поврзани со теми на три нивои: (1) личен менаџмент/лидерство, (2) компаниски менаџмент и (3) стратегија на државно ниво во одредена област. Проследете ги подолу за најчитаните написи од форумот за стратегија и менаџмент на Логин Системи. Личен менаџмент стил Во написот " (Би)вол стадо или лет на полските гуски " се презентираат разликите во стилот на менаџмент базиран на стадото биволи и летот на гуските е голем. Со парадигмата на јатото од гуските, може лесно да се увидат придобивките од засилениот "тимски" приод каде што секој е вовлечен во активности за групата да може да стигне до посакуваната одредница. Написот можете да го прочитате тука . Управување со компанија со историски показатели и водечки индикатори Во написот " Историски показатели или водечки индикатори? " пишува за значењето на финансиските и нефинансиските показатели при водење на бизнис, а посебно на соодветниот микс од историски показатели и водечки индкатори. Историскиот показател без соодветен водечки индикатор нема да даде никаква насока како да се постигне посакуваниот резултат. Слично важи и за водечки индикатор без историски показател - водечкиот индикатор ќе покажува дека нешто се работи, но без да се знае дали тоа го постигнува соодветниот резултат. Повеќе може да се прочита во написот тука . Стратегија во градење правосудство во Македонија со користење на моделот од Шкотска Во написот " Стратегија: Градење правосудство во МК со моделот на Шкотска " се објаснува како може да се изгради правосуден систем со користење на школски пример од Шкотска. Шкотска е релативно мала земја и може да се земе како модел со принципи врз кој ќе се гради правосудниот систем во Македонија. Секако дека процесот на воспоставување на правосуден систем не е едноставна работа. Но исто така не е сложена работа ако се прави врз основа на визија, темели (принципи и вредности), и стратегија кои потоа се преточуваат во добар стратешки и оперативни планови за изведба. Повеќе може да се прочита во написот тука . Зачленување на форумот или преглед на членовите се прави на страницата тука . Го посакуваме вашето активно или пасивно учество на форумот на Логин Системи.
- Директна и ефикасна миграција во Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central
Надградбата од Dynamics NAV 2009 или од кој било друг сметководствен програм на најновите верзии Dynamics NAV 2018 или Microsoft Dynamics 365 Business Central може да биде многу сложен и долготраен процес. Ако решението во Dynamics NAV 2009 содржи многу кастомизации и дополнителни полиња, тоа може да биде многу отежнувачка мисија. Постојат повеќе видови на миграција на податоците и за тоа пишував во блог постот " Опција за миграција од постоечки во нов светски сметководствен систем ". Во овој блог пост ќе пишувам за целосна миграција на податоците во новите верзија за MIcrosoft Dynamics NAV / 365 Business Central. Логин Систем разви приод со директен премин кон новите верзии со миграциските алатки на Логин Системи. Типичен приод кон надградба на ERP систем Microsoft Dynamics Типичен начин на надградба на решенија базирани на NAV 2009 е да се користат чекорите што се препорачани од Microsoft преку надградба на апликацискиот код и податоците верзија по верзија. Тоа се прави со неколку чекори и многу пот-чекори. Надградбата се прави прво од NAV 2009 во NAV 2013 R2 при што се мигрира апликацијата и податоците. Потоа се прави надградба на апликацијата и податоците од NAV 2013 R2 во NAV 2018 CU2, па на крајот да се надгради до NAV 2018 последен апдејт или Microsoft Dynamics 365 Business Central. Приод преку директно мигрирање само-на податоците Логин Системи разви начин на надградба на претходните верзии од Dynamics NAV преку директен пренос само на податоците кон најновите верзии на Microsoft Dynamics NAV или Microsoft Dynamics 365 Business Central. Со овој приод компанијата ќе има чиста верзија на Dynamics NAV / 365 и ќе може да ги надгради само неколкуте хоризонтални кастомизации или надополнувања. Бидејќи се инсталира чиста нова верзија од ЕРП решенито, компанијата ќе може едноставно да постави нови вертикални модули од различни производители на софтвер. Процес на миграција Процесот на миграција е типично проектен со неколку фази. Прво ја анализираме податочната структура на постоечкото решение што треба да се надгради. Со компанијата зборуваме која информација е задолжителна, што е пожелно, а што не треба да се префрлува. Потоа го дизајнираме решението со алатките за миграција. Следен чекор е изведба на трансферот на податоци чекор по чекор (ставки во главна книга, листи и регистри/налози за книжење). Овој чекор се изведува во неколку часови или денови и зависи од големината на базата и бризната на компјутерската мрежа од