Трајни лиценци или месечно изнајмување на софтвер | 📢 Login Systems | 🔖 Блог
top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

блог

Трајни лиценци или месечно изнајмување на софтвер

Постои дилема: дали да се купи деловен простор или да се изнајмува? Исто е кај лиценцирањето на софтверот ... Секоја организација има...

пишува:

Angel Face

Автор

27.12.2021

Notebook and Fountain Pen

категории

Трајни лиценци или месечно изнајмување на софтвер

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif

Постои дилема: дали да се купи деловен простор или да се изнајмува? Исто е кај лиценцирањето на софтверот ... Секоја организација има различни афинитети и интереси.




Лиценца е право на пристап и користење на софтверско решение или софтверска функционалност. Постои лиценца за користење на целосно решение, серверска лиценца и-или клиентска лиценца.


Општо за лиценцирање


Лиценцирањето за Microsoft Dynamics NAV licensing е креирано така да овозможи на фирмите да почнат прво со сметководство и финансии заедно со менаџментот на дистрибуцијата (продажба, набавки, складиштење). Потоа може да се премине на понапредно користење.


Целосното решение на Microsoft може да се лиценцира најмалку со една, а највеќе со четири клучни компоненти: Почетен пакет (анг. Starter Pack), Проширен пакет (анг. Extended Pack), Целосен корисник (анг. Full User) и Лимитиран корисник (анг. Limited User). Постојат и дополнителни конфигурациски компоненти и компоненти на фирмата што го имплементира решението.


За користење на Microsoft Dynamics NAV (или Microsoft Dynamics 365 Business Central) е потребно да се лиценцираат:

  • Функционалноста на решението, и

  • Пристапот до функционалноста на решението за самите корисници (вработени)


Два модели на лиценцирање


Постојат два лиценцни модели на Microsoft Dynamics NAV кои нудат едноставно и флексибилно искуство во набавката.


Модел на Трајни лиценци

Трајните лиценци како зимзелени дрвја
Трајните лиценци како зимзелени дрвја

Трајното лиценцирање (анг. Perpetual Licensing) за Microsoft Dynamics NAV е креирано за малите и средни бизниси да почнат со прифатлива однапред-одредена цена и вградена функционалност.


Со ова лиценцирање, корисниците го лиценцираат користењето на функционалноста за ЕРП, а пристапот до функционалноста ја обезбедуваат со лиценцирање на корисниците.


Лиценците се во трајна сопственост на фирмата, а во сметководството се книжат како основно средство ако е поголем износ или како оперативен трошок. Предноста на овој тип на лиценцирање е што се плаќа за истовремена употреба на корисници. На пример, фирмата може да има 30 вработени кои ќе го користат решението, а да набави само 10 лиценци бидејќи во исто време максимално 10 вработени го користат решението.



Модел на Месечно изнајмување

Месечното изнајмување како листопадните дрвја - сезонски
Месечното изнајмување како листопадните дрвја - сезонски

Месечното изнајмување (анг. Subscription Licensing) или месечната претплата за Microsoft Dynamics NAV е креирана да се помогне на малите и средни организации да почнат со минимални трошоци на принципот на тарифа за "секој корисник по месец".


Со ваквото лиценцирање се постигнува намалена инвестиција за почнување, а се користат сите вградени функционалности.


Лиценците траат додека трае "киријата" и се третираат во сметководството како оперативен трошок.



Споредби


И двата лиценцни модели имаат свои предности и недостатоци. Подолу се прикажани клучните разлики и особености на двата модели за лиценцирање.


Клучни факти за трајните лиценци и лиценците со изнајмување
Клучни факти за трајните лиценци и лиценците со изнајмување


ВАЖНА НАПОМЕНА Кај месечното изнајмување, Dynamics NAV вклучува една бесплатна лиценца за надворешното сметководство (ако фирмата има надворешно сметководство) за потребите на ревизијата или дополнителните сметководствени услуги. Исто така во Dynamics NAV е вклучена и една бесплатна лиценца за фирмата која го поставува и одржува решението кај корисникот – во конкретниот случај тоа е Логин Системи.


Најнови информации и цени за лиценците има на страната "Лиценцирање на ERP".



1 comment
LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Product LS

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page