едниот сервер до другиот. Придобивки од начинот на директна миграција на податоците со алатките на Логин Системи Со користењето на алатката за миграција на податоците од Логин Системи некои корисници на домашен софтвер (Зонел, Инфо-биро, Дуна, Акцент, ...) или други ЕРП решенија (Sage, Oracle, Пантеон, и др.) може да мигрираат на најновите технологии за ЕРП од Microsoft. Сега главната пречка за премин кон Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central може да се изведе со овие алатки и да се зачуваат битните информации од претходниот систем. Миграциските алатки на Логин Системи се испробан концепт и се искористени при миграцијата во неколку компании во Македонија и Косово. Опции за миграција https://www.loginsystems.biz/news/migracijastaripodatocivonav Содржината на блог-постот е иницијално објавен на страната https://www.loginsystems.biz/migracija-na-stari-podatoci. #msdynnav #msdyn365bc #сметководство
- Електронско банкарство: Увоз на изводи
Како да се внесат изводите од банките директно во сметководствениот или комерцијалниот програм? Брзото внесување на уплатите од своите купувачи е императив за фирмите и организациите затоа што од тоа најчесто зависи квалитетот на услугата и задоволството на купувачите. Ако фирмата има начин веднаш да ги внесува уплатите и да ги раскнижува продажните фактури на купувачите, ќе биде во можност побрзо да ги испорачува производите и услугите. За разлика од порано кога сите уплати кон фирмата се евидентираа во извод кој фирмата требаше да го подигне од банката, сега постои услуга кај банките за електронско преземање на дневниот извод на уплати и исплати на фирмата. Ова преземање се прави со download во фајлови со најчестите формати какви што се текстуален фајл, PDF и/или Excel. Потоа овие изводи се внесуваат во сметководствениот или комерцијалниот програм и се изведува спојување на овие плаќања со набавните и продажните фактури. Наместо рачно внесување на изводите во програмот, Microsoft Dynamics NAV има функционалност за увезување на текстуалниот фајл од банката и автоматско раскнижување во картичките на купувачите и добавувачите. Оваа операција се изведува на следниот начин: Во Дневникот на документи се избира командата Увоз-извоз од/во Дневник ... Во прозорецот за дијалог се избираат потребните параметри какви што се насоката (увоз или извоз), дали увезените податоци ќе се додадат или ќе ги заменат постоечките податоци, банката од која е земен изводот, насоката (дали само уплатите, само исплатите или и двете) и бројот на документ под кој ќе се книжат овие уплати во главната книга. Самиот број на изводот се зема од податоците во изводот и се запишува во број на екстерен документ. Откако ќе се подеси бараното во претходниот прозорец, се избира фајлот кој е претходно преземен од банката. Со потврда на избраниот фајл, изводот се вчитува во Денвникот на документи во категоријата Налози за книжење и тип на документ Плаќања. Се проверуваат линиите од дневникот и евентуално се дополнуваат со повикувачки броеви или се исправаат веќе увезените. Повикувачките броеви се важни за да може кога се книжат плаќањата, програмот да ги поврзе плаќањата со соодветните фактури. Некои корисници на Dynamics NAV имаат подесено раскнижувањето да оди од најстарите фактури кон поновите - тоа секако зависи од типот на бизнисот или од преференцата на сметководството. Инаку, концептот со Дневник на документи може да се прегледа од шематски приказ на увоз на фајлови кој е претставен на наредната слика. Повеќе за ова има во блогот тука . Шематски приказ на увоз на документи и книжење Во некои од наредните блогови ќе ја прикажеме целата постапка со видео сесија. Microsoft Dynamics NAV 2017 е најсеопфатниот интегриран ERP систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Формирана во 1991, Логин Системи е македонска компанија со мешовит македонски и американски капитал со специјалност во изработка на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV. Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе информации за Логин Системи може да се добијат на www.loginsystems.biz/za-nas. #Сметководство #MK #DynamicsNAV
- Од понуда до кеш на интегриран начин
Продажбата е еден од клучните процеси во секоја компанија. Колку побрзо се одвива процесот на испорака и фактурирање, толку побрзо ќе се создадат услови за прием на пари за возврат на продажбата на производот или услугата. Ако маркетингот генерира лидови (можности за продажба), во продажбата се прават понуди, се врши преговарање и се договара лидот - за потоа да има испорака на договореното. Ако во инката, слика подолу, се креираат многу можности и истите не можат да се преточат во реализација, тогаш најверојатно се работи за слаба продуктивност на продажниот дел или хиперпродуктивност на маркетинг делот. Автоматизирањето на процесот на продажба и целосното следење на истиот во сите фази е императив за модерните организации. Во денешно време да работиш одвоено е ... споро и скапо Лично, ме изненадува како сериозни средни (за наши услови) и поголеми мали фирми работат одвоено: најчесто, во еден програм прават понуда, во друг програм прават фактури, во трет програм вршат прием и испорака на производи, а често во четврт програм водат евиденција на уплати. Згора на се', потоа сето тоа треба да се прокнижи во сметководството. Премногу комплицирано и со огромна веројатност за грешки во одлучувањето заради несинхронизирани податоци. Во пракса, овие одвоени активности се викаат програм за материјално работење, програм за сметководство и програма за комерцијално работење. Понудите обично се прават во Microsoft Office со урнеци во Word или во Excel - сум сретнал понуди и во Power Point. Концепт за интегрирано работење Концептот за интегрирано работење во продажбата е применет во софтверските решенија кои се нарекуваат ERP решенија. За да го доближам овој концепт поблиску до праксата, во оваа блог-објава ќе пишувам за процесот на продажба со поткрепа на софтверскиот пакет Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central. Business Central е деловен ERP систем на Microsoft за интегрирано работење на сите витални функции во компанијата. Како изгледа изведбата од понуда во кеш, тогаш? Автоматизиран продажен процес Правење понуда Функцијата на маркетингот е да генерира интерес за производи и услуги што ги нуди компанијата. Откако некој ќе ја контактира компанијата, потребно е да се изработи понуда . Ако потенцијалниот купувач има потреба од редовни месечни набавки, тогаш продажното лице креира рамковна порачка . Продажна порачка Во случај заинтересираниот потенцијален купувач или редовен муштерија ја прифаќа понудата или рамковната порачка, продажното лице креира продажна порачка и ги внесува евентуалните забелешки и измени од понудата. Потоа ја праќа продажната порачка за прифаќање од страна на потенцијалниот купувач бидејќи може да има некои несогласувања или недоволно прецизирани работи. Изведба на продажбата со испратница и ажирирање на залихата Оној момент кога потенцијалниот купувач ќе ја потврди порачката, компанија преминува на нејзина реализација. Ако има испорака на производи, истите се испорачуваат и за нив се креира испратница . Испратницата се книжи и одложува во книга на книжени испратници. При тоа се ажурира залихата и заради тоа што има промена во залихата, автоматски се ажурира во Главната книга и се ажурираат салдата на контата во Сметковниот (контен) план . Фактурирање и книжење на финансискиот дел Кога купувачот ја потпишува испратницата и ги прима производите, продажното лице или магационерот или финансовиот оперативец ја книжи продажната фактура и му ја доставува на купувачот (или ја праќа по пошта, а може и по емаил согласно законите во Македонија). При книжењето на фактурата, таа се одложува во книгата на книжени продажни фактури, воедно се ажурира салдото на купувачот и се ажурира неговата картичка (книга) со финансиски износ. Сублимат од книжењето на фактурата се ажурира во Главната книга и како трансакција и како салда на соодветните конта за купувачи и за приходи . Наплата на фактурата Кога купувачот ја плаќа фактурата, истата се заведува во софтверскиот програм при што се ажурира картичката на купувачот и соодветното конто на сметката во банка. Ако случајно купувачот „заборави“ да плати, тогаш компанијата може да испрати потсетник за плаќање (да не речам - опомена) или да прати Извод на отворени ставки . За потсетникот имаме направено објава на форумот, а за изводот на отворени ставки имаме изготвено видео сесија - кликнете на горните линкови за повеќе. Ако сакате истово погоре но и повеќе од тоа, да го проследите визелно, снимивме и видео сесија. .Видео: Концептуално за продажбата #продажба #наплата #msdynnav #msdyn365bc Кои теми сакате да ги напишам во блог? Сугестии и коментари подолу ... Благодарам!
- Хибриден работен простор
Пандемијата го промени начинот на кој работиме и нема враќање назад. Во својот главен говор на конференцијата Microsoft Ignite 2021, Џаред Спатаро, Мајкрософт 365 CVP, споделува еден „ден во канцеларија“. Тој објаснува за некои нови функции и дава стручни совети кои го прават Microsoft Teams алатка која создава човечност во работењето од далечина. За многумина, 2020 година беше годината во која работата се префрли во облакот и ќе се потребни повеќе решенија базирани на облак-технологијата за да држи чекор со времето. Погледнето го видеото од предавањето подолу. Видео: Хибриден работен простор #teams #microsoft